Ознака: станови

Неизвесна е градбата на социјални станови во Струга

Post Views: 2 Граѓаните на Струга сеуште во неизвесност дали ќе се градат социјални станови за ранливата категорија. Бројот на лицата кои немаат покрив над глава или пак живеат во лоши услови во општина Струга од ден на ден расте. Во 2015 година од Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор имаше најава дека и во оваа општина треба да започнат со изградба на социјална зграда, дури беше позната и локацијата, во населбата Плитишта, но за жал тогаш не нашле заеднички јазик со поранешниот градоначалник Зијадин Села, околу реализација на овој проект. Актуелниот градоначалник...

Continue reading

Голема е побарувачката за социјални станови во Охрид

Post Views: 51 Охриѓани кои се во социјален ризик ќе чекаат изградба на социјални станови следната година. Во Охрид годинава нема изградба на вакви станови иако е голем интересот на граѓаните кои бараат помош од државата за да го решат станбеното прашање, информира Благоја Грозданоски, раководител на охридската подружница на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата. Напоменува дека градот засега е ставен на листата на чекање за изградба на социјални станови. Социјални станови бараат самохрани родители, луѓе со ниски примања или без...

Continue reading

Demir Kapija

Станови за лица со интелектуална попреченост

Post Views: 5 Станови за самостојно живеење денеска во Демир Капија ќе им бидат доделени на пет лица со интелектуална попреченост. Тие ќе имаат постојано грижа од страна на три вработени стручни лица. Согласно Националната стратегија за деинституционализација 2008-2018 досега се отворени пет станбени единици за лица со интелектуална попреченост, по две во Скопје и Неготино, и една во Демир Капија. Во нив се сместени 23 лица со интелектуална попреченост од Специјалниот завод Демир Капија. До крајот на 2009 година се планира отворање на 24 станбени единици во коишто ќе бидат сместени...

Continue reading

Угостителите да работат до 18 часот, а за празниците да нема собири во станови и на плоштади

Post Views: 2 Комисијата за заразни болести препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници. „Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти, и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препорако кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Препораката...

Continue reading

Бакраческа: Изградба на детска градинка, докуп на стаж и социјални станови за ранливи категории граѓани

Post Views: 0 Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на изградба на детска градинка во Охрид, реконструкција на постоечките градинки и бесплатнен престој во градинка  за сите деца од семејства со минимални приходи, порача денеска на прес конференција  кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ , Грација Бакраческа. „Воведување и субвенционирање на здрава исхрана за учениците од прво до деветто одделение со ангажирање на експертиза од нутриционист, со цел да се создадат добри навики кај децата и да се заштити нивното здравје. Ќе обезбедиме стипендии за сите ученици и студенти од социјално...

Continue reading

Во Струга е неопходна изградба на социјални станови

Post Views: 1   Во Струга е неопходна изградба на социјални станови. Бројот на лицата кои немаат покрив над глава или пак живеат во лоши услови од ден на ден расте. Од Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор велат дека тие уште пред неколку години сакале да започнат со изградба на социјална зграда. Дури била позната и локацијата каде требало да се гради. Тоа е на патот за Ќафасан, наспроти Бау Центарот Набизи. Но, сето останало само на идеја бидејќи не наишле на заеднички јазик со градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Комуникацијата со градоначалникот ни е на ниско...

Continue reading

Во Охрид побарувачката на станови бележи пораст, а во соседна Струга е во опаѓање

Post Views: 11 За купување стан во Охрид на прва крајбрежна линија купувачот ќе плати и до 1500 евра за метар квадратен , а во Струга 800 евра. Агенциите за недвижности во двата соседни града имаат различна понуда и побарувачак ,а со тоа и движење на цените на пазарот на недвижности. Наташа Спасеска Цветкоска, од охридската Агенција за недвижности Капитал, информира дека иако понудата на станови е во опаѓање побарувачката на недвижности се зголемува. Според таквите движења на пазарот цената во Охрид бележи пораст и до 20 посто. Цените на недвижностите во изминативе години паѓаа, но...

Continue reading

Изградба на социјални станови за семејства во социјален ризик, најави Милошевски

Post Views: 12 Охрид мора да биде град на еднакви можности и шанси за сите, рече на прес- конференција Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне. Како приоритетен проект од својата изборна програма најави изградба на социјални станови. „ Изградба на станови кои ќе може да ги користат семејствата со социјален ризик, огромна помош да добијат свој дом, но исто така и оние граѓани кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом“, рече Милошевски кандидадтот за гардоначалник . Милошевски презентира и други мерки за социјална заштита...

Continue reading

Во Охрид расте побарувачката за станови, скокаат и цените

Post Views: 8 Во моментов на пазарот на недвижности во Охрид има зголемена побарувачка на станови по многу повисоки цени. Становите се продаваат за 20 до 30 % повисока цена споредено со минатите години. Во периферните делови на Охрид становите достигнуваат цена од 850 – 900 евра по квадратен метар, во централното подрачје од 1300 -1500 евра по квадрат, а во атрактивните крајбрежни делови цената достигнува вредност и до 2000 евра за метар квадратен. Никола Иванчиќ, од Агенцијата за недвижности „Наш -ваш дом“ појаснува кои се фактори придонесле за скок на цените на недвижности...

Continue reading

adora

„Адора Инженеринг“ продава по еден стан дневно

Post Views: 7 Во првото четиримесечје од годинава градежната компанија Адора Инженеринг продаде 120 елитни висококвалитетни станови во Скопје и Охрид, во просек по 1 стан днево и 30 продадени станови месечно, што е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку дека лидерот во високоградбата во Македонија освари забележлив растечки тренд во однос на продажбата во првото четиримесечје во 2013-та година. „Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг продаде 7081 м? станбен простор што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање...

Continue reading

Охрид нема слободни станови за социјално загрозените семејства

Post Views: 6   Од министерството за транспорт и врски најавуваат распределба на 79 станови за најранливата категорија граѓани во земјава. Од расположливите станови во 16-тина македонски градови ќе бидат доделени 59 станови на семејства во социјален ризик, а 20-тина на лица со ниски примиња. Огласот за доделување на социјални станови ќе биде објавен идниот месец, но охриѓани кои бараат кров над глава со помош на дражавата нема да можат да го решат станбениот статус. Охрид го нема на таа листа. Во моментов нема ниту еден слободен стан за социјално загрозените семејства, информираат...

Continue reading

СДСМ Охрид: „Ние не сме против референдум, не сме против да се донесе одлука против градење станови за бегалци“

Post Views: 6 На само два дена ред одржувањето на седницата на советот на Општина Охрид, на чиј дневен ред епредлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво, поднесена од страна на советниците од ВМРО ДПМНЕ, од О.О. на СДСМ со став. Координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски на денешната прес конференција истакна дека доколку се донесе одлука во секоја општина да се спроведе референдум, со оглед на тоа дека мнозинството советници е на страната на ВМРО ДПМНЕ, ние како СДСМ ќе го повикаме членството и граѓаните да гласаат против наводната одлука за градење...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top