Ознака: просветен

Професорот Марјан Радески добитник на признанието Просветен работник

Post Views: 1 Професорот Марјан Радески од Охрид, директор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ е меѓу 4цата добитници на државното признание просветен работник за учебната 2019/2020 година. Покрај Радески, признанието го добија и професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка и педагогот Маринела Бошева од Скопје. Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска.  Честитајќи им на наставниците кои со својот труд, креативност, иновативност и посветеност кон децата вклучени во училишно и предучилишно образование оставиле посебен белег,...

Continue reading

skolo

Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен

Post Views: 10 Штрајкот на наставнците во Струга станува помасовен, информира претседателот на РО на Сонк  од Струга, Демирчани Реџепи. Тој посочи дека кон наставниците се приклучиле  и нивни колеги кои не се членови  на синдикалната организација. Децата инаставнците доѓаат на училиште, но нстава не се одржува. Според, најновите измени на  Законот за образование во случај на штрајк заменски наставници во општинските училишта  за оние кои ќе штрајкуваат треба да обезбеди градоначалникот, а за државните ресорното министерство.  ТВМ го контактираше директорот на најголемото струшко...

Continue reading

vmro-dpmne

Кој ќе ја наследи Надица Николовска?

Post Views: 1 Низ струшките чаршиски кулоари се погласно се коментира кој в раце ќе го земе кормилото на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ. Од околу 40 пријавени активисти на најголемата владеачка партија, деновиве на разговор кај премиерот Никола Груевски повикани биле само 5 од нив и тоа, Стефан Томаноски, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски, Перо Петкоски и Марко Стрезоски. Дел од посериозните кандидати за оваа атрактивна позиција се релативно млади кадрии. Конкурсот кој го распиша партијата за избор на претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, уште пред 4 месеци, следи по назначувањето...

Continue reading

Танеска: Државниот просветен инспекторат не најде никакви нерегуларности во моето работење

Post Views: 8 Директорка на ООУ „Св. Климент Охридски“-Охрид, Наташа Танеска, денеска на прес конференција кажа дека просветните инспектори не утврдиле неправилности во нејзиното работење. Танеска која воедно е и Претседателката на форум на жени на ОО СДСМ Охри  обвини дека новата локална власт врши притисок врз директорите на основните и средните училишта. По направен вонреден инспекциски надзор од Државен просветен инспекторат во ООУ „Св Климент Охридски “ Охрид, не се најдени никакви нерегуларности во работењето на раководниот орган односно директорот – кажа Танеска.Таа потенцира...

Continue reading

Црн Дрим Струга

Упад во канцелариите на Државниот просветен инспекторат, Трудовата инспекција и Воените инвалиди во Струга

Post Views: 12 На 28.10.2021 во 07.40 часот во СВР Охрид пријавено дека во периодот од 16 часот на 27.10.2021 до моментот на пријавување, со употреба на сила било влезено во зграда каде се сместени канцеларии на Државен просветен инспекторат, Трудова инспекција и Воени инвалиди на улицата „Владо Малески” во Струга.Било извршено претурање по канцелариите, но не било ништо одземено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

protest

ОУ „Гоце Делчев“ од септември двојазично

Post Views: 13 Училиштето во Подгорци од септември ќе добие паралелки на албански јазик Лично министерот Никола Тодоров на родителите им ветил дека од септемри децата ќе можат да следат настава и на албански јазик. „Министерот вети дека се ќе се среди на почетокот на следната учебна година, поточно прифати да се легализираат постоечките албански паралелки“, истакна претставникот на родителите Фадил Реџоски. На средбата покрај министрот со засегнатите родители се сретнале и заменик министрот за образование Линдита Ќазими, пратеникот од Струга Таир Хани и заменик министерот за финансии...

Continue reading

ucenik

„Дванаесетте од Папрадник“-охриѓанките кои покажаа колку благородна е професијата просветен работник

Post Views: 7 Да се биде просветен работник и да се пренесува знаење на група дечиња само по себе е благороден чин, благородна професија. Но ако се вратиме во далечната 1964 година, во малечкото планинско место Папрадник, во дебарско, тогаш учителствувањето можеме да го сметаме и за храброст и посветеност на оваа професија. Ваквиот потфат е реалност и дел од најинтимните сеќавања на дванаесет млади девојќи кои во 1964та година, го напуштаат родниот Охрид и заминуваат во ова малечко место како професорки. Нивните огромни залагања, труд, посветеност и истрајност, биле толку големи,...

Continue reading

deca

Премногу административни обврски, премалку време за учениците

Post Views: 4 Охридските просветни работници жестоко реагираат на се поголемиот број административни обврски кои им ги наметнува Министерството за образование. Нивното осумчасовно работно време повеќе поминува во пишување на административни забелешки, пополнување на електронскиот дневник, во подготвување на дневната програма и правење тестови отколку во квалитетни предавања и посветеност кон учениците, велат тие. Затоа преку регионалниот одбор на СОНК секојдневно реагираат до Министерството за образование, Бирото за развој и Државниот просветен инспекторат со цел да се најде начин...

Continue reading

ucenici

Протести за екстерното оценување

Post Views: 6 Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top