Ознака: среда

Во среда показна вежба за заштита од елементарни непогоди во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 8 Во Основното училиште „Христо Узунов” во Охрид на 15 декември во среда со почеток во 10:45 часот ќе се реализира завршната симулациска показна вежба за заштита и спасување од елементарни непогоди. Вежбата, што е во организација на СВР Охрид-отсек за превенција, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, претходно се спроведе во сите образовните институции во Охрид, а целта е подигнување на степенот на безбедносните мерки и подготвеноста кај учениците и наставниците, за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди.Вежбата...

Continue reading

Од среда забрана за употреба на пластични кеси

Post Views: 1 Од оваа среда, 1-ви декември стапува на сила забраната за употреба на пластичните кеси, а ќе биде дозволена употреба само на биоразградливи, кои ќе се продаваат по цена од 15 денари. Најголем дел од надоместокот ќе оди во Фондот за заштита на животната средина.Од декември се забрануваат за употреба и амбалажите за пакување или служење храна во угостителските објекти, за почеток само во заштитените подрачја. Со ваквиот потег треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе...

Continue reading

Детскиот филм „Мираи“ среда и четврток пред охридската публика

Post Views: 5 Детскиот филм „Мираи“ во среда и четврток ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 18 часот.Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек. Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат, кој...

Continue reading

Во среда започнува имунизацијата на здравствените работници во модуларната болница во Скопје

Post Views: 1 Течат подготовките во Модуларната болница каде во среда започнува вакцинацијата на здравствените работници. Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.

Continue reading

Lufthansa откажува 3800 летови

Post Views: 5 Германската воздухопловна компанија Lufthansa објавила денес дека откажува 3800 летови, од среда до петок, поради тридневен штрајк на пилотите а во врска со преговорите за плати. Откажаните летови требаше да пренесат вкупно 425.000 патници, прецизирала компанијата и додала дека тие денови во редот на летање ќе останат само 500 летови. Пилотите на на Swiss, Austrian Airlines, Eurowings, Lufthansa City Line, Air Dolomiti и Brussels Airlines не се опфатени со штрајкот иако Lufthansa поседува 45% во овие компании. Компанијата предвидува дека каде што ќе биде можно најголемите...

Continue reading

Во среда се одбележува Свети Сава и е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Post Views: 1 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

Continue reading

logo

Рецепти во боја од среда

Post Views: 6 Лековите што се на товар на државата, од среда наместо на бели како досега, ќе се препишуваат на рецепти во розова и во зелена боја. Согласно новиот правилник, розовите рецепти ќе бидат наменети за антибиотици и за други препарати за акутни болести, како и за лекови за хронично болните. На зелените рецепти ќе се препишуваат лекови што содржат опојни дроги, како што се фенобарбитон, морфиум, метадон. Со рецептите во боја ќе стартува и долгонајавуваниот рецепт за хроничните пациенти, кој исто така ќе биде розов.Според најавите на надлежните, меѓу новите и старите рецепти...

Continue reading

logo

Во среда стружани повторно на протести

Post Views: 1 Во среда 15-ти јуни во Струга во 18:30, пред платото на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга (кај киното), започнува протестот на Г.З. „Протестирам“. Во соопштението објавено на социјалната мрежа Фејсбук, стои: „Струга излегува на протест!Стружани да излеземе заедно Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други.Овој криминалот не познава ниту националност, ниту партија, ниту здружение, ниту организација, дојди и ПРОТЕСТИРАЈ против него како секој совесен граѓанин. Протестираме под паролата „Протестирам“ која ги обединува...

Continue reading

ВО СРЕДА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОХРИД

Post Views: 1 Општина Охрид, Црвен Крст – Охрид и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје на 27.05 2020 година (среда), организираат крводарителска акција во спортската сала при ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Акцијата започнува во 9 часот наутро и ќе трае до 14 часот. Се повикуваат сите хумани граѓани кои се во добра здравствена состојба да бидат дел од овој хуман настан.

Continue reading

Германскиот посредник Хајндл во среда во Скопје

Post Views: 5 Германскиот посредник за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, в среда ќе допатува во Скопје, потврдија од Амбасадата на Германија во Скопје. Засега не се откриваат детали од посетата на Хајндл. Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, ќе ја посети Македонија, но во моментов нема потврда за нејзиното доаѓање. Во опција се два термина, 6 јули, што се совпаѓа со посетата на Хајндл, и 10 јули, односно по завршувањето на самитот на НАТО во Варшава. Не се знае дали Хајндл ќе се обиде...

Continue reading

Најдоцна до среда повторно ќе бидат функционални рампите кај поштата

Post Views: 1 Утрово во 2 часот и 30 минути автомобил рено меган со голема брзина удрил во излезниот терминал на рампите кај поштата. Терминалот и рампите се целосно уништени, информираат од ЈП Билјанини извори. Поправката ќе биде завршена најдоцна до среда  и граѓаните непречено ќе може да ги користат рампите. Дотогаш влезот и излезот ќе го контролираат вработените на паркинзите,  објаснуваат од  јавното претпријатие.  Причините за сообраќајната незгода ќе ги утврдува полицијата.

Continue reading

Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар

Post Views: 4 Среда официјално започнува со работа затворениот зелен пазар. На 31.01 со одлука на совет ЈП„Градски пазар“ доби корисничко право на дел од објектот на затворениот зелен пазар, а денес се направи и официјално примопредавање. Од утре започнува преселбата на пазарџиите. Со оглед на тоа што влегуваме во нови простории и граѓаните добиваат нови тезги, со цел нивна правилна распределба и за да немаме некои реакции од закупците, во меѓувреме донесовме нов ценовник во затворениот зелен пазар. Имаме четири категории на тезги кои имаат различни цени за закуп, објаснува Кристина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top