Ознака: работник

Професорот Марјан Радески добитник на признанието Просветен работник

Post Views: 1 Професорот Марјан Радески од Охрид, директор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ е меѓу 4цата добитници на државното признание просветен работник за учебната 2019/2020 година. Покрај Радески, признанието го добија и професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка и педагогот Маринела Бошева од Скопје. Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска.  Честитајќи им на наставниците кои со својот труд, креативност, иновативност и посветеност кон децата вклучени во училишно и предучилишно образование оставиле посебен белег,...

Continue reading

На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата

Post Views: 5 На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април. Ова е резултат само од оваа антикризна мерка на Владата како поддршка на стопанството за ублажување и справување со последиците од коронакризата која е од значителна помош за компаниите кои беа први на удар на кризата и кои ги исполнија условите, односно покажаа загуби со закана за загуба на работни места. Од вкупниот број на поднесени барања, 2.377 барања...

Continue reading

Слики вредни милиони

Post Views: 11 Две слики, вредни неколку милиони евра, кои се украдени 1970 година во Лондон, се пронајдени по долгогодишна истрага, на Сицилија во куќа на еден пензионер кои ги држел закачени во кујна, соопштила италијанската полиција. Станува збор за слики од историско и уметничко значење, изјавил генералот Мариано Моса челник на полициското одделение задолжено за културно наследство. Тој на денешната прес конференција ја реконструирал истрагата која довела до откривање на платната на Пол Гоген (1848-1903) и Пјер Бонар (1867-1947). Станува збор за делата „Овошје на маса или мртва...

Continue reading

Гладијаторите дома против Еурофарм Работник

Post Views: 4 Ракометарите од Охрид во сабота во 19:30 на домашен терен против составот на Еурофарм Работник, ги започнуваат натпреварите од плејофот на најквалитетната ракометна лига во Македонија. „Гладијаторите“ по втор пат ќе бидат во завршницата од Супер лигата по минатата сезона кога финишираа на петтата позиција. Охрид регуларниот дел од Супер лигата го завршија на првата позиција, но „фармацевтите“ во двата натпревари го совладаа охридскиот состав. Сабота, 01.04 во 19:30, директен пренос на ТВМ Телевизија.

Continue reading

РК Охрид утре игра против Еурофарм Работник

Post Views: 5 Утре екипата на РК Охрид  во СРЦ Билјанини извори ги пречекува Еурофарм Работник во 17тото коло од машката ракометна Супер лига. Тоа за охридските ракометари е последен натпревар на домашен терен во првиот дел од првенството.  Против силната екипа од Битола која има квалитетни интернационалци, РК Охрид ќе настапи без Георгиески и Тасески.  РК Охрид го раскина договорот со Дарко Георгиески и натпреварите во Супер лигата ќе ги продолжи без него, додека пак пивотменот Иван Тасески е повреден. „Тасески има расекотина на раката која не може да се санира до утрешниот натпревар...

Continue reading

Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник

Post Views: 7 Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник. Нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата, во четвртото плејоф коло. Капитенот на РК Крсте Андоноски, оптимист дека утре ќе слават и покрај тоа што смета дека нивниот противник е добра екипа со солидни играчи на секоја позиција, додека пак охридскиот тим бил со ограничен ростер на играчи. „Дека се моќна екипа покажа и нерешениот резултат во Битола со екипата со Металург кој успеа да се спаси од пораз во последните секунди од натпреварот. Ние сме со ограничен ростер, но тоа...

Continue reading

komemoracija

Охриѓани се простија од големиот спортски работник и професор Влатко Димитров

Post Views: 2   На комеморацијата одржана во општиското средно стручно училиште Св Кирил и Методиј со  едноминутно молчење му одадоа последна почит од школото  каде што тој работеше и го даваше својот придонес за развојот на спортот во Охрид. Во присуство на смејството на почитуваниот професор Влатко Димитров пригодно обраќање имаше директорката Славица Костоска. Таа потесети на неговите човечки и професионални  квалитети.  „Беше тивок, но енергичен човек. Неуморен, амбициозен, храбар и непоколеблив, полн со ентузијазам. Секогаш доследен на своето мото: „Во здраво тело, здрав дух“....

Continue reading

Почина работник од Албанија кој извршувал работни обврски во Свиништа

Post Views: 1 На 5-ти јули 2021 година, во 21:20 часот, во СВР Охрид, од Општа болница Охрид пријавено е дека кај нив бил донесен повреден 40-годишниот Т.Ч. од Република Албанија кој, по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. – Од преземените мерки на 6-ти јули 2021 година во присуство на Јавен обвинител, инспектори од Државниот инспекторат и полициски екипи, констатирано е дека Т.Ч. бил шумски работник, кој со повреди се здобил извршувајќи работни задачи за сеча на дрва во месноста „Грагорица“, во атарот на охридското село Свиништа, информираат од СВР Охрид.

Continue reading

evra

Градежен работник добитник на 100 илјади евра на Ново Лото

Post Views: 0 Државна лотарија на Македонија информира дека вчера добитникот на 7-ката од 77-мото коло од играта на среќа НовоЛото 7/34 ги посети просториите на Државна лотарија на Македонија и ја подигна својата добивка.Добитникот, кој сакал да остане анонимен  Добитникот на втората 7-ка на Државна лотарија на Македонија бил 50 годишен градежен работник, кој иако уплатата ја извршил во Битола, сепак не е битолчанец, соопшти Лотаријата.Добитникот уплатил две ливчиња со по 10 комбинации, од кои едното вреди 100.000 евра. {loadposition content9}

Continue reading

V Spaseski

Почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески

Post Views: 1   Денеска во 75тата година од животот почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески. Спасески својата спортска кариера ја започна во Фудбалскиот клуб Охрид а во долгите години на спортските терени играл за повеќе клубови како Брегалница од Штип, Работнички Скопје, Пелистер – Битола, Победа од Прилеп, Младеновац од Република Србија. Во неговата биографија стои дека играл и за Студентската репрезентација на СР Македонија во 1961 та година. Војислав Спасески долги години беше тренер на Фудбалскиот клуб Охрид. А како неуморен спортски работник беше и основач...

Continue reading

cador

За сексуалните работници доаѓаат нови денови

Post Views: 1   Полека се надминува опшетствената дискриминација кон сексуалните работници.  Во Охрид, веќе четири години на сексуалните работници поддршка во оставрување на нивните права и заштита им дава НВО Опција. Организацијата составена од тим на социјален работник, педагог и правник ги едуцира сексуалните работници како да се заштитат од Хив Сида, од сексуално преносливи инфекции и несакана бременост. Се едуцираат за да се зајкне нивната заедница, сами да се борат за нивните права, вели Јулијана Настоска, социјален работник од Опција. За оваа проблематика Опција  има соработка...

Continue reading

posebni deca

Дневниот центар „Зраци“, се бори за опстанок

Post Views: 0 Згрижувањето на децата со интелектуална попреченост во Охрид, е процес полн со предизвици. Денес во посета на дневниот центар „Зраци“, беше првиот човек на општина Охрид д-р. Никола Бакрачески. Целта на посетата беше градоначалникот лично да ги види условите за работа во овој центар и да ги слушне нивните проблеми и потреби. Орхидеа Топенчарова мајка на дете кое го посетува центарот, вели дека во моментов самите родители го финансираат центарот, додека пак УНДП го плаќа надоместокот за двете ангажирани лица. Родителите бараат Министерството за труд и социјална политика...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top