Ознака: пронајден

полициска лента

Стружанец пронајден починат во својот дом

Post Views: 8 На 09.03.2022 година во 13.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека K.К.(81) од Струга е пронајден починат во својот дом.  При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека, во собата каде бил пронајден претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Пронајден кокаин кај две лица од Струга

Post Views: 2 На 10-ти јуни 2021 година, во 22:30 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга. – При преглед во патничко возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Continue reading

Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

Post Views: 1 Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека ензим од змијата ѕвечарка, која инаку е змија отровница, бил пронајден во вакцините против ковид (без да се наведе на која вакцина од кој...

Continue reading

Син на српска политичарка пронајден мртов во Белград

Post Views: 8 Ј.И.(25), син на српската политичарка Санда Рашковиќ Ивиќ, утрово е пронајден мртов во Белград. Според првите информации тој бил пронајден на тротоарот пред зградата во која живеел во центарот на Белград, пишува српски Курир. Ј.И. студирал на Факултетот за филозофија.

Continue reading

полициска лента

62-годишен велгоштанец пронајден мртов

Post Views: 6 На 25.01.2022 година во 09:55 часот во СВР Охрид е пријавено пронајдено починато лице на локален пат во охридското село Велгошти. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а од увидот извршен од полициски екипи, констатирано е дека се работи за М.В. (62) од Велгошти. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Обесен човек пронајден во подрум во Велес

Post Views: 7 Во Велес во подрум на семејна куќа на улица „Андон Шурков” е најден обесен 87 годишен старец,чие тело го нашол член на семејството. Екипа на Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која дошла на местото на настанот само констатирала смрт, информира за МИА д-р Василка Пановска Попстефанова началник на Службата за Брза помош. Од СВР Велес за МИА го потврдија настанот и дека нивна екипа прави увид на местото на настанот.

Continue reading

Приведен охриѓанец кај кого е пронајден кокаин

Post Views: 9 На 30.11.2020 година, при претрес извршен во домот на Ф.Д.(37) во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кокаин. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична прјава.

Continue reading

Vitorrio Missoni

Пронајден авионот на Виторио Мисони

Post Views: 6 По шест месеци, во близина на брегот на Венецуела пронајдени се остатоците од авионот во кој што бил извршниот директор на модната куќа Мисони, Виторио Мисони со својата сопруга Мауриција Кастиљони и уште еден брачен пар. Информацијата на Твитер ја потврди портпаролот на венецуелското министерство за внатрешни работи Хорхе Галиндо, без да соопшти повеќе детали за локацијата и за состојбата во која бил пронајден малиот авион. Авионот со шест патници и екипажот, исчезна во јануари оваа година по полетувањето од островот на архипелагот Лос Рокес на Карибите. Виторио Мисони,...

Continue reading

sneg Srbija

Во Србија прогласена вонредна состојба, снежното невреме однесе три жртви

Post Views: 9 Снежното невреме во планинските села во регионот на Ваљево, Србија во изминатите три денови однесе три човечки животи, објави “Танјуг“, пренесува Нетпрес. Од вчера во 14 српски општини е прогласена вонредна состојба. На селскиот пат Ваљево-Мравињци во снегот се смрзнала 49-годишна жена од планинското село Лелиќ. Жената излегла од дома, но поради снежните обилни врнежи не можела да го најде патот за назад. Нејзиното безживотно тело го пронашле работници кои го чистеле патот. Во планинското село Бобова, недалеку од својата куќа бил пронајден мртов 52-годишен маж, земјоделец....

Continue reading

lav

Паника на улиците во Охајо – од фарма избегале лавови, тигри и мечки

Post Views: 9 Десетици предатори биле меѓу егзотичните животни кои вчера побегнале од фарма во Занесвил на истокот на сојузната американска држава Охајо. Сопственикот на фармата бил пронајден мртов, а сите кафези во кои биле дивите животни биле отклучени. “Таму имаше гризли и мали црни мечиња, гепарди, лавови, тигри. Имаше и други животни како волци и жирафи и камили, но најмногу не загрижуваат големите мачки, тигрите и мечките“, изјавил шерифот Мет Луц. Властите примиле голем број на телефонски повици од исплашените жители во текот на вечерните часови. Некои од жителите ги забележале...

Continue reading

Eva Peron... nakit

Украдениот накит на Ева Перон најден кај криминалци од Србија

Post Views: 1 Накитот на поранешната аргентинска прва дама, Ева Перон, вреден шест милиони евра, кој пред две години беше украден во Шпанија, е пронајден во соба во луксузен хотел во Милано, изнајмена од група криминалци од Србија, соопшти синоќа италијанската полиција.“Лицата кои ја изнајмиле собата во која е пронајден накитот се во бегство и тие се припадници на криминална група од Србија која живеела во близина на Милано“, изјавил полицаецот Антонио Болоњани. Маскирани како шеици и инвеститори од Блискиот Исток, крадците го убедиле сопственикот на златарата “Хојас Софија“ во Валенсија...

Continue reading

полициска лента

Велгоштанец пронајден мртов

Post Views: 0 На 15.01.2022 година во 11.50 часот во СВР Охрид пријавено е дека во планински појас кај месноста „Бегутинец,” во близина на селото Велгошти, пронајден е починат Н.Т. (54) од истото село. Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство, а увид извршија полициски екипи во координација со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top