Ознака: собор

MPC grb

МПЦ слави јубилеј 50 години од одржувањето на Вториот архиепископски црковно-народен собор

Post Views: 0 „Овој црковен јубилеен Собор ни порачува, по петдецениско самостојно делување на нашата Света црква да размислуваме за нејзиниот раст, за нејзината зрелост, за сето она што она што го направивме како нејзини чеда, како и за она што не го направивме“, рече архиепископот Стефан. Архиепископот Стефан потенцира дека на внатрешен план  МПЦ има постигнато видни резултати, но за жал иста не е состојбата на надворешен план. Она од што најмалку треба да бидеме задоволни, иако не  по наша винa,сеуште нерешениот стасус на нашата света Црква, истакна архиепископот. „Правиме напори...

Continue reading

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Post Views: 18 Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител...

Continue reading

СОБОР НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Post Views: 2 Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари. Одејќи низ селото водичарките пеат: „Појдов дојдов низ село / најдов сено косено…“ во дворот од куќата: „Овде дворје метени / овде моми плетени…“, во куќата на секој член од семејството му пеат посебна песна во зависност од неговата старост и положбата во фамилијата....

Continue reading

Света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св.Архангел Михаил“

Post Views: 0 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21. Ноември (среда) 2018 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на св. архангел Михаил“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на    учествување и заедничко прославување на овие празници.

Continue reading

Света литургија по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“

Post Views: 14 Од Дебарско-кичевската епархија ги информираат своите православни верници дека на 26 јули недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Гаврил“. Литургијата ќе започне во 8.30 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top