Седум загинати во напад во Авганистан
Post Views: 5
Најмалку седум лица загинаа во вооружен напад во среда врз објект на Обединетите нации(ОН) во Кабул.
Одговорноста за нападот, во кој загинаа и три лица на персоналот на ОН, го преземаа талибанците.
Портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид изјави дека нападот е предупредување пред претстојните претседателски избори. Тој додава дека нападот го извршиле тројца самоубијци вооружени со експлозив и автоматски пушки.
Талибанците пред три дена преку официјално соопштение им се заканија на сите што работат на претседателските избори.
{loadposition content9}