Ознака: признанието

Професорот Марјан Радески добитник на признанието Просветен работник

Post Views: 1 Професорот Марјан Радески од Охрид, директор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ е меѓу 4цата добитници на државното признание просветен работник за учебната 2019/2020 година. Покрај Радески, признанието го добија и професорите Штефица Ујчик од Куманово, Добри Јовевски од Крива Паланка и педагогот Маринела Бошева од Скопје. Признанијата денеска им ги додели Министерката за образование и наука Мила Царовска.  Честитајќи им на наставниците кои со својот труд, креативност, иновативност и посветеност кон децата вклучени во училишно и предучилишно образование оставиле посебен белег,...

Continue reading

МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО “ГЛАСОТ НА КЛИЕНТОТ” ОД ACI WORLD

Post Views: 0 Меѓународниот Аеродром Скопје доби ново признание од Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International World) наречено The Voice of Customer или Гласот на клиентот, со кое им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги (ASQ), а со цел подобро да ги разберат нивните клиенти за време на пандемијата. „Среќни сме што Меѓународниот совет на аеродроми ни го додели ова признание за Меѓународниот Аеродром Скопје, како еден од 140-те аеродроми...

Continue reading

superbrend dobitnici

„Адора Инженеринг“ Супербренд 2013/2104

Post Views: 0 „Адора Инженеринг“ е еден од годинешните добитници на признанието Супербренд за 2013/2014 година на свечената церемонија која во присуство на голем број македонски супербрендови и гости се одржа во Скопје. Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг, истакна дека по 12 годишното успешно работење, овој градежен супербренд и натаму ќе продолжи со изградба на докажано сигурни, висококвалитетни еко домови, грижејќи се за своите купувачи, клиенти и за  пошироката заедница. За третиот избор на македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната...

Continue reading

Atina Bojadzi

Почина Атина Бојаџи

Post Views: 6 Доцна синоќа во Скопје, на 66 години, почина македонската пливачка и воопшто спортска легенда, Атина Бојаџи. Целиот живот го посвети на пливањето и во 1962 година со победите на маратоните во Охридското Езеро и на патеката Капри-Наполи стана двократен светски првак и на слатки и на солени води. Атина Бојаџи е првата Македонка која го преплива каналот Ламанш во 1969 година, потоа мотивирајќи и други наши спортисти да го направат истото низ годините. Воедно, Бојаџи останува запишана и во светската пливачка историја како првата жена на која ѝ успеал овој подвиг. Во 1998...

Continue reading

nagrada Gorna Porta

Љупчо Константинов прв добитник на признанието „Горна Порта“

Post Views: 5 Тој додаде дека сите награди кои ги има во своите витрини му се доделени на музички и театарски фестивали, меѓутоа да добие награда за животно дело, досега немал прилика. Константинов истакна дека со забавната музика сериозно почнал да се занимава кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те, на сцената на Скопскиот фестивал, на која како што вели,  сите ние се афирмиравме. „И јас понекогаш се чудам дека толку многу проекти сум успеал да ги реализирам како соработник пред се, бидејќи јас пишувам применета музика, музика за театар, филм и телевизија“, потенцира Константинов. Охриѓанецот...

Continue reading

Lajonsi

Лајонсите од Охрид, ја доделуваат „Горна Порта“

Post Views: 4 Лајонсите од ЛК – Охрид, од оваа годна го доделуваат признанието „Горна Порта“. Станува збор за награда која ќе се доделува на поединци, организации или здруженија, кои со својот професионален или приватен ангажман придонеле во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, несебично промовирајќи граѓански вредности. Претседателот на Лајонс клубот „Охрид“ од Охрид, Ангел Јанев вели дека идејата за наградата потекнува од членовите на овој клуб, односно од проект менаџерот Драган Спасески – Охридски, додека името на наградата и го дал лајонистот Драган Гоџо. Што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top