Ознака: службената

privedeni

Субвенции за добиток кој не постои

Post Views: 2 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР на РМ спроведе координирана акција под оперативно име “Тера“ со цел лишување од слобода на вкупно седум лица кои во период од 2008 до 2010 година во повеќе наврати злоупотребиле субвенции за сточен добиток предвиден во програмите за финансиска поддршка во земјоделието, при што до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава. А.Ш.(71) од с. Блаце-Скопјеи Б.Ш.(38) с. Блаце-Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично  дело „Измама при добивање на кредит или друга погодност“, Д.А.(45)...

Continue reading

Кривична за стружанка поради злоупотреба на службената положба

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.К.(40) од Струга. Пријавената, како вработена во станица за технички преглед во струшкото село Мислешево, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, на физичко лице му издала одобрение за управување на туѓо моторно возило за странски државјанин. При контрола на граничен премин, било утврдено дека одобрението не е валидно и дека недостасуваат потписи од корисникот и сопственикот на возилото...

Continue reading

Boshkovski

Седум години затвор за Љубе Бошкоски

Post Views: 1 Седум години затвор за лидерот на Обединети за Македонија и поранешeн министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски пресуди кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Бошкоски е прогласен виновен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба.Објавувањето на пресудата во судницата предизвика реакции на членовите на семејството на Бошкоски. Неговата сопруга Виолетa Бошкоска рече дека знаела оти тој ќе добие „олку голема казна“. Таа додаде дека не очекува ниту од Апелациониот, ниту од Врховниот суд да ја сменат пресудата, туку правдата...

Continue reading

александар петрески

Екс градоначалникот и неговите соработници правеле малверзации околу јавните набавки

Post Views: 3 Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески и уште 13 други лица меѓу кои поранешни раководители на сектори во локалната самоуправа, соработници и сопственици и управители на фирми, уапсени денеска во акцијата Јагула на МВР. Едно лице е надвор од државата, а за едно се преземаат активности за негово лишување од слобода. Вкупно 16 лица се товарат за повеќе кривични дела меѓу кои злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување или оштетување деловни книги, оштетување или повластување на доверители, примање поткуп и помагање....

Continue reading

svr ohrid

Кривични пријави за поранешни в.д директори на ЈП „Градски гробишта“

Post Views: 0 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП Градски гробишта-Охрид, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП Градски гробишта, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието,...

Continue reading

logo

Кривична пријава за поранешен директор на МЈП „Проаква“ – Струга

Post Views: 13 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(53) од Охрид, поранешен директор на МЈП „Проаква“-Струга, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на претпријатието на седница на управниот одбор во 2009 година предложил поради превработеност и тешка материјална состојба да бидат прогласени 23 вработени како технолошки вишок во РЕ „Водовод“-Охрид која е дел од МЈП „Проаква“-Струга. Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да...

Continue reading

pasko

Уапсен археолог Паско Кузман, осомничен за злоупотреба на службената положба

Post Views: 8 Рано утрово, во Скопје е упасен археологот Паско Кузман. Тој во претпладневните часови бил спорведен во Кривичниот суд. Портпаролот на МВР, ИВО Котески, за ТВМ  ја потврди оваа информација. Органите на прогонот го теретат  Кузман  за злоупотреба на службената положба.  Главна вест на првите страни на сите медуими  е денешното апсење  на првиот човек на Управата. Покрај него се уапсени уште тројца вработени во истата управа. Во соопштението на МВР стои дека „ пријавените со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку издавање...

Continue reading

основен суд

Паѓа превезот на урбаната мафија во Охрид

Post Views: 1 Испливаа на површина матни зделки од урбаната сфера. Службени лица, добро познати во охриската јавност, заработија кривични пријави. Станува збор за Војне Голабоски, Љ. Василеска, Н. Николоски, В. Каневчев и Ј. Лотески. На првите тројца пријавени одредена им е мерка куќен притвор во траење од 30 дена од страна на истражен судија при Основниот Суд во Охрид. Овие лица се теретат поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Според извештајот на СВР Охрид, првопријавениот Голабоски во својство на службено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top