Ознака: стариот

Комбе блокираше улица

Post Views: 31 Револтирани граѓани од Стариот дел на Охрид, ни испратија слики во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ со коментар: Еве како стружани паркираат во Охрид. Битно мајсторите да си ја завршат својата работа, а охриѓани како да си влезат дома? Погледнете ги сликите во продолжение !

Continue reading

ѓубре во стариот дел на охрид

Депонија во Стариот дел на Охрид

Post Views: 16 Еден куп ѓубре, секојдневно се наталожува од несовесен граѓанин кој живее во Стариот дел на градот. Сликите до рубриката „Ти си твојот град“ ни ги испрати Мариа Бошале, а ова е нејзиниот коментар: Наталожено ѓубре среде Стариот дел од Охрид, каде го гледаат многубројни туристи кои нон стоп го снимаат. Човеков зема социјална помош, зема храна за загрозени жители од Охрид и покрај тоа што е здрав и прав, а не врши никаква општо корисна работа. Барем да си го собира ѓубрето и да го носи во контејнер. Од локацијата се шири непријатен мирис, а се наоѓа на агол од две улици...

Continue reading

Плажа Канео и стариот дел на Охрид

Post Views: 1 Охридските убавини секојдневно ги инспирираат нашите сограѓани да ги забележат преку фотографии убавите моменти. Преку најновата фотографија го доживуваме прекрасниот поглед од црквата Св. Јован Канео кон плажата Канео и стариот дел на градот. Бидете и Вие дел од #ТиСиТвојотГрад, ги очекуваме Вашите фотографии и снимки на нашиот меил tisitvojotgrad@tvm.mk или преку порака на страниците на ТВМ Телевизија на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм.

Continue reading

Автентичен фенер во Стариот дел на Охрид

Post Views: 4 Стариот дел на Охрид блеска со автентичните фенери од минатото. Фенерчињата се изработени од ковано железо, идентични како и старите фенери кои ги красеа и осветлуваа староградските куќи.

Continue reading

ПЛАСТИЧНИ КАНТИ ЗА ОТПАД ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ

Post Views: 21 Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 л за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Коста Абраш“, „Цар Самоил“, „Кузман Капидан“, „Илинденска“, „Кочо Рацин“, „Климентов Универзитет“ и „Браќа Миладиновци“. Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Р.Е. „Механизација“ на ул. „АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи...

Continue reading

Струшкото музичко училиште ќе се сели во стариот објект на ОУ „Браќа Миладиновцви“

Post Views: 0 Некогашната детска градинка „8 ми Март“ која што во 2007 год беше пренаменета во средно музичко училиште повторно ќе се врати на децата од предучилишна возраст. Деновиве на социјалните мрежи излегоа слики на кои се гледа дека овој објект веќе попушта, таванот и ѕидовите се оштетени, а од некои места и прокиснува. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека овој објект за брзо време повторно ќе биде градинка бидејќи листата на чекање за деца од предучилишна возраст ја надминува бројката 300. „Сите ученици кои посетуваат настава кај старото училиште „Браќа...

Continue reading

СЕ ОТСТРАНУВА СТАРИОТ ДРВОРЕД ЗАРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА БУЛЕВАРОТ „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“

Post Views: 6 Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“ согласно правосилно решение издадено од страна на Министерството за транспорт и врски бр.28 УП-208/2020 Е од 10.11.2020г. Со реконструкцијата на улицата ќе биде отстранет стариот дрворед од липи и костени. За таа цел согласно член 34 од Законот за урбано зеленило од страна на Градоначалникот донесено е решение УП бр. 21-824 од 22.11.2021г. за отстранување на 49 липи и 13 костени кои се дрва со надмината физиолошка и биолошка возраст, дрва нападнати од карантински болести и...

Continue reading

ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СТАРИОТ ЧИНАР

Post Views: 5 Денеска започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“. Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе се одвива под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје. Единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) кое е од големо природно, културно и историско...

Continue reading

erusalim

Католиците го слават Велики Петок

Post Views: 3 Огромен број христијани од католичка вероисповест го одбележуваат денеска Христовото распнување во Светата земја. Верниците се упатуваат во црквата на Божјиот гроб во источен Ерусалим за утрешната миса, со која почнуваат настаните поврзани со Велики петок. Римокатолиците и протестантите ќе учествуаат подоцна денеска во процесии по стапките на Исус во Стариот град. Вечерва ќе биде отслужена света литургија во црквата во Витлеем, каде се родил Исус Христос. {loadposition content9}  

Continue reading

ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА РАМПИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД

Post Views: 4 Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ ги информираат жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од вечерва на полноќ 31.07.2020 година (петок) ќе бидат ставени во функција поставените рампи за влез и излез во стариот дел на градот. Возилата во овој дел на градот ќе може непречено да сообраќаат само доколку ги имаат регулирано своите обврски согласно актите донесени од страна на Општина Охрид, односно поседуваат картичка за движење во овој дел од градот. Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на...

Continue reading

Градоначалникот Пецаков во обиколка на градежни активности во Стариот дел на градот

Post Views: 2 Деновиве се одвиваат активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“ се одвиваат деновиве. Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид на градежните зафати, кои ги извршува фирмата „Бокоп“. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши на повеќе локации низ Стариот дел на градот каде што има потреба. На улицата „Бранко Шотра“ активностите за изведување на нова водоводна линија завршија. Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, се постави нов цевковод од полиетиленски материјал во должина од 66 метри, вклучувајќи и поединечно...

Continue reading

protest

И струшките средношколци кажаа „не “ за лошите реформи во образованието

Post Views: 0 Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија. „Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top