Ознака: самовработување

Над 90 % искористеност на оперативниот план за самовработување во земјава

Post Views: 7 Анализите за реализација на оперативниот план за самовработување во земјава покажуваат висока искористеност. Македонските граѓани од една и пол милјарда денари за оваа намена искористиле 94,6 проценти, информира Беким Мурати, директорот на Агенција за вработување. Најголема заинтересираност кај невработените лица имало за мерката самовработување. 1800 лица успеале да отворат нови фирми, да опстојат и да се развиваат. Директорот Мурати, напомена дека и во Охрид има добра искористеност на опертаивниот план за самовработување. Охриѓани истотака, покажале голем интерес за...

Continue reading

Самовработување преку мерката „Од идеја до бизнис најуспешна во охридско“

Post Views: 0 Широк спектар на активни мерки, програми и услуги креира Агенцијата за вработување на Р Македонија. Во тек се повеќе мерки и програми кои се спроведуваат, информира Јован Баткоски од Агенцијата за вработување на РМ од Охрид. Тој нагласи дека една од најпопуларните која постои веќе 10 години е мерката за самовработување, „Од идеја до бизнис“. „Првиот циклус од оваа мерка за оваа година веќе започна, во нашиот центар аплицираа околу 30 лица од кои 19 успешно го положија тестот и ги остварија потребните предавања со обучувачите и одат во понатамошната фаза, изработка бизнис...

Continue reading

pretpriemaci

Младите охриѓани се запознаваа со можностите за отворање на сопствен бизнис

Post Views: 1 Младите охриѓани се запознаваа со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис. Денешната обука која ја спроведуваше фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола, заедно со Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Агенцијата за вработување произлегла како резултат на реалните потреби на младите од Охрид за нивно самовработување и отпочнување на некој бизнис. „Бизнис Старт Ап Центарот“ од Битола е фондацијата која во рамките на оваа обука им нуди реална поддршка на микро и малите претпријатија. Од битолската фондација велат дека најнапред...

Continue reading

agencija

Невработените ќе се пререгистраат

Post Views: 8  Околу  30-тина  лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и  земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани  преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема. До 1 декември  во Центарот за вработување може да аплицираат  невработени лица за поддршка при  вработување како почетници практиканти,  обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени...

Continue reading

agencija za vrabotuvanje

Малите претпријатија од Охрид незаинтересирани за владините кредити

Post Views: 2 Мал е интересот кај охридските мали претпријатија за   владините мерки  за намалување на невработеноста преку поволни кредитирања. Првиот оглас за кредитирање микро и мали претпријатија  кои ќе вработат лица регистрирани во агенцијата за вработување заврши во август. Иако на него се пријавиле само 4 претпријатија, од Агенцијата велат дека се задоволни од одзивот. Од таму се надеваат на поголем интерес за вториот оглас кој започна на 15 септември. „Овој проект е за прв пат оваа година промовиран, така да ова веќе е втор оглас оваа година. Првиот ми се чини како пилот...

Continue reading

biro

Сопствен бизнис за излез од безработицата

Post Views: 4 Расте интересот кај невработените охриѓани за самовработување. Невработените лица кои редовно се пријавуват во центарот за вработување, имаат можност да аплицираат во повеќе проекти за започнување на сопствен бизнис. Така, од средината на декември се спроведуваше проектот „Самоврaботување – од идеја до бизнис“, со кој се даваше можност за формализирање на веќе постоечките бизниси. Иако апликациите по таа активна мерка завршија, интересот кај невработените e многу голем, објаснува директорот на центарот, Ване Баткоски. „Доствени се пријавите во Скопје и веќе е...

Continue reading

globus travel

ТА „Глобус Травел“ дел од проектот за самовработување

Post Views: 1 Туристичката агенција „Глобус травел“  е дел од проектот за самовработување поддржан од владата и UNDP.  Сопственичка на агенцијата е Елена Лотеска Наумоска која започнува сопствен бизнис во туристичката сфера.„4 години работам во туризмот, имам контакти и сум во таа бранша вели Лотеска Наумоска. Сметам колку и да има туристички агенции нивниот број е мал бидејќи имаме добри атрибути за да го развиеме туризмот на максимално ниво, да не е само во лето туку преку цела година,“ објаснува таа. На гостите кои ќе доаѓаат во Македонија преку Глобус травел ќе им бидат презентирани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top