Ознака: српските

Српските туристи искористија 84.000 картички за бесплатна патарина

Post Views: 8 Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари. На 15 август се заокружија двата месеца, кога на граничниот премин Табановце српските туристи добиваа бесплатни М смарт-картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените бесплатни вакцини и вакцинација на нашите граѓани во Србија. Во мај годинава Владата одлучи за српските возила што транзитираат низ Македонија во периодот...

Continue reading

Српските туристи добија М-карта: Од денес бесплатно транзитираат низ земјава

Post Views: 3 -Овие МСмарт картици се исклучиво за српски државјани со српски таблици кои влегуваат на територија на нашата држава и исклучиво транзитираат низ нашата држава и одат за Република Грција. Служи за едно одење и враќање до Република Грција и назад, вели раководителката на смена на ГП Табановце, Снеже Митева. Србите секако задоволни од оваа поволност. Сепак, дел сметаат дека нема потреба Македонија да се оддолжува за донираните вакцини. -Српските државјани кои од денеска, па се до 15 август ќе добијат МСмарт картички ќе можат да ги чуваат и за следната сезона, но секако,...

Continue reading

ubistva

Медиумите со претпоставки за идентитетот на Ѕверот од Будимпешта

Post Views: 7 Унгарската полиција уапси маж, за кого се сомнева дека живи закопал најмалку шест лица. “Ѕверот од Будимпешта“, како што го нарекуваат медиумите, ги ограбувал своите жртви, а потоа живи ги закопувал на остров на Дунав, во јужно предградие на главниот град на Унгарија. Претпоставките се дека тој имал уште двајца помошници, бездомници, покрај шестмината приведени соучесници. Полицијата во Будимпешта дознала за злосторствата од романски државјанин, кој успеал да преживее, да се откопа самиот, да го совлада кучето оставено да ги чува лешовите, и да побегне. Неговите напаѓачи...

Continue reading

Концертот на српските уметници на „Охридско лето“ се префрла во Центарот за култура

Post Views: 1 Концертот на српските солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац кои на 12 јануари ќе настапат во рамките на фестивалот „Охридско лето“ заедно со Српскиот камерен оркестар, заради ниските зимски температури, наместо во црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19 часот, информираат од фестивалската дирекција. На репертоарот се дела од композиторите Џоакино Росини, Фредерик Шопен, Рудолф Сичински, Фриц Крајслер, Едвард Елгар, Франц Лехар, Петар Илич Чајковски, Пјетро Маскањи, Клод Дебиси, Јохан Штраус и Емерих...

Continue reading

Српските туристи искористиле околу 1500 часа бесплатен паркинг

Post Views: 0 Интересот за паркинг место оваа летна сезона беше многу голем и од македонски и од странски туристи. Ова лето на охридското крајбрежје беше  поголема посетеноста на српските туристи кои доаѓаа со сопствени возила. Тие со одлука на градскиот Совет имаа бесплатно паркирање на сите паркинзи со исклучок во премиум зоната, информира Гордана Јованоска, директорка на ЈП „Билјанини Извори“.    Според статистиката за бројот на српски возила кои се паркираа имаме податок дека нивниот број се движел од 80 до 100 возила. Тие возила се на охридските паркинзи секојдневно. Возилата...

Continue reading

Српските туристи се враќаат во Охрид

Post Views: 2 Природните убавини на Охрид, културното богатство како и посебната гастрономска понуда повторно го освојуваат српскиот туристички пазар.  Општина Охрид преку штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, успешно се престави на најголемата туристичка смотра на Балканот, Белградскиот саем за туризам кој се одржа од 23 до 26 ти февруари а на кој се претставија преку 1200 излагачи од целиот свет. Во текот на четирите саемски денови претставниците на општина Охрид преку видео презентација и печатен материјал пред посетителите и претставниците...

Continue reading

vladici

Српските владици ќе расправаат за автокефалноста на МПЦ

Post Views: 5 Колку СПЦ е подготвена да направи компромис за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА? Се очекува ова прашање да биде дел од расправата на пролетниот собор на Синодот на СПЦ, кој се одржува веќе една недела. Изминатите години српските архијереи се покажале доволно ригидни во односот со МПЦ и не сакаат да се изјаснат кој би бил нивниот компромис во врска со подготвеноста да ѝ се даде томос за автокефалност на МПЦ. Минатата година српскиот претседател Томислав Николиќ во официјална посета на Македонија рече дека долгогодишниот спор меѓу двете цркви е решлив, но за тоа...

Continue reading

Шешељ: Во Србија доаѓам за да се осветам

Post Views: 6 “Ако воопшто дојдам во Србија нема да се занимавам со моето лекување туку со сите сили ќе се посветам на освета”, им порачал Шешељ, од Хаг, на српските дипломати, јавува Blic. Со оваа закана Шешељ наводно порачал и дека нема да прифати ничии гаранции и услови. Единствено што го интересира е трибуналот да го ослободи. Судскиот совет на Хашкиот суд (ICTY) вчера одлучи, лидерот на српските радикали, на кого здравствената состојба му се влошила, да го ослободи привремено за да може да добие соодветна здравствена помош во попримерна околина. Српските медиуми пренесоа дека...

Continue reading

Кирил Пецаков : Зошто ослободувањето од патарини не важи и за српските туристи кои ќе го посетат Охрид?

Post Views: 9 Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Охрид,  Кирил Пецаков, денеска на прес конференција изрази сомнеж околу износот за набавка на картички со кои на српските туристи ќе им се овозможи летово да транзитираат низ Македонија без да платат патарини. 3 милиони евра односно 172 милиони денари, народни пари од Буџетот на Република Македонија е нерационално и расипничко трошење на Владата Во услови кога економијата тоне, фирмите мака мачат со исплата на плати за вработените, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, посочи пратеникот Пецаков. „Токму поради огромниот милионски износ...

Continue reading

David Guetta

За малку Дејвид Гета ќе го направеа петулица

Post Views: 7 Белградскиот настап на познатата диџеј ѕвезда Дејвид Гета кој завчера вечер требаше да одржи диџеј-сет на Калемегдан, е откажан поради тоа што непосредно пред концертот се сруши покривот над бината, пренесуваат српските медиуми. Покривот на бината се срушил во 18 часот додека на сцената предгрупата на концертот “Мистејк мистејк” имале тонска проба. Пејачката на групата Александра Крстиќ се здобила со повреди на главата, нејзината колешка Милана од групата ја повредила раката додека останатите членови на бендот останале неповредени.-Во моментот  кога бев на капијата...

Continue reading

saem turizam

Охрид во фокусот на презентацијата на туристичките потенцијали на саемот за туризам во Белград

Post Views: 0 Презентирањето на убавините на Охрид, побуди огромен интерес кај српските новинари и претставници на туристички агенции на вечерта посветена на промовирање на македонската туристичка понуда на 36от туристички саем во Белград.   Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од Белград за телевизија ТВМ потенцираше дека токму овој саем зазема исклучително значајно место во стратегијата за развој на туризмот, но и привлекувањето и враќањето на српските туристи на охридската ривиера. „Од оваа година организиравме сосема поинаков пристап  во нашата стратегија за учество на...

Continue reading

policajci

Заминуваат српските полицајци кои беа на должност во Охрид

Post Views: 1 Утре Охрид го напуштаат полициските службеници Драган  Лукиќ од Белград и Славиша Илиќ од Ниш кои еден месец беа на работна задача во градот. Овие двајца српски полицајци беа дел од проектот за меѓусебна соработка за размена на полициски службеници помеѓу македонската  и српската влада и Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Искуството на српските полицајци  од едномесечниот ангажман заедно со македонските колеги  е позитивно. Тие раскажаа и за  средбите со нивни државјани кои се на летување во Охрид , а  кои не можеле да поверуваат дека нивни полицајци...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top