Викендов во Охрид хуманитарен концерт на врвните руски уметници Синчук и Науменко
Post Views: 3
Директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, вo недела, на 11 ноември во црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот ќе организира хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко. Тие ќе изведат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори.
Настанот од областа на класичната музика ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес...