Ознака: сеча

ПСС спасуваше лице врз кое паднало дрво при сеча

Post Views: 9 Денес, во 9:39 часот, оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, доби повик од граѓанин кој пријави несреќа што се случила при сеча на дрва, на планински терен на потегот од село Косел кон село Опејнца. Според првичните информации, при сечата, поголемо стебло паднало врз еден од работниците и му нанело сериозни повреди. „Местото на несреќата беше лоцирано со помош на СМС системот за лоцирање, по што веднаш беше мобилизирана петчлена екипа која се упати на терен и во 10:12 часот пристигна на местото на несреќата.Кај повредениот, првично беа констатирани повреди...

Continue reading

Лабуништани загрижени за прекумерната сеча на дрва

Post Views: 0 Немилосрдно се уништува шумската површина во Лабуништа, струшко, реагира месното население. Претседателот на Месната заедница Алија Тасими, вели дека не се против работата на ЈП „Македонски Шуми“ да стопанисува со шумите, меѓутоа боде очи начинот на кој тоа го прават, надлежните во Струга. Тој вели дека и покрај тоа што протестирале пред струшкото шумско стопанство и оствариле неколку комуникации со директорот, тоа досега не вродило со никакви резултати, па го повикуваат директорот да дојде на лице место на терен, да види што се случува и да преземе соодветни активности...

Continue reading

jablanica

Прогласување на Јабланица за национален парк за да се решат проблемите со крадењето на дрва и неправилната сеча

Post Views: 6 Политичарите и надлежните посериозно да ги сфатат проблемите со неправилната, нелегална сеча и криволовството на Јабланица, бараат од Македонското еколошко друштво. Ѓорѓе Иванов, проектен менаџер во оваа невладина организација смета дека сите овие проблеми многу лесно би биле надминати доколку конечно се прифати нивната иницијатива за прогласување на планината Јабланица за национален парк во границите кои тие ги предлагаат. „Проектот или самата иницијатива за прогласување на јабланица за НП отприлика веќе трае седум осум години и за сево ова време Македонското еколошко...

Continue reading

Октишани протестираат против неконтролираната сеча на шумата на Јабланица

Post Views: 7 Октишани протестираат против неконтролираната сеча на шумата на Јабланица. Тие поднесоа петиција за поништување на одлуката за распишување тендер за сеча на шумата. Ние не протестираме за Македонски шуми што го пробиваат патот туку за фирмите кои го добиваат тендерот бидејќи на нив никој нема контрола. Ниту Македонски шуми, ниту полицијата може да исконтролира што сечат и колку, вели Енис Мемедовски, претседател на МЗ Октиси. Пред две години е исечено околу 50 % од шумата над Октиси ,а сега според мештаните имаат намера да го исечат и останатиот дел. Две локации во шумата...

Continue reading

НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата

Post Views: 3 Националниот парк Галичица, конечно,  ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува Бојаџи. Во...

Continue reading

Кривични пријави за двајца „октишани“ што краделе дрва

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Ц.(57) од струшкото село Октиси. Во пријавата, во врска со казненото дело „помагање“опфатено е и лицето С.С. (21) од истото село. Во вечерните часови на деветти овој месец во селото Октиси, двајцата пријавени се затекнати со мини трактор при нелегален транспорт на 1,89 м3 огревно дабово дрво. Првопријавениот Е.Ц. неовластено извршил сеча  на 1,89 м3 дрва од шумски терен во подрачјето на селото Октиси а потоа ги одзел и транпортирал до...

Continue reading

Во НП Галичица има бесправна сеча на шума на две локации

Post Views: 5 Бесправна сеча на шумата во НП Галичица има на две локации. Едната е в долж граничната линија со Република Албанија која се должи на одлуката на двете земји да не поставуваат строга контрола на бесправната сеча, а втората е во атарот на село Велгошти, информираат од НП Галичица. „ Имаше многу пати обиди од установата и други органи на државата , од МВР да се спречи бесправната сеча. Засега се безуспешни има бесправна сеча. Бесправната сеча е дел во атарот на НП Галичица, шумското стопанство Галичица како и шумското претпријатие Преспа – дрво од Ресен,“, вели Андон...

Continue reading

svr

Вевчанец незаконски издавал одобренија за сеча

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. Пријавениот во текот на 2013 и 2014 година противзаконски издал вкупно 176 одобренија со кои одобрил сеча на 11.040,оо м3 дрва, од кои се исечени и со испратница...

Continue reading

palmi

Охриѓани загрижени дека садењето на палмите ќе значи сеча на постоечките многулетни дрва

Post Views: 6 Дали садењето на палмите покрај кејот ќе значи и отстранување на автохтоните дрва во нивна непосредна близина? Охриѓани загрижени дека лошо им се пишува на многулетните дрва во чија непосредна близина се засадени егзотичните палми, особено на потегот од Центарот за обука на вода накај плажите. Оваа дилема во вид на пратеничко прашање беше актуелизирана и од страна на пратеничката Лилјана Попоска од партијата ДОМ. Таа го запраша заменик министерот за животна средина дали повеќегодишните стебла ќе се сечат за да се заменат со палми и за да се претвори Македонија во земја...

Continue reading

drva

Дрвокрадци од Велешта заработија кривични пријави

Post Views: 3 Поради нелегален транспорт на бесправно исечено дрво во шума кое не е жигосано и без испратница, полициската станица за граничен надзор Лабуништа при регионалниот центар Запад, поднесе прекршочна пријава против К.Х. (43) и В.Х. (39) двајцата од струшкото село Велешта. На први минатиот месец околу 16 часот и 15 минути, кај месноста Лозја атар на селото Ташмаруништа, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,5 метри просторни огревни дабови дрва во сурова-свежа состојба кои претходно не биле означени за сеча. Транспортот го вршеле на магистралниот пат Струга-Дебар...

Continue reading

drva

Акцијата „Гора“ продолжува во охридско-струшкиот регион

Post Views: 6 Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднела кривична пријава против четворица албански државјани. Со пријавата опфатени се и три лица од струшкото село Франгово и едно лице од селото Радолишта. На втори овој месец, на место викано “Гропа“ атар на селото Франгово, полициски службеници од гранична полиција Регионалниот центар“Запад“ ги затекнале албанските државјани како спротивно на Законот за шуми и Кривичниот законик вршат бесправна сеча на огревно...

Continue reading

drva

Дрвокрадци ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион

Post Views: 4 Дрвокрадци ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион. Дивата сеча години наназад е доброорганизиран бизнис од кој одлично се профитира. Организирани групи собираат големи количини огревно дрво кое со патнички, теренски и товарани возила најчесто го превезуваат ноќе и го продаваат по многу пониска цена од онаа на пазарот. Според граѓаните кои биле очевидци најмногу дрвокрадци има на планината „Петрино“и тоа над селото Велгошти. Се сечат сите видови дрва, но најмногу се сече бука, велат тие. Според Секторот за шумска полиција при Министерството за земјоделство шумарство...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top