Ознака: соло

tanceri

Нов успех на танчерите од „Соната“

Post Views: 2 Неделата во Врњачка Бања,  Р. Србија, се одржа меѓународен танцов натпревар на кој учество зедоа над 1600 натпреватувачи. Дел од ова најголемо балканско танцово натпреварување беа и членовите на Студиото за танц “СОНАТА” од Охрид. Натпреварувањата започнаа во 9 часот на утро,  а завршија во 3:30 после полноќ.  И покрај големата и силна конкуренција охриѓани танцуваа во финалињата во сите пријавени категории  и застанаа на педесталот со освоени медали за секоја од нив. Климентина Гилевска во категоријата класичен балет соло јуниор жени го освои златото,...

Continue reading

solo peenje

Летна школа за соло пеење

Post Views: 21 Соло пеачи од земјава и надвор од неа, во Струга. Тие една седмица учествуваат на семинарот по соло пеење, кој годинава се одржува по четврти пат. Професор Марија Муратовска Наумова, вели дека интересот за овој семинар од година во година е се поголем, бидејќи семинарот овозможува високостручно оспособување за оние кои имаат афинитет кон соло пеењето. Наумова вели дека трошокот за учество на семинарот соло пеачите сами си го подмируваат, а од нивна страна континуирано се правеле напори да обезбедат дел од средствата, но засега ништо од тоа. Таа вели дека максимално...

Continue reading

Најџел Kенеди на „Охридско лето“

Post Views: 0 Британецот воопшто не изгледа како најпродаван класичен виолинист на сите времиња. Најџел има панкерска фризура, се облекува невообичаено за класични концерти, и јавно признава дека е уживател на марихуана за да ја поттикне креативноста! Овој светски виртуоз на виолина е и одличен џез-музичар, па со својот Најџел Кенеди бенд” го обиколува целиот свет и приредува концерти кои прераснуваат во вистинско шоу и спектакл. “Токму затоа неговиот настап на фестивалот Охридско лето” ќе биде со комбинирана програма од класична и џез-музика. Во првиот дел уметникот...

Continue reading

пијано

Мику Нишимото Нојбер настапи на Piano Summer Ohrid

Post Views: 4 Мику Нишимото Нојбер е дел од учесниците на првиот  фестивал Piano Summer Ohrid. Оваа јапонска  музичарка е воодушевена од Охрид и неговата убавина, кои  не ја оставиле рамнодушна и длабоко ја инспирирале.  Очекува фестивалот да оди во иднина во нагорна линија.   „ Сакам да запознам млади талентирани пијанисти, мои колеги и секако заедно со професорот Шилде да одржиме часови во прекрасна атмосфера, јас тоа веќе го имам и сум многу среќна“, истакна Нишимото Нојбер пред одржувањето на концертот.   На музичката програма Нишимото Нојбер  пред посетителите во општинската...

Continue reading

harmonikasi

Музичари со кои Охрид треба да се гордее

Post Views: 1 Охриѓанецот Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Надежниот Гавриловски  од сите меѓународни натпревари, дури и оние со најтешка конкуренција се враќа со освоено прво место.    Во низата успеси и признанија  Филип неодамна придодаде уште четири први места. Тој беше најдобар во својата категорија на меѓународниот натпревар што се одржа од 6 до 12 мај во Бјелина, Р. Српска. Од 134 претставници од 12 држави од Европа , Филип  ја понесе првата награда за соло настап и специјалната награда за камерна музика. Гавриловски  е неприкосновен  во својата категорија и во...

Continue reading

Adele

Адел ја надмина и Мадона

Post Views: 6 Албумот “21” на пејачката со прекрасен глас Адел, со цели 10 недели на првото место, вчера го надмина рекордот на Мадона за најдолго “владеење” на топ листата за женски соло артист.Адел која е родена во Лондон, веќе го помина, со една недела подолго задржување на листата, албумот со најголемите хитови на Мадона, “The Immaculate Collection”, кој доминираше девет недели на топ листите во 1990 година. Но, ова не е прв пат Адел да се искачи до врвот на листите. Нејзиниот деби албум “19” беше втор на топ листата на албуми,...

Continue reading

peacka

Македонија има талентирани соло пеачи

Post Views: 11 „За да се успее на светските сцени, единствен проблем е финансиската состојба во државава“, вели професорката од музичкиот факултет од Скопје. По втор пат во Струга се  организира семинар по соло пеење. Македонија е земја на соло пеачи. Има лица кои поседуваат високи квалитети  и се надарени за светските сцени. За  тоа зборува премерот со 24-годишната соло пеачка  Нита Лимани. Таа својот глас освен што го усовршува туку вештините ги пренесува и на нејзини ученички. „Македонците се народ кој слуша забавна или народна музика, но радува фактот што се повеќе талентирали...

Continue reading

Gemma Bertagnolli

Бертањоли и Де Жан вечер на „Охридско лето“

Post Views: 0 Празник за љубителите на соло пеењeто. Вечерва на програмата на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“ концерт на светски познатиот сопран Џема Бертањоли. Придружувана од еден од најинтересните камерни музичари на денешницата, пијанистот Франческо Де Жан, во просторот на Св. Софија, Бертањоли ќе се обиде да ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. За прв пат во Охрид, таа импресионирана од она што го  видела досега во целиот град. „Овој фестивал е полн со познати имиња и реномирани настани и многу сум среќна што сум дел од тоа“ вели Бертањоли. Џема Бертањоли...

Continue reading

Milanka Noveska

Грст први меѓународни награди за Миланка Новеска

Post Views: 72 Се нижат успесите на најмладиот оперски талент во Македонија – Миланка Новеска од Охрид. За само неколку месеци се закити со три први меѓународни награди. Во моментов е прва година во средното музичко училиште Илија Николовски Луј во Скопје и со сигурност вели дека нејзината идна професија ќе биде оперски пејач. Нови успеси за Миланка Новеска. Охриѓанаката која  сосема лесно, без напрегнување, со чист и отворен глас на грлото уште од девет години пееше арии, сега нижи меѓународни успеси. За само неколку месеци освои три први места на меѓународни натпревари. Најпрво...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top