Ознака: пушење

9 прекршувања на Законот за пушење во два угостителски објекти во Охрид

Post Views: 11 На 05/06.02.2022 од 23 до 01 часот, СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во угостителски објекти во Охрид, при што во два објекти регистрирани се девет прекршување на одредби од Законот за заштита од пушење. По однос на констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

smoking

Цигарите во иднина само на рецепт?

Post Views: 2 Законскиот предлог што го разгледува исландскиот парламент предвидува пушењето да се прогласи за зависност, а тоа значи дека кон пушачите ќе треба да се однесуваат како кон болни луѓе кои редовно треба да посетуваат лекар, а цигарите ќе ги добиваат во аптека. Во согласност со предлогот, лекарите би требало да ги поттикнуваат пациентите да престанат со пушење и да ги праќаат на сеанси за одвикнување,а доколку тоа не помогне ќе им препишуваат цигари. Доколку би биле прогласени за пациенти, пушачите не би ги добивале цигарите бесплатно, туку би ја плаќале нивната пазарна...

Continue reading

morkov

Пушете моркови

Post Views: 1 Забраната за пушење во новозеландските затвори ќе стапи на сила од 1 јули. Во интерен извештај на затворот Инверкаргил, во јужниот дел од земјата, се наведува дека затворениците дневно ќе добиваат по две парчиња морков додека се одвикнат од пушење. Претседателот на синдикатот на затворски чувари, Бивен Хенлон, за весникот „Саутленд тајмс“ рекол дека кога слушнал за проектот помислил дека е шега. „ Не сум сигурен дека е тоа фантастична идеја, но зошто да не се обидеме“, рекол тој. {loadposition content9}

Continue reading

pepelnik

Во Грција почна акцијата: „Да ги вратиме пепелниците на маса“

Post Views: 4 Сопствениците на ресторани и барови во Грција се побунија против владината одлука за забрана за пушење на јавните места која на сила стапи од 1-ви септември и покренаа сопствена акција „Да ги вратиме пепелниците на маса“. На законот едногласно му се спротивставиле 152 здруженија кои делуваат под заедничкото име „Сојуз на ресторани и барови“, изјавил неговиот лидер Јанис Цакос. Тој рекол дека со оглед на кризата, која веќе го намалила бројот на посетители во локалите за третина, законот само ќе го доведе овој сектор во пропаст. Денеска на масите пред кафе-баровите на...

Continue reading

pushenje

Прва анти-антипушачка кампања

Post Views: 8 Во време кога секојдневно не бомбардираат со разни, се поморбидни антипушачки слики и слогани, на некои жители на Задар се чини им пукнал филмот, па поведоа антиантипушачка кампања со невообичаени, но оригинални налепници. Тие се направени со стандардни димензии на службените антипушачки налепници, па така лесно можат да се лепат преку нив. Исто како оние што се на цигарите. Основниот слоган на антиантипушачка кампања е “Пушење до јајца”, а по него следат: “Пушењето сериозно го полни државниот буџет”, “Пушењето е важен дел од предиграта”,...

Continue reading

logo

Пасивното пушење убива 600.000 лица годишно

Post Views: 5 Светската задравствена организација (СЗО) апелираше за подобра заштита на непушачите, нагласувајќи дека пасивното пушење цигари е причина за смртта на околу 600.000 лица годишно. Во извештајот на СЗО, објавен синоќа во Женева, се наведува дека со законите кои го ограничуваат пушењето се заштитени само 5,4 проценти од севкупната светска популација.– Потребна е итна акција за заштита на луѓето од смрт и од болести предизвикани од изложеност на чадот од тутун, изјави раководителот на Секторот на СЗО за непреносливи болести и ментално здравје, Ала Алван.Според СЗО,...

Continue reading

logo

Во Хрватска стоп за пушењето и на јавни места

Post Views: 9 Хрватска од денеска целосно го забранува пушењето на јавни затворени места, официјално е соопштено. Забраната е регулирана со закон, кој во Хрватска од денеска стапува на сила. „Шестмесечниот преоден период за баровите и рестораните истекува денеска и законот за целосна забрана на пушењето целосно ќе стапи на сила“, соопшти хрватското Министерство за здравство. Целта на законот, е да се заштитат непушачите кои сочинуваат 68 проценти од 4,4 милионското население на Хрватска. Казните за прекршување на законот изнесуваат до 2.100 евра за поединци и до 21,000 евра за сопственици...

Continue reading

лого

Се прекројува законот за заштита од пушење

Post Views: 6 Со Законот за заштита од пушењето се уредува начинот на заштита од штетните влијанија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувување на животната средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите. Според предлагачите на измените, со измените и дополнувањата на текстот на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се построги правила на заштитата од пушењето кои, особено во делот на заштитата од пушењето во угостителските објекти, се преограничувачки и за вршителите на угостителската дејност и за корисниците...

Continue reading

Нема укинување на Законот за заштита од пушење

Post Views: 3 Нема укинување на Законот за заштита од пушење. Од еснафот на угостители од Охрид велат дека тие биле иницијатори на само некои измени на законот и додефинирање на работите, а не и негово целосно укинување. Пратеникот Томислав Тунтев кој беше предлагач на ова барање во Парламентот на РМ вели дека во овој момент не постои никаков нов предлог закон што го изготвила Владата ниту пак нов предлог што е во владина процедура, ниту пак некакви работни групи изготвиле некаков нацрт текст. Во овој момент во собраниска процедура е предлогот на седум пратеници за измени во законот...

Continue reading

pogreb

Нема пушење на погреби и задуши

Post Views: 2 Нема веќе пушење на погреби или парастоси, односно секогаш кога е присутно свештено лице кое извршува служба. Ова важи и покрај фактот што се работи за отворен простор, поповите сметале дека пушењето не е соодветно, пишува весникот Вест. Со пушење на погреб и задушница се сквернават светите служби и се пропагира зависноста кон пороци, велат свештениците– објавува „Вест“ во денешното издание. Според весникот оваа одлука веќе стапила на сила, и од неодамна поповите веќе им наредувале на верниците кои се присутни на службата веднаш да ги фрлат цигарите. Поповите дури и...

Continue reading

logo

Ќе се менува ли законот за пушење?

Post Views: 8 Либералната партија на Ивон Величковски со низа предлог измени на законот за пушење во затворени простории. Една од нив е и измена во делот на физичката поделба, односно половина од објектот да биде за пушачи, останатата половина за непушачи.Тој предлага и овозможување на пушењето во затворени простории доколку има вентилациски уреди. – За жал немаме намалување на бројот на лица со заболувања како последици од пушењето, второ очигледно е дека забраната влијаеше врз угостителските објекти, врз прометот, а знаеме дека угостителството е значаен дел од нашата економија....

Continue reading

tuntev

Угостителскиот еснаф од Охрид со иницијатива за измена на Законот за заштита од пушење

Post Views: 5   Олабавување на ригорозните мерки од Законот за заштита од пушењето за угостителите, предлага пратеникот на СДСМ Томислав Тунтев. Ова всушност доаѓа на иницијатива од угостителскиот еснаф на Охрид. Пратеникот Тунтев укажува дека со бројните измени и дополнувања на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се’ построги правила кои, се премногу ограничувачки, како за пушачите, така и за вршителите на угостителската дејност. Според него актуелното законско решение само дополнително ја влоши економската состојба во сферата на туризмот и угостителството, посетеноста...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top