Ознака: приватноста

Од денеска КОВИД-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Post Views: 10 Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација. Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или...

Continue reading

Фејсбук знае се за нас

Post Views: 4 „Дигитална сенка“ прво ги покажува фотографиите на корисниците кои се означени како јавни, а потоа преоѓа да ги испитува вашите пријатели. „Дигитална сенка“ која моментално е достапна само во САД, бара дозвола за пристап на вашиот кориснички профил, а потоа ги повлекува сите информации за да изгради сеопфатен досие за корисникот. И кога велиме сеопфатен, буквално така и мислиме. Потоа ги прикажува пријателите со кои најмногу комуницирате, па оние со кои воопшто не комуницирате, па пријателите кои ги шпијунирате, и оние кои воопшто не ви одговараат. „Дигитална сенка“...

Continue reading

Продажбата на WhatsApp под истрага

Post Views: 0 The Electronic Privacy Information Center (EPIC) и Center For Digital Democracy бараат од федералната трговска комисија (FTC) да спроведат истрага за продажбата на WhatsApp. Тие бараат ако треба продажбата и да се стопира. Главна причина зошто FTC би требало да ја истражи продажбата е загрозеноста на приватноста на корисниците. Познато е дека добар дел од финансискиот колач  Фејсбук отстварува преку реклами, но  исто така е познато дека WhatsApp до сега ништо не прикажувал внатре во апликацијата а уште повеќе гарантирал дека нема да објавува лични податоци на корисниците...

Continue reading

privatnost

Што содржи новиот Закон за заштита на приватноста?

Post Views: 13 Со новиот Закон за заштита на приватноста се утврдува заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година. Овој закон беше изгласан во пакетот закони кои беа договорени од страна на политичките лидери со договорот од Пржино.Со законот се утврдува забрана за поседување, обработка, јавно објавување на материјалите од незаконско следење на комуникации кои претставуваат повреда...

Continue reading

logo

Заштитата на личните податоци – клуч кон приватноста

Post Views: 7 На иницијатива на Локалниот совет на млади при oпштина Охрид, петок (03 април) со почеток од 12 ч. во малата сала на општина Охрид, претставник од Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) од Скопје ќе одржи презентација на тема: „Заштитата на личните податоци – клуч кон приватноста”. На настанот учествуваа и претставници на невладини организации од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

Полицијата и FBI бесни на Apple

Post Views: 0 Американската полиција и FBI сметаат дека со новите безбедносни опции со кој се штити приватноста на iPhone, овој телефон би можел да стане идеален за педофили и терористи. Извршниот директор на Apple, Tim Cook, на 18 септември, на интернет страницата на оваа компанија објавил писмо со кое ги известува своите корисници дека во интерес на нивната безбедност и приватност направиле еден чекор напред. Чекорот се однесува на тоа што Apple нема да има повеќе можност да пристапи на податоците на телефоните на своите корисници, дури ни во случај кога имаат судски налог со кој...

Continue reading

facebook i kpj

Зошто Фејсбук и КПЈ се исти?

Post Views: 8 Facebook – social networking  КПЈ – socialist networkingАко не си зачленет на Фејсбук, никој си и ништо. Ако не си зачленет во КПЈ, никој си и ништо. На Фејсбук сите ти се другари и другарки, иако не ги познаваш пола од нив. Во КПЈ сите ти се другари и другарки, иако не ги познаваш пола од нив. На Фејсбук подржуваш акции и разни каузи, а не мораш да мрднеш со малото прсте. Во  КПЈ членуваш во милион комисии, одбори и собранија, а не мораш да мрднеш со малото прсте. На Фејсбук имаш Фармвил, во КПЈ имаш задруги и аграрна реформа. На Фејсбук имаш „Like“, во...

Continue reading

Инвазија на случувањата на Земјата

Post Views: 2 Резолуцијата на Google Maps и  Bing Maps апликациите се зголемува. Американската влада ги укина рестрикциите по тоа прашање, а во иднина пребарувањата по тие сервиси ќе откриваат многу повеќе детали. Досега компаниите не смееа да користат фотографии кои прикажуваат предмети и објекти помали од 50 цм, но Digital Globe, компанијата која се занимава со производство на сателитски снимки, истакнува дека може да продава снимки кои прикажуваат детали и помали од 31 цм, пренесува BBC. Секако, таква инвазија на случувањата на Земјата од вселената веројатно ќе подигне голема прашина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top