Центарот за депресија во Охрид започна со работа, охриѓани недоволно информирани за неговото постоење
Post Views: 2
До 2020 година депресијата ќе биде втора болест по честотата на јавување, по кардиоваскуларните заболувања, а антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови.
Секој човек барем еднаш во животот поминува низ период на депресија а според официјалните податоци на СЗО секој 4 возрасен човек во светот пати од некоја форма на депресија. Нерасположеност без причина е прв аларм за депресија. Тогаш е од голема важност навремено да се добие советување, можност за разговор и помош. Ова на охриѓани им го нуди Центарот за депресија кој од месец јануари започна да функционира...