Ознака: претпријатието

kontener

Струга ја подобрува хигиената

Post Views: 1 Струга ја подобрува хигиената. Сега речиси и не може да се забележи неподигнат смет од контејнерите или расфрлан смет по улиците. Повеќето од граѓаните кои ги анкетиравме беа задоволни од грижата на ЈП Комунално Струга, за хигиената во градот. Првиот човек на ЈП, Гарип Каба, вели дека со домаќинско работење и соработка со граѓаните, веќе резултатите биле видливи. Но според него тоа не е доволно и треба уште повеќе да се залагаат за градот да светне во пресрет на туристичката сезона. Каба не крие дека на почетокот од преземањето на неговата обврска како директор, јуни...

Continue reading

Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата

Post Views: 1 Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ на денешната седница на градскиот совет. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков рече дека постапките за јавни претпријатија се регулирани со Законот. Управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ е невозможно да интервенира и да врши своеволно измени во статутот, додава тој. Координаторот на советниците од СДСМ, Константин Георгиевски, пак појасни дека се менуваат...

Continue reading

sednica Struga

Нелегалната албанска паралелка од Подгорци ќе добие сведителства

Post Views: 5 Заврши и четириесеттата седница на советот на општина Струга. Седницата која минатата недела беше прекината, овој пат струшките советници ја истуркаа до крај. Само за потсетување, минатата среда оваа седница заглави на деветтата точка од дневниот ред која се однесуваше на работењето на нелегалните паралелки во струшкото село Подгорци. По обемната дискусија, седницата беше одложена за денес. Оваа среда пак без никаква дискусија советниците веднаш поминаа на гласање. Со 13 гласа ЗА, 10 ПРОТИВ и еден воздржан беше дадено зелено светло за оваа точка во која се бараше наместо...

Continue reading

Ramiz Merko

Мерко дојде, кој ќе биде директор на МЈП „Проаква“?

Post Views: 3 Петок 09. декември ќе падне одлука за директорската позиција на МЈП „Проаква“. Дали градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, после работната посета во Америка, конечно го донесе клучот на досегашната тактизација на охридскиот градоначалник Александар Петрески, околу назначувањето на прв човек на МЈП „Проаква“, најверојатно ќе се знае за утре, барем според најавите на Мерко. Едно треба да е јасно како ден, мора да се избере добар човек кој ќе има своја програма за излез, односно за водење кон подобро на МЈП Проаква, вели Мерко. Но, тој не признава дека состојбата во претпријатието...

Continue reading

Proakva

Кочи работата во МЈП „Проаква“

Post Views: 1 МЈП „Проаква“години наназад никако да се спаси од бројните проблеми со кои се соочуваат двете општини, Охрид и Струга. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, најави дека до крај на неделата мора да оствари средба со охридскиот градоначалник и уште еднаш да разговараат за моменталната состојба на претпријатието, на кое според Мерко очигледно му треба спас. „Гледам дека во Охрид има некои проблеми, јас не ги знам сигурно дека градоначалникот и новиот директор тоа го знае. Но вака како што сме во едно претпријатие не можеме да постигнеме да ги решиме сите проблеми, бидејќи...

Continue reading

logo

Денес без вода жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид

Post Views: 2 Поради промена на главен водоводен вентил, ќе има прекин во водоснабдувањето на жителите од улицата „Живко Чинго“ во Охрид, велат од МЈП „Проаква“, Р.Е „Водовод“. Од претпријатието објаснуваат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9-12 часот. {loadposition content9}

Continue reading

елена скрческа

„Комуналец“ со отчет пред граѓаните

Post Views: 6 Претпријатие потонато во долгови, кредити, камати и стар возен парк, тоа беше сликата на ЈП „Охридски Комуналец“ од пред две години, рече директорката на претпријатието, Елена Скрческа која на денешната прес конференција даде отчет за сработеното во текот на нејзиниот двегодишен мандат. Таа потенцира дека требало многу труд и работа  за претпријатието повторно да застане на здрави нозе. Во текот на овие две години значително се подобрени перформансите во сите аспекти од работењето на претпријатието. Подобрена е профитабилноста – искажана преку добивката во 2013...

Continue reading

би

ЈП Билјанини извори склучи договор со ЕВН за сервисирање на долгот

Post Views: 3 Ристе Мишев директор на ЈП Билјанини извори даде отчет за работењето на претпијатиоето во изминативе две години. Во овој период успеавме да го стабилизираме финансиското работење на претпријатието, истакна при тоа Мишев. Долгот на претпријатието е намален за 2 милиони и 204 илјади денари и  се обезбедени  средства за спортските објекти. Претпријатието долго време го мачеше долг  за неисплатена  електрична енергија кон ЕВН Македонија. „ Тоа е најголем проблем со кој се соочуваме ние. Склучивме конечно договор за сервисирање на долгот кон  ЕВН со посредство  на Локалната...

Continue reading

проаква

Охридска Проаква ќе бара раздружување од струшката работна единица

Post Views: 2 Директорот на МЈП Проаква,Томе Паскалоски најави мерки со кои ќе се подобри финансиското работење на претпијатието. Паскалоски не е задоволен од поставеноста на фирмата како Меѓу општинско јавно претпријатие со струшката работна едница. Веќе презеле чекори за разрешување на ситуацијата која не оди  во прилог на охридското ЈП Проаква.„ Ние сме МЈП Проаква, но со анекси во 2007 годин се дадени права за финсиско раководење и располагање со средствата на РЕ Струга за нивниот дел. Моментално и овластувања во менаџирање со човечките ресурси , може да вработува и отпушта без...

Continue reading

grobista

Менаџментот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во изминатите две години

Post Views: 2 Редовно исплаќање на личните доходи на вработените, подмирени 70 проценти од наследениот долг, формирање на градежна група во рамките на претпријатието, голем број завршени проекти и проекти кои треба да се започнат. Ова се само дел од резултатите со кои денес се пофали директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Според него, кога тие го презеле претпријатието, истото било во незавидна положба, со долг од 10 милиони денари, и негативен финансиски извештај од околу 2 милиони денари. Симоноски додава дека за да се справат со оваа ситуација морале...

Continue reading

Од ЈП Нискоградба негираат дека во езерото испуштиле фекални води

Post Views: 4 Од ЈП Нискоградба негираат дека испуштиле фекални води во езерските води во близина на Капетанија.  Некои граѓани и портали јавуваа за испуштање на фекални води во езерото по вчерашните врнежи. Написите беа поткрепени со видео снимка и фотографии.  Ваквите тврдења ги демантираат од претпријатието, посочуваат дека проблемот настанал по прегорување на пумпата од шахтата каде што се собира атмосферската канализација, информира Ѓоко Довлев од ЈП Нискоградба. „ Ние имаме секундарен колектор ако беше така ќе ја  пуштевме во секундарниот колектор целата фекална вода, а не во...

Continue reading

komunalec

Дел од вработени во ЈП „Комуналец“ пуштени на принуден одмор

Post Views: 2 25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Следуваат уште два турнуси во месец јануари и февруари кога уште по 25 вработени во ова јавно претпријатие ќе бидат пуштени на 70%. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека нема место за загриженост бидејќи оваа програма за принуден одмор претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред. Причина за тоа е намалениот обем на работа во зимскиот период како и завршувањето на договорите на сезонски вработените. Оваа програма се носи на Управен одбор и сите раководители во претпријатието...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top