Ознака: просторот

Просторот кај детското игралиште во населба Гоце Делчев станува мини депонија?!

Post Views: 3 Дали просторот кај детското игралиште во населбата Гоце Делчев, станува мини депонија?!-прашува наш сограѓанин кој ни испрати слики во склоп на проектот „Ти си твојот град“. Несовесни граѓани покрај депонирање комунален отпад, веќе започнаа да оставаат и делови од покуќнина.

Continue reading

Се уредува просторот кај Слатинско Езеро

Post Views: 22 Во рамките на проектот: “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ беше имплементиран инфраструктурен проект: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион “, при што на Слатинското Езеро се уредени мини туристички содржини (изградена е пешачка патека од камени плочи, во должина од 160 метри, уреден е паркинг простор, три летниковци, три типски пикник маси). Проектот е имплементиран преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална...

Continue reading

Над 20 активисти и волонтери чистеа на просторот кај „Паднати Борци“

Post Views: 2 Над 20 активисти и волонтери во текот на вчерашниот ден чистеа на просторот над седиштето на Националниот парк Галичица кај „Паднати Борци“. На акцијата која потекнува од идеја на повеќе организации, а силно поддржана од рубриката ,„Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија, учествуваа активисти на Чист Охрид, Црвен крст Охрид, здруженијата Енхелеус Лихнид, Екотуризам 2016, ЕКО – ФАП, претставници од Национален парк Галичица, како и други заљубеници во градот. Собрани беа големи количини комунален и кабаст отпад, но на локацијата останува градежен...

Continue reading

ПАРТЕРНО СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ИЗВОРИТЕ “ДОЛНИ ИСТОК” ВО СЕЛО ВЕЛМЕЈ

Post Views: 10 Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во работна посета во село Велмеј каде што започнаа активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите “Долни Исток” во село Велмеј. Со проектот предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и канти за отпадоци и осветлување на просторот. – Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на...

Continue reading

Секое утро паркинг просторот кај Горна Порта се претвора во мини-депонија

Post Views: 3 Во мини-депонија се претвора паркинг просторот кај Горна Порта секое утро. Комуналниот проблем на оваа локација се повторува со години наназад , но е појава која се случува и на многу други локации низ целиот град, реагира Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец. Во многу мои досегашни изјави ги повикував граѓаните и комуналната инспекција и сите фактори да дадат придонес во создавање на комунален ред, но ништо од тоа, резигнирано вели Грданоски. Решението за воспоставување на комунален ред го гледа во изрекување санкции од страна на комуналната инспекција. „...

Continue reading

Општинaта ќе го средува просторот на плажите каде што се рушеше

Post Views: 1 Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата седмица се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема. „Оваа седмица ќе се врши расчистување на теренот, подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал (тампон), со кој било вршено насипување на крајбрежјето. До сега се подигнати преку 1000 м3 градежен шут.3 – велат од локалната. Во текот на наредните...

Continue reading

СЕ ЧИСТИ И УРЕДУВА НА ПРОСТОРОТ ЗА СИДРЕЊЕ НА ПЛОВНИ ВОЗИЛА

Post Views: 9 После алармантната ситуација која беше затекната со превземањето на локацијата во делот на заштита на Охридското езеро и третманот досегашен кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид, итно уредување. Добиено е позитивно мислење за да се изврши чистење на тињата од горниот брегот према Охридското езеро во должина по целата страна од 20 метри и ширина од брегот кон трските од 5 метри. Се интензивираат активностите околу расчистување и уредување на просторот наменет за сидрење на пловни возила кој неодамна со одлука...

Continue reading

Започна наплатата за користење на паркинг просторот во летниот период

Post Views: 3 ЈП Билјанини Извори ги известува сите граѓани, институции, корисници на градскиот паркинг простор со кој стопанисуваат дека од јуни започнаа со наплата на паркирањето согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август). Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање ќе изнесуваат : 1. Зона А – 40 денари2. Зона Б – 30 денари, и3. Зона премиум –...

Continue reading

Се расчистуваат исушените врби на просторот Мазија

Post Views: 7   Започна да се средува дрворедот на самиот езерски брег на просторот Мазија. Утрово беа исечени четири врби за кои било констатирано дека се исушени и се опасни за посетителите на паркот во овој дел од градот. Нити едно еколошко друштво не се јавило на повикот од општината да дадат свое мислење за сечењето на дрвата и да присуствуваат на терен доддека се врши сечата. „Ние сме отворени за соработка со сите па и со здруженијата. Не го минимизираме нивното размислување и важно ние да го слушнеме мислењето. Некогаш и ние може да погрешиме, да не корегираат. Она што го правиме...

Continue reading

ЈП „Билјанини Извори“ времено ќе стопанисува со просторот за сидрење пред мостот кај Студенчишта

Post Views: 9 ЈП “Билјанини Извори” од денес го презеде на времено користење просторот наменет за сидрење на пловни објекти, кој се наоѓа кај мостот на каналот Студенчишта. Земјиштето во вкупна површина од 14.426 м2 на стопанисување и одржување  јавното претпријатие го доби со  Одлука на Советот на Општина Охрид на седницата одржана на ден 31ви јануари годинава. „ Овај дел тука, преку Сојузот за водени спортови ќе го направиме место каде ќе се развива спортот на вода во ОхридНа Охрид му доликува да има еден уреден Центар за водени спортови , за обука, тренирање и рекреација...

Continue reading

ИЗГОТВЕНА СТУДИЈАТА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПРОСТОРОТ НА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО

Post Views: 1 Општина Охрид изготви „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“. Изготвувањето на студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје. Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции. Во студијата е потенцирано големото...

Continue reading

ПРОСТОРОТ КАЈ МЕСНОСТА „ТАБАНА“ ДОБИВА НОВ ЛИК

Post Views: 4 Деновиве започнаа градежни активности за реконструкција и уредување на просторот кај месноста „Табана“ на улицата „Коста Абраш“ во стариот дел на Охрид. Овој проект е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште и истиот предвидува поплочување и партерно уредување. Според планираното, дотраените бехатон плочки ќе бидат заменети со гранитни плочки и гранитни коцки, а ќе биде изведено и соодветно осветлување и хортикултурно уредување. Проектот е во вредност од 2,7 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. Градежните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top