Ознака: реките

Зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, се намалуваат нивоата на реките

Post Views: 8 За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е понизок од просекот за декември и тоа за 1,55 метри со што е три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм), додека нивоата на Охридското и Дојранското Езеро се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината и тоа за два сантиметри кај Охридското, односно за...

Continue reading

Реките во БиХ излегоа од коритата

Post Views: 2 По последните податоци од хидрометеоролошките станици во Босна и Херцеговина, дозволената кота е премината на реките Уна, Сана, Врбас и Босна. Водостоите на реката Врбас и Врбања се во опаѓање во однос на вчерашните мерења, додека на останатите реки е во пораст. Уна и Сана се излеале од коритата па во Нови Град се на сила редовни мерки за одбрана од поплави. Спрема податоците од центарот за известување во изминатите неколку дена наврнале 91 литри дожд на метар квадратен. Надојдените реки предизвикале големи проблеми во населените места околу Бања Лука, Градишка и други...

Continue reading

Нова златна треска

Post Views: 9 Аматрески трагачи по злато ги пребаруваат пресушените корита на реките во подножјето на Сиера Невада која во средината на 19 век привлекувала на илјадници ловци на злато. Најлошата суша во Калифорнија во последните стотина години предизвикала нова златна треска во Америка. Аматери, авантуристи и фамилии ги пребаруваат и по неколку пати исушените реки кои долго време не беа достапни и тоа со истата технологија користена во времето на златната треска, рачно сеат песок со мрежа која ги задржува камењата. Една од најголемите суши која ја погодија Калифорнија ги принуди локалните...

Continue reading

Врнежите ќе ја подобрат хидролошката состојба на езерото и реките во охридскиот слив

Post Views: 2 Под влијание на студен бран од Медитеранот, денес и во наредните четири дена во нашата земја се очекуваат интензивни врнежи од дожд, на места и до 50 литри на метар квадратен а во западните предели и до 70 литри на метар квадратен. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека не се очекува врнежите да предизвикаат поплави и излевања на реки и водотеци, освен во исклучителни случаи на натпросечни врнежи. Општина Охрид во повеќе наврати интервенираше на чистење на каналите и речните корита така што до излевањње на водите не би требало да дојде, велат од таму. „Денес...

Continue reading

logo

Што ги „пие“ реките во Кина?

Post Views: 9 Минатата недела кинеското Министерство за водени ресурси, објави дека според 3-годишниот попис во земјата има 22.909 реки со поголема површина од 100 километри квадратни. Прво нешто на што се извади владата беше глобалното затоплување, на второ место беа застарените техники за мапирање со кои се правеле мапите во 50-те, заради што тогаш им излегол така голем број на реки. Сепак главен виновник е катастрофалната комбинација од бум на населението, кој е дополнет со индустријализацијата на земјата која ги загадува и онака ограничените резерви со вода. Денешниот систем за...

Continue reading

Реките загадувачи забрзано го задушуваат она што постои повеќе од милион години во езерото

Post Views: 6 Сатеска, Велгошка и Коселска, реките кои го сочинуваат крвотокот на охридскиот слив  извираат од недопрената природа на Илинска, Плаќенска Планина, горен слив на Дебрца. Но, кристално чистите водотеци на својот пат кон Охридското езеро доаѓаат во допир со човекот. Во долните текови кои минуваат низ населени места, бреговите се деградирани со диви депонии од комунален и градежен шут, обраснати со вегетација, наталожена тиња измешана со отпадоци. Велгошка Река, позната  како  Сушица  или Грашница  во долниот  тек,  прима  отпадни  води  од охридската  индустриска  зона,...

Continue reading

Дното на Охридското езеро вистинска депонија

Post Views: 6 Дното на Охридското езеро вистинска депонија. Местата каде што се влеваат реките Грашница, Сатеска и Даљан има многу наноси и цврст отпад, вели меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски. Ова е забележано при акцијата за пренуркување на дното на езерото која започна пред еден месец. Во понатамошните активности за пренуркување на езерото покрај тоа што имаме планирано да направиме документарна емисија и изложба на подводни фотографии ќе превземиме и конкретни мерки за чистење на дното на езерото, вели Секуловски. Тоа ќе биде доста сложена и скапа активност,...

Continue reading

altanin most

„Алтанин мост“ ќе добие ново лице

Post Views: 1 Општина Охрид ќе го санира “Алтанин мост“ кој по континуираните  врнежи од дожд и снег и надојдените води на  реките  низ територијата на општина Охрид, има оштетувања. Градоначалникот Никола  Бакрачески  по извршените консултации со стручните служби од општината ,  издаде наредба за санација на мостот веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови. Причината за позначителните оштетувања на Алтанин мост,стручните лица од секторот ги детектираат во надојдените води на река Сатеска и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот. Надлежните лица...

Continue reading

poplavi

Полека се нормализира состојбата во домовите на граѓаните кои беа поплавени во текот на вчерашниот ден

Post Views: 11 Постепено нормализирање на ситуацијата во домовите и дворовите на граѓаните кои во текот на вчерашниот ден беа поплавени поради обилните врнежи. Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со секретарот на општината Димитар Спасески и стручни служби, вчера и денес претпладне ги посетија најпогодените населби Даљан и Воска. Најкритична ситуацијата на улиците „Дејан Војвода“, „Ариф Мустафа“ и „Сатеска“. „Градоначалникот Бакрачески им наложи на стручните служби да обезбедат поголем број на пумпи со кои ќе се одведува водата од поплавените простори, дворови или домови на...

Continue reading

reka

Ќе се анализира загадувањето кое го предизвикуваат реките Сатеска, Велгошка и Коселска

Post Views: 13 Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро. Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со...

Continue reading

ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА ЗАШТИТНИ БРАНИ СО МРЕЖА НА РЕКИТЕ ОД СЛИВНОТО ПОДРАЧЈЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Post Views: 1 Општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од сливното подрачје на Охридското Езеро. Целта на овие метални механизми е да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во езерските води. Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период вакви заштитни мрежи ќе бидат поставени и на останатите речни корита. Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП “Градски гробишта“.

Continue reading

Поплавите се гледаат од вселената

Post Views: 4 Снимките на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска се направени со сателитот Aqua на 19 мај. На нив јасно се гледаат поплавените региони кои се истакнати со црна боја во однос на зелената која ја претставува вегетацијата и земјата која е со сива боја. Боите се малку изменети за полесно да се воочи разликата во димензиите на реките, се наведува на интернет страницата на NASA Earth Observatory. На подрачјето на Балканот во тек на три дена паднала количина на дожд еднаква на тримесечен просек, што доведе до разорни поплави и загуба на човечки животи. {loadposition cont...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top