Ознака: спасителите

Започнаа со работа спасителите на плажите пред хотелите

Post Views: 1 Спасителите на плажи се грижат за безбедноста на капачите пред неколку охридски хотели. Засега се ангажирани на 8 капалишта дванаесетмина спасители, информираат од ОО на ЦК во чии рамките функционира спасителната служба на вода. На плажите пак, каде што нема концеисонери, а општина Охрид ги одстранува нелегално поставените објекти, нема спасители кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. За нив допрва според Планот за управување со културното и природното наследство на охридскиот регион, предвидено е да се изработи урбанистичка документација со која ќе биде дефинирано...

Continue reading

Педалинките и ова лето причина за повеќе работа на спасителите на вода

Post Views: 9 Педалинките и ова лето причина за повеќе работа на спасителите на вода. Многу пати е потврдено дека овие пловила за рекреација се крајно небезбедни, а оние кои сакаат да се забавуваат на нив пак, воопшто не почитуваат никакви правила. Најчесто поради претовар доаѓа до превртување на педалинката што ја загрозува безбедноста на оние кои се на неа. За среќа ова лето засега немаше некој немил настан со поголеми последици, но имало интервенции од страна на спасителите. Најповеќе интервенции имаме со оние кои ги издаваат педалинките и останатите пловни објекти за забава каде...

Continue reading

За спасителите на плажа полни раце работа

Post Views: 10 14 интервенции на извлекување на давеници од езерото на охридското крајбрежје, пет во Струга и две на Преспанското езеро. Тоа е билансот од работењето на спасителите на вода од Црвен крст Охрид од почетокот на сезонава па до денес. На Охридското крајбрежје има 35 плажи но само на 22 од нив има спасители на вода. Во Струга пак само пет капалишта се обезбедени со спасители на вода, а на Преспанското само четири плажи. Секоја година со истите проблеми се соочуваме, со недостаток на разбирање, одговорност, професионалност од страна на оние кои ги концесираат плажите и кои...

Continue reading

Спасителите на Црвен Крст од Охрид пронајдоа женски леш над Лагадин

Post Views: 2 На 27 јануари оваа година, околу 17 часот, во СВР Охрид, припадник на планинарска спасителна служба на Црвен Крст-Охрид, пријави пронајден женски леш. Безживотното тело, врз кое, според првичните сознанија немало траги на насилство, било забележано на планинската патека која води од селото Горно Коњско кон населбата „Лагадин“. На местото на настанот излезен е Јавен обвинител по чија наредба, увидот ќе биде извршен денеска.

Continue reading

Спасителите од Црвен крст ангели чувари на охридските плажи

Post Views: 3 Во еден ден спасени три животи.  Спасителите на вода, вистински херои,  само вчера извлекоја три активни давеници. Две деца спасени од давење во  базен и едно лице од плажата „Парк“. Спасителите на вода ова лето   подарија вкупно 15  животи. Од давење спасиле деца, непливачи, пијани и лица кои си ја прецениле  силата. „Најчести причини за кои настапува давење се топлотни разлики , значи неправилно влегување во вода, прејаденост, влегување во вода под дејство на алкохол и наркотици, неумеење да се излезе од вода односно незнаење да се плива. И други општи причини кои...

Continue reading

Спасителите од ПСС разочарани од одлуката на градските советници

Post Views: 7 Власта и опозицијата во Охрид за прв пат се обединија и тоа против Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, реагираат од ОО на Црвен крст на денешната одлука на градските советници да не се поддржи Планинската спасителна служба како би била оддржлива.  Во продолжение соопштението за јавност на Планинската Спасителна Служба во целост.     И покрај стотиците успешни интервенции во изминатите 19 години, и покрај огромните жртви на волонтерите кои го ризикуваат сопственото здравје и живот за да го ублажат страдањето на другите, и покрај силната поддршка од Европската...

Continue reading

spasiteli

Точков: Спасителите сезонава одговорија на задачата

Post Views: 0 Летнава сезона во Охрид помина без фатален исход, во доменот на делување на спасителите на вода. Спасителите, целосно ја покажаа својата професионалност, ажурност, подготвеност да реагираат во секакви ситуации, нагласи Сашо Точков, претседателот на ОО на Црвен крст Охрид. Тој додава дека тие претставуваат гордост за градот, бидејќи покрај тоа што од нив биле задоволни концесионерите на плажите, добиле и бројните коментари на социјалните мрежи од сите страни на светот. „Можам да кажам дека споредбено со минатата година кога имавме 25 интервенции на давеници, оваа година...

Continue reading

Спасителите на вода немаат насоки дали ќе ги покриваат слободните плажи ова лето

Post Views: 9 Од охридската општинска организација на Црвен крст немаат насоки дали нивните спасители на вода ќе се грижат за безбедноста на капалиштата ова лето. Нема информации дали спасителите на вода ќе бидат ангажирани на плажите каде што ќе нема концесионери. Тие активно се подготвуваат за претстојната летна сезона со обуки за нови спасители на вода и за освежување на знаењата и техничките на спасување на веќе обучените спасители, информира Сашо Точков, претседател на ОО ЦК. „Годинава е специфична заради расчистување на капалиштата. Немаме информации дали тие капалишта ќе се...

Continue reading

spasuvaci

Спасителите на вода подготвени, но не и концесионерите на плажи

Post Views: 8 Спасувачите на вода технички и психофизички подготвени за делување во новата капачка сезона. Но, тоа не важи за сите концесионери на плажите на охридско – струшкиот брег.  Дел од нив и годинава  замижуваат пред законските одредби да обезбедат сигурни капалишта. Две недели пред официјалниот старт на туристичката сезона  немаат преземено подготовки за обележување на плажите, вели Сашо Точков  од општинскиот Црвен крст. Напоменува дека на плажите немаат  поставено  набљудувачници, пунктови за укажување на прва помош и делови за интервенција  на спасувачите на вода.„...

Continue reading

spasuvaci

Успешно лето полно работа за Црвениот Крст од Охрид

Post Views: 0 Зад Цревниот крст од Охрид уште едно успешно лето полно со работа. Спасителите на планина и непристапни терени, спасителите на вода и медицинските тимови на Црвениот крст од Охрид, оваа туристичка сезона со рекорден број интервенции, речиси дупло повеќе од лани. Така Спасителите на планина кои го обезбедваа Европското првенство во прецизно слетување со параглајдер, имаа три посериозни интервенции и преку десет интервенции на укажување на прва помош на самите учесници.Спасителите на вода пак забележаа дваесет и три интеревенции на извлекување давеници од Охридското езеро...

Continue reading

spasiteli

Психофизички подготвени -спасителите на вода

Post Views: 9 Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација  се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу  ситуцаии, но за среќа  ризичните моменти завршувале среќно. „ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини  кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски. Во моментов Стојаноски и Станкоски...

Continue reading

spasuvaci vezba

Операцијата Флоријан-успешна

Post Views: 0 Втора година од соработката помеѓу Англичаните од Манчестер и Охридскиот Црвен крст која кулминираше со денешната показна вежба која ја изведоа спасувачите. Спасувачите увежбуваа нови техники и ги обновуваа знаењата стекнати минатата година со цел да бидат подготвени да се грижат за оние кои што ги користат капалиштата во текот на летниот период. Во Општинската организација на Црвениот крст од Охрид задоволни од наученото, но покрај знаењето нив најмногу им е потребна и додатна опрема. „Во текот на 2010 година имавме една донација од два чамци за спасување од операцијата...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top