Ознака: реализација

Над 12 милиони денари за реализација на проекти на НУ „Завод и музеј“ Охрид

Post Views: 25 Министерството за култура годинава за реализација на проектите на Националната установа „Завод и музеј“ од Охрид, издвои нешто повеќе од 12 милиони денари или за 4 милиони денари повеќе од 2021 година. Станува збор за средства кои во најголем дел ќе се искористат за реализација на проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство од програмата на НУ Завод и Музеј Охрид, објаснува директорот Мишко Тутковски. Тука пред се е започнувањето на работите на куќата на Момирови, лоцирана над античкиот тесатар и во сопственост на охридскиот Завод и музеј, за...

Continue reading

Хидробиолошки завод-Охрид доби финансиски средства од државата за реализација на тригодишни проекти

Post Views: 2 Седум Јавни научни установи и Институти, по цела деценија добија финансиски средства од државата за тригодишни проекти, со кои треба да се збогати нашата научна дејност.ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид е еден од научните институти кој преку ваков национален проект ќе ја испитува еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато. Државата за оваа намена издвои средства во висина од вкупно 19 милиони денари, кои се директна поддршка на истражувањата. МОН и Владата продолжуваат да вложуваат и да градат систем со кој ќе се обезбеди континуитет во финасирањето...

Continue reading

Иницијатива за реализација на проект за реставрација на река Сатеска

Post Views: 1 Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца со седиште во с.Белчишта бб општина Дебрца достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца. Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да...

Continue reading

Vlada

Реализирани над 90 отсто од плановите на Владата за првите сто дена

Post Views: 3 Владата реализираше над 90 проценти од ветеното во програмата со која ја доби довербата од граѓаните. Остварени се планираните 183 проекти и мерки и дополнителни 11 проекти, а се интензивирани и претходно почнатите активности за реформи во многу области, истакна во денешното обраќање  премиерот Никола Груевски, кој направи пресек на исполнетите владини ветувања од формирањето на владинот кабинет пред сто дена.  Премиерот истакна оти во изминатите 100 дена Владата работела секојдевно и посветено на решавање на проблемите на граѓаните и на развој на државата и порача дека...

Continue reading

Наскоро се очекува почетокот на реализација на проектот Дувло или Свинишки извори

Post Views: 8 Наскоро се очекува да почне со реализација на проектот за подобрување на водоснабдувањето на Охрид и населените места од поранешната општина Косел од изворот Дувло или Свинишки извори. Капацитетот на изворот е 220 литри во секунда и со цевковод фи 400 и ќе биде во должина од 21 км. Владата и Локалната самоуправа финансиски ќе го поддржат започнувањето на проектот вреден 3,2 милиони евра, а парите се проектирани во буџетот , информира Свeтозар Стефановиќ,  дирeктор на ЈП Водовод . „Проектот ќе се изведува во две фази. Во првата фаза, околу 1,2 милиони евра средства се...

Continue reading

Министерството за култура одобри средства за реализација на три проекти за Охридскиот народен театар за годинава

Post Views: 1 „Сопружници“ ,„ Балкански шпион“ и „Изгубени Германци“ се трите театарски проекти за кои Министерството за култура одобрило финансиски средства на Охридскиот театар за оваа година. Станува збор за две комедии „Сопружници“, адаптирана драма од Вуди Ален, во режија на Драгана Танеска ,  „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ во режија на Љупчо Георгиески и политичката драма „Изгубени Германци“ од Дејан Дукоски во режија на Сашо Миленкоски. Аплициравме со 7 проекти , но ни се одобрени овие три, напоменува Горан Симоноски директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“. „...

Continue reading

Градоначалникот Ногачески го објави планот за реализација на нови инфраструктурни проекти до крајот на 2019 година

Post Views: 8 Наша основна определба беше и е да се фокусираме на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општината и во тој контекст со средства од Буџетот на државата, ЕУ фондовите, буџетот на општината и други расположливи извори да инвестираме во капитални инфраструктурни проекти. Во оваа прилика ќе потенцирам повеќе инфраструктурни проекти кои ќе ги започнеме и реализираме ( некои се отпочнати ) до крајот на оваа година и тоа : ОРОВНИК-хортикултурно уредување на просторот кај јарболот и дел од главната влезна улица во селото ( средства од Биро за регионален развој,...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Турбулентно кратење на буџет, слаба реализација на комунални проекти

Post Views: 1 Локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески после најтурбулентното кратење на средствата во буџетот, само на хартија ги реализира ветувањата за поголемите комунални проблеми кои ги мачат не само жителите на градот Охрид ,туку и на населбите кои гравитираат кон Охрид, обвини на денешната прес конференција Лидија Петкоска – советник ВМРО-ДПМНЕ. „Охриѓани имаат право да знаат дека и покрај ветувањата, цели шест месеци не се чепна буквално ништо во делот: – Изградба на фекална канализација во населба Рача (краци меѓу регионален пат Охрид...

Continue reading

opstina debrca

Општина Дебрца работи транспарентно

Post Views: 0 Транспарентноста е една од најважните принципи врз кои се базира работата на Општина Дебрца. Низ двегодишниов период сведоци сме на огромен број реализирани проекти кои се од витално значење за Општина Дебрца. Таквиот принцип на работа Локалната самоуправа го продолжува и понатаму па својствено на тоа, во оваа прилика, како Градоначалник на Општина Дебрца би сакал да Ви ги најавам и следниве круцијални проекти кои ќе започнат со реализација: Прв проект-Канализација во с. Велмеј. Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак,...

Continue reading

logo

Министерството за култура го објави конкурсот за манифестацијата „Град на културата 2015 година“

Post Views: 1 Министерството за култура, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2015 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2015 годинa“. На Конкурсот може да учествуваат градовите во Република Македонија, кои треба да достават програма со препознатлива културна и историска традиција и со презентација на актуелните...

Continue reading

sednica

Ќе се гради пешачка патека Ташмаруништа – Струга

Post Views: 3 Предложени се 16 точки на дневен ред по кои е предвидено да работи Советот. Струшките советници ќе треба да се произнесат по предлог – одлуката за утврдување на работното време на занаетчиските дејности во Струга. Исто така ќе расправаат по точките за разрешување и именување на нови членови на управните одбори  на ОУ во Делогожда и за ЈП Комунално Струга, а на дневен ред се најдоа и кварталните извештаи за работата на Јавните Претпријатија, Проаква, Хигиена од Лабуништа и ЈП „Октиси“ од Октиси. Утре советниците ќе треба да одлучуваат и за изградба на пешачка патека...

Continue reading

kontejneri

Децата од ОУ „Дебрца“ за почиста општина

Post Views: 0 ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта заедно со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавното комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска започнаа  со реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца. Со Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, предвидено е истражување за еколошката состојба во  Општина Дебарца, проект кој започна денес, а ќе трае до 21.03.2014 година. Во активностите кои ќе бидат реализирани во шест работни седмици учество ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top