Ознака: Студенчишта

Повторно се излеваат отпадни води во езерото кај каналот Студенчишта

Post Views: 0 Итно да се стопира загадувањето на Охридско Езеро кај месноста „Мазија“ повикуваат од граѓанскатата иницијатива Охрид SOS. Во отворено писмо до градоначалникот Кирил Пецаков, бараат да се спречи загадувањето на езерото. Еколошките активисти потсетуваат дека Охридското Езеро  покажува алармантни знаци на еутрофикација, а секое неделување во насока на сузбивање на изворите на загадување е неприфатливо. Во 21 век во пределот на „Студенчишта“ и „Билјанини извори“ во срцето на исклучително важно место за биолошката разновидност, да се соочуваме со мистериозни одводни канали...

Continue reading

Кражбите на пентите во каналот Студенчишта, не се направени на делот со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 1 После серијата кражби на моторни пенти, кои се случија изминатиов викенд, од ЈП „Биљанини извори“ реагираат дека кражбите не се направени во делот со кој стопанисува јавното претпријтие. Од јавното прептпријатие со став: „ЈП Билјанини Извори како правен субјект кој стопанисува со одлука на Советот на Општина Охрид со едниот дел од каналот Студенчишта ја известува јавноста и сите наши закупци на сидришни места дека настанатите кражби кои се случија во изминатиот викенд при што беа украдени пенти и еден таблет од неколку пловни возила кои беа усидрени кај каналот Студенчишта...

Continue reading

Спречено понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта

Post Views: 3 Екипите на ЈП Нискоградба го спречија понатамошно излевање на фекалии во каналот Студенчишта. Во текот на вчерашниот ден во долниот дел од каналот беа забележани фекални отпадни води кои еколошки го загрозуваат овој дел од крајбрежјето. Реакции за загaдување на водата пристигнаа од граѓани и екологисти. Ова не е прв пат да се случи ваков еколошки проблем на тој потег во каналот, инцидентно се појавува веќе подолго време. Нина Трендфилова, помошник директор на оперативно технички работи во ЈП Нискоградба, кажа дека нивните екипи ја испитале фекалната и атмосферска канализација...

Continue reading

Пецаков: Нов парк од споменикот на А. Ден Долард до Студенчишта

Post Views: 1 Нов парк на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта ветува кандидатот за Градоначалник на Охрид Кирил Пецаков. Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет затоа што сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина. Уредувањето на просторот и неговото планирање, во договор со граѓаните, креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Во таа насока планираме изградба на нов парк со содржини и проширување на зелената зона на потегот...

Continue reading

Инцидент при преземањето на сидрилиштето за пловни објекти кај Студенчишта

Post Views: 1 Половина час откако претставници на ЈП Билјанини Извори влегоа на простoрот кај сидрилиштето за пловни објекти до мостот кај Студенчишки канал , дошло до инцидент. Според кажувањето на Директорката на ЈП , претставници на ЕК Стрмец, кој го користеше тој простор пред општината да го додели на времено стопанисување на Билјанини извори, своето незадоволство го изразиле преку вербални напади кон неа и вработени во претпријатието.  „На самото место кај сидрилиштето дојде прво Тодор Робчев. Истиот тој незадоволен поради превземањето на недвижниот имот од наша страна ги повика...

Continue reading

ЈП „Билјанини Извори“ времено ќе стопанисува со просторот за сидрење пред мостот кај Студенчишта

Post Views: 9 ЈП “Билјанини Извори” од денес го презеде на времено користење просторот наменет за сидрење на пловни објекти, кој се наоѓа кај мостот на каналот Студенчишта. Земјиштето во вкупна површина од 14.426 м2 на стопанисување и одржување  јавното претпријатие го доби со  Одлука на Советот на Општина Охрид на седницата одржана на ден 31ви јануари годинава. „ Овај дел тука, преку Сојузот за водени спортови ќе го направиме место каде ќе се развива спортот на вода во ОхридНа Охрид му доликува да има еден уреден Центар за водени спортови , за обука, тренирање и рекреација...

Continue reading

Засадени десетина садници на местото од исечените стебла кај каналот Студенчишта

Post Views: 5 Десетина нови фиданки се засадени кај каналот Студенчишта. Тие се посадени по сечата на повеќе стебла брези за кои Комисијата за сечење дрва дала согласност дека се опасни за минувачите, вели општинскиот портпарол Томе Џамтоски. „На секое пресечено дрво се разбира со дозвола од нашeто одделение за животна средина пропорционално на дебелината на исечените стебла се засадуваат 1, 2 или повеќе дрва“, вели Џамтоски. Општинскиот инспекторат е задолжен за контрола дали се почитуваа законските одредеби и решенијата од Комисијата која издала согласност дали се заменети исечените...

Continue reading

Бродовите „Илинден“ и „Лихнида“ извадени од каналот Студенчишта

Post Views: 1 Акцијата ја изведе Капетанија на пристаништата на Македонија и е дел од акцијата со која сите руинирани пловни објекти кои се во каналот треба да се извадат од таму. Бродот Илинден поради својата габаритност моментално се наоѓа во близина на дирекцијата на ЈП Охридски Комуналец, а бродот Лихнида во кругот на ЈП Охридски Комуналец. Капетанот Горан Устијаноски за ТВМ кажа дека наскоро ќе бидат извадени уште 2 пловни објекти од каналот. Трошоците за вадење на бродот Лихнида паднаа на товар на државата бидејќи не е утврдена неговата сопственост, а трошоците за вадење на...

Continue reading

На каналот Студенчишта ќе се постават кран за подигање на пловни објекти и видео надзор

Post Views: 0 На каналот Студенчишта ќе се воведуваат две нови услуги за потребите на сопствениците на пловните објекти. ЈП Билјанини извори на потегот со кој стопанисуваат од ова лето ќе ја зголеми безбедноста на пловилата, а ќе го олеснат и внесот и излезот на пловилата од каналот, вели Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. „Стопанисувањето на ЈП кое е сериозно во намерата е во 2020 година да го направи она што го бараа катамаранџиите,а тоа е да се постави кран за кревање на пловните објекти со кој ќе се овозможи пловилата да се иставаат од водата за сервисирање и...

Continue reading

Сопствениците на пловни објекти ќе може закупат паркинг простор на каналот Студенчишта

Post Views: 1 Локалната самоуправа ќе воведува ред при паркирањето на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Со каналот, досега не стопанисуваше никој и сопствениците на пловилата ги врзуваа кајчињата, глисерите и бротчињата кој каде ќе стигне. Многу често имаше појава и на расправии за паркинг местата. Од ова лето Локалната самоуправа со одлука на градскиот Совет го отстапи каналот на стопанисување на ЈП Билјанини извори. Предлог има сопствениците на едрилици да бидат ослободени од плаќање на закупнина, а за останатите пловила да се плаќа закупнина за просторот на 6 месеци и една...

Continue reading

Тајните на Охрид: Kаналот „Студенчишта“

Post Views: 1 Денес ви претставуваме едно од најпосетуваните места во градов , каналот „Студенчишта“. Омиленото место за прошетка на охриѓани и туристите, омилениот пат кој води кон прекрасните Биљанини извори. Патека по која ќе ги сретнете рибарите, место каде одмараат кајчињата и бродовите кои се кријат од гневот на езерото. Место на љубовни шепоти и први детски чекори.

Continue reading

Состојбата со плашицата во каналот Студенчишта се стабилизира

Post Views: 3 Десетици  мртви плашици кои плутаат  во каналот Студенчишта утрово сведочат за вчерашната хаварија, во која поради намален кислород изумреа ститици килограми од овој вид риба. Со цистерни уште од синоќа се дотури  свежа вода  од езерото во каналот,  а пставена е и пумпа која  врши аеризација. Блгаодарение на дождот и затворањето на истекот на  езерото кај  Црн Дрим на минимум може да се каже дека состојбата во каналот конечно  е стабилна. Со сите напори се спречи еколошка катастофа во која можеше да угинат десетина тони плашица., која годинава  ја има во огромна количина....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top