Ознака: пристаниште

Пливачките школи започнаа со работа на пливалиштето кај малото пристаниште

Post Views: 0 Започнаа со работа пливачките школи. Од утрово раздвижена и во спортски дух е атмосферата на отвореното пливалиште кај малото пристаниште. Младите пливачи под будното око на тренерите започнаа да ги совладуваат пливачките техники, а други пак кои тренираат подолго време продлжија со понапредни техники. Иво Коталески е еден од младите пливачи кој, вели, со радост чекал да почнат тренинзите по пливање. „Пливав во базенот, а сега ќе пливам во езерото“,  вели Коталески , малиот вљубеник во пливачкиот спорт. За безбедно одвивање на тренинизите по пливање се изготвени протоколи...

Continue reading

traekt

Траект удри во пристаниште во Њу Јорк

Post Views: 8 Траект со над 750 патници поради дефект не можеше да запре и со цела сила удри во мол во њујоршкиот кварт Стејтен Ајланд. При ударот нема загинати, а повредени се 15 лица, јавија денеска агенциите. Екипажот на траектот, кој ги поврзува Менхетен и Стејтен Ајланд изгубил контрола откако на пловилото му откажале моторите и со полна пареа удрил во пристаништето. Спасувачките екипи соопштија дека за среќа никој не паднал од траектот, а 15 патници се повредени. Капетанот на разглас и кажал на патниците дека бродот е без сопирачки и повторувал „Патници држете се!“ Луѓето на...

Continue reading

Санација на градското пристаниште од октомври

Post Views: 0 Охридското пристаниште се распаѓа. Спустот за пловила од ден во ден се` пооштетен. Распаднат бекатон на сите страни, сведочи за  силните бранови и невремиња во изминатиот период. Тоa е грда  слика за бројните туристи, која  укажува на негрижата од страна на надлежните , коментираат граѓаните. Пристаништето е белег на градот, тука посетителите ги хранат и сликаат  прекрасните лебеди и бродовите. Од Капетанијата на пристаништа велат се планира ископување и санација, на двете пристаништа и во градот и во Свети Наум, која се очекува да биде спроведена во ноември. „Од страна...

Continue reading

ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД ОХРИДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Post Views: 1 Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар. После оваа фаза, во соработка со Ј.П.„Градски гробишта„ ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

Continue reading

Ohrid Lake sailing Cup одложен поради безредието на градското пристаниште

Post Views: 3 Белите едра кои изминатите години ги красеа водите на езерото годинава ќе изостанат. Причина е неможноста едрилиците да го користат градското пристаниште. Организаторите на Ohrid Lake sailing Cup  денеска го изразија својот револт од како што реакоа, безредието кое што владее на пристаништето кое  целосно е блокирано од бродовите. Упатија апел до  надлежните институции да воспостават ред и да обезбедат соодветни услови за спортските едриличарски клубови. „ Од Министерството за трнаспорт и врски  и од Капетанијата на пристаништа  бараме да се почитува редот кој се воспостави...

Continue reading

Санацијата на оштетувањата на градското пристаниште ќе започне од септември

Post Views: 1 Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани од на есен. Според планот за јавни набавки за 2019та година, Министерството за транспорт и врски и Капетанија на пристаништа издвоија околу 8 милиони денари буџетски средства.  за санација на конструктивниот дел и продлабочување на пристаништата во Охрид и Св Наум. Досега не е направена санација со оглед на тоа дека не може со сигурност да се знае каква ќе биде хидролошката состојба во моментот кога ќе дојдат роковите за изведување на работите. При висок водостој не може ефективно да се заврши работата,...

Continue reading

Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани пред годинешната главна туристичка сеозна

Post Views: 1 Министерството за транспорт и врски за таа цел има издвоено средства и од таму информираат дека градежните зафати ќе започнат штом се создадат услови односно кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба. Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани напролет. Во Буџетот на Министерството за транспорт и врски предвидени се 7, 8 милиони денари за санација на пристаништата во Охрид, откриваат за ТВМ од ресорното министерство. Хидролошката состојба настаната од големата количина на врнежи од дожд и снег и очекувањата дека во следниот период ќе има дополнително...

Continue reading

СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ГРАДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Post Views: 1 На просторот околу Градското пристаниште и малиот плоштад до хотел „Александрија“, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на уредување по повод претстојниот верски празник „Богојавление – Водици“ и „Денот на рибарите“. Во тек е чистење на снегот и нивелирање на оштетените делови од подлогата од каде што влегуваат капачите по чесниот крст.

Continue reading

Оштетувањата на градското пристаниште нема да бидат санирани во пресрет на новогодишните празници

Post Views: 1 Министерството за транспорт и врски треба да го преземе првиот чекор за реконструкција на оштетувањата на градското пристаниште во Охрид. Локалната е волна да помогне, но со претходно направени геомеханички испитувања и секако согласност со ресорните министерства. Оштетувањата на градското пристаниште нема да бидат санирани во пресрет на новогодишните празници кога во Охрид се очекуваат голем број гости. Најверојатно сликата нема да се промени ни за Водици. Последното невреме од месец март годинава направи голема пукнатина на пристапниот дел на објектот кој служи за...

Continue reading

Ново оштетување на дел од градското пристаниште

Post Views: 1 Последното големо невреме кое го зафати Охрид, предизвика ново оштетување на дел од градското пристаниште. Од капетанија објаснуваат дека оштетувањето не ја загрозува стабилноста на објектот и додаваат дека веќе се известени надлежните органи во градот. Сопствениците на пловни објекти велат дека станува збор за стар објект кој датира од далечната 1938 година, на кој му е неопходна поопширна санација. Градското пристаниште со тек на време попушта под налетот на брановите. Последното оштетување е голема пукнатина на пристапниот дел која настана по големото невреме кое...

Continue reading

Петкоска : Охридското пристаниште моли за реконструкција

Post Views: 1 Заслужува ли Охрид-град под заштита на УНЕСКО, да има руинирано пристаниште, кое од ден на ден сè повеќе и повеќе се распаѓа пред очите на охриѓани, но и пред очите на туристите? – јавно праша денеска на прес конференција советничката од ВМРО ДПМНЕ,  Лидија Петкоска. „Градоначалникот Јован Стојаноски и пратениците Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, кои очигледно го заборавија не само Охрид и охриѓани, туку и Охридското Езеро, да се одважат и да пропешачат по кејот за да „уживаат во глетката“.“– кажа Петкоска. Петкоска сдресира парашање до власта и за тоа...

Continue reading

На градското пристаниште ќе се одржи празничен ватерполо турнир

Post Views: 3 Во сабота и недела на градското пристаниште ќе се игра ватерполо. Силите ќе ги одмерат ватерполисти од неколку македонски клубови. Ватерполистите од скопските клубови Вардар, Младост, Студент, Струга од Струга, Челични од Штип и ветераните од ПК „Охридски бранови“ ќе не потсетат на овој спорт кој се играл во минатите времиња. Локалната самоуправа се залага за развој на сите спортови во градот, а меѓу спортските активности и за враќање на ватерполото во Охрид, велат од одделението за спорт. „Овојпат се определивме за ватерполото, да ги разбрануваме спомените на овој убав...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top