Ознака: садење

Паркови и зеленило започна со садење на зимско цвеќе

Post Views: 27 Екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со активности за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. Предвидено е  да се засадат вкупно 40.000 садници од  видот viola (очиња) од сопствено производство низ грдаските парковски површини, кружните сообраќајници,  патеката покрај каналот Студенчишта и пешачката патека до Парк.

Continue reading

Еко цртежи и садење садници за одбележување на Денот на планетата Земја

Post Views: 8 Дружба на генерациите, од најмали волонтери од бреинобреин програмата, како и детскиот час за приказни на англиски јазик, како и повозрасните волонтери кои ја следат програмата за стари лица денес ги обединија силите како достојно би го одбележале Денот на планетата земја. Еве што тие ни подготвија. “Сите тие се здружија за денеска заедно да посадиме садници кои што ќе го красат овој дел, кои ќе бидат и обележје и некој линк кој ќе ги поврзува овие две генерации, дечињата во рамки на доаѓањето во Црвениот крст и следењето на оваа програма, ќе ги залеваат со вода,...

Continue reading

домат

Охридските земјоделци ги прават подготвките за оранжериско садење на домат

Post Views: 1 За охридските земјоделци средината  на април е време кога се расадува домат во пластениците. Земјоделци ги прават завршните подготовки на почвата за садење во оранжериите. Ванчо Стојаноски, охридски земјодлец поборник за органското производство,  при тоа препорачува  употреба на препарати кои ќе го подобрат квалитетот на земјата. Постојат големи ризици  почвата да заболи и да се инфицира  од претходните насади од земјоделските растенија па затоа е потребна и нејзина соодветна подговотка, предупредува Стојаноски. Посочува  соодветни третмани за заштита. Наведува дека...

Continue reading

dvor

Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина

Post Views: 0 Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина. Родителите со сопствени средства и работна сила ќе засадат 3000 цвеќиња донесени од приватни расади. Сега временските услови не се погодни за садење, но ќе ја изораме и фрезираме дворната површина со што ќе ја подготвиме за пролетното садење, вели Душко Цветкоски еден од иницијаторите на оваа акција. На ова место 25 години ништо не било направено.ВД директорот на ова основно училиште, Тони Симоновски вели дека се радува на оваа иницијатива и на соработката со родителите. Дворот на едно училиште всушност е...

Continue reading

den na drvoto

Пролетва нема „Ден на дрвото“

Post Views: 14 Оваа пролет по се изгледа ќе мине без очекуваната акција „Ден на дрвото“. На крајот на месецов или почетокот на идниот, Македонија требаше да засади околу две милиони садници со што би се заокружила бројката од 30 милиони дрвца засадени од почетокот на оваа акција пред 4 години. Сепак иако најавена, акцијата беше презакажана за наесен. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во нивното соопштение како причина за откажувањето на акцијата ги наведуваат високите температури и наглото топење на снегот. По консултации со стручни лица од областа, министерството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top