Ознака: регионална

режија во твм телевизија

ТВМ ТелевизијА одбележува 30 години постоење

Post Views: 13 Регионална телевизија ТВМ одбележува 30 години постоење. На 26-ти јануари 1992 година започна да зрачи во етер сигналот на една од првите приватни ТВ станици во Македонија. Од простории на старото училиште Св. Сава, со скромна техника, група ентузијасти започнаа со реализација на првата емисија во живо од контактно забавен карактер. Од тој ден, до денес, над 100-на новинари, техничари, сниматели и друг кадар вградија дел од себеси во медиумот, вложувајќи труд, знаење и љубов. Години на обуки на кадарот и зајакнување на техничкиот капацитет во услови на ограничени ресурси,...

Continue reading

РЕГИОНАЛНА ФОЛКЛОРНА РЕВИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ОСМИОТ РЕГИОН ВО ВЕВЧАНИ

Post Views: 0 Вчера, понеделник 20 мај 2019 год.во Домот на културата во Вевчани се одржа 17-та по ред фолклорна ревија на песни,музика и игри на Здруженија на Пензионерите од осмиот регион, Охрид, Кичево, Струга, Гостивар, Македонски Брод и домаќинот Вевчани. На ревијата настапија околу 300 фолклористи и инструменталисти од југо-западниот дел од републикава со свои етно-фолклорни напеви од своите подрачја.Ревијата на која присуствуваше и претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, ревијата за отворена ја прогласи претседателот на Сбранието на СЗПМ Илија Адамоски.За успешниот настап на...

Continue reading

Напуштена идејата за изградба на регионална депонија во Дебрца

Post Views: 2 Градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион остварија средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на која се презентираа идните активности кои се однесуваат на воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони.„Најновото предлог техничко решение за регионалната инфраструктура предвидува изградба на една регионална санитарна депонија за двата региони, лоцирана во село Добрашинци, општина Новаци и претоварни станици во Дебар, Охрид, Кичево, Битола и Прилеп, со што и дефинитивно се напушта претходниот...

Continue reading

ЕУ ја финансира изработката на студијата за изградба на регионална депонија

Post Views: 0 Европската унија ја финансира изработката на студијата за изградба на регионална депонија во Југозападниот плански регион. Иако во Македонија постојат стотина диви депонии, последните настани со опожарувањето на Струшката дива депонија и нејзината близина до градот, ја истакнуваат потребата од поактивно учество на ЕУ во решавањето на овој проблем, истакна Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар. „Токму поради тоа ја финансираме изработката на студијата за целиот Југозападен регион, моментално се подготвуваат документите за финансирање, за изработка на тендерите...

Continue reading

George Ivanov

Претседателот Иванов на неформална регионална средба во Албанија

Post Views: 11 Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе отпатува во албанскиот град Валона на неформалната средба со неговите колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ. Дводневната средба се одржува на покана на албанскиот претседател Топи и според најавата од неговиот Кабинет, таа е во функција на продлабочување на регионалната соработка. Според Кабинетот на албанскиот претседател, четворицата шефови на држави на средбата ќе разговараат за „билатералните односи, регионалната соработка  и за перспективите за  развој во насока на заедничката...

Continue reading

Проектот за изградба на Регионална депонија е во напредна фаза

Post Views: 6   Регионалната депонија во Југозападниот плански регион, сеуште останува еден од најприоритетните проекти за реализација. Најитна работа која што треба да се направи за изградба на регионална депонија е да се одреди локација, вели Слаѓан Пенев, од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања. Додава дека најинтересно е тоа што секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија бидејќи гледаат кои се предностите од тоа, што во минатото не беше случај. „Дали со Јавно приватно партнерство, дали само тоа ќе биде во сопственост на регионалните власти...

Continue reading

Регионална конференција за реадмисија и зајакнување на капацитетите на структурите за миграција на Западен Балкан

Post Views: 4 Ефективните политики за враќање, реадмисија и реинтеграција на мигрантите, со целосно почитување на меѓународното право и стандарди, се централни аспекти на доброто управување со миграциите и главна тема за дискусија на Регионалната конференција за реадмисија и борбата против нерегуларната миграција во Западен Балкан, која се одржува од 27 до 29 октомври 2021 година во Охрид, Македонија.Конференцијата е втора од низата настани за подигнување на свеста, коорганизирани од страна на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), Хилфсверк Интернешнл (Hilfswerk...

Continue reading

Идејата за изградба на регионална депонија во Годивје е напуштена

Post Views: 0 Дебарца ја доби битката, министерството за  животна средина се откажа од идејата за изградба на депонија во селото Годивје. Сега се бара нова локација, надвор од сливното подрачје на Охридското езеро. Под притисокот  на стручната јавност и населението на Дебрца,  кое под никакви услови не попушташе да се гради депонија во еколошки чистата средина,  се напушти таа идеја. Второстепената владина комисија го поништи решението, поради пропусти при што не беа земени мислења на стручната јавност и Унеско,  а предметот повторно е вратен на разгледување. „Сакам јасно да кажам,...

Continue reading

УВАЖЕНА ЖАЛБАТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ИЗГРАДБА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

Post Views: 10 Добиена првата битка во активностите што ги спроведува општината Дебарца против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје. Општината добила позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје. Градоначалникот на општина Дебарца, Зоран Ногачески, информира дека е добиено позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз...

Continue reading

Миле Јанакиевски

Ќе минува ли новиот „Пат на свилата“ низ Македонија?

Post Views: 8 Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески учествува во меѓународната конференција „Патишта на свилата: инспирации и можности”, која се одржува денес во Истанбул, Турција. „Македонија, со својата географска позиција отсекогаш била стратешка точка за транспорт на Балканот, од причина што се наоѓа на крстопатот на многу рути кои водат од Европа до Азија и Блискиот Исток. Во моментот ние сме посветени и фокусирани на изградбата на нови автопати, нови железнички пруги и модернизација на старите, долж паневропските коридори кои поминуваат низ нашата земја”,...

Continue reading

Дебрчани градат црква на локацијата предвидена за регионална депонија

Post Views: 2 Во Дебрца нема да се гради регионална депонија додека јас сум градоначалник, порачува Зоран Ногачески. Најави јавни дебати со ресорното министерство каде што ќе се соочат со против аргументи. Ногачески се повикува на претходно изработената документација за регионалниот интегриран систем за управување со отпад изработена од грчки консултант од пред две години во која има друго решение за лоцирање на регионалната депонија. „ Во меѓунроднатиот план за управуавње со регионачанат отпад стои дека најсоодветна локација е напуштениот рудник за лигнит Осломеј, покрај ова локација...

Continue reading

agencija za turizam

Клуч на врата на канцеларијата на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Струга

Post Views: 1 Вработените во Агенцијата за подршка и промоција на туризмот кои работат во Струга, на улица. Тие не ќе можат веќе да го користат канцеларискиот простор во кој беа сместени досега. Тие од в понеделник не знаат каде ќе ги извршуваат своите работни задачи. Спратот од зградата на Кеј 8ми Ноември, каде се наоѓа канцеларијата на Агенцијата вчера беше  продаден на јавно наддавање преку извршител за подмирување на долг на општина Струга кон проектанска фирма.  Во оваа канцеларија функционираше Комисијата за доделување на субвенции во туризмот која е составена од три члена и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top