Ознака: преспа

Форум Преспа 2021

Преспа форум за дијалог

Post Views: 0 Во Охрид и Отешево се одржува меѓународна конференција „Преспа форум за дијалог“ Учесници се највисоки политички претставници од САД, Европа и регионот. Главна тема на конференцијата е „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. На меѓународната конференција „Преспа форум дијалог“ што се одржува во Охрид и Отешево се сретнаа лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Политичарите ги споделија своите...

Continue reading

Потпишан нов договор за грант меѓу ЈУ Национален Парк Галичица и Фонд за природа Преспа – Охрид (ПОНТ)

Post Views: 9 Минатогодишната соработка меѓу Јавната установа Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) продолжува. Имено, во согласност со мисијата и визијата на Фондот, а и со аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка, на 16 декември 2019 година беше потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 178.000,00 евра за 2020 година. Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ минатата година беше избран како...

Continue reading

Со мудро и внимателно користење на природните ресурси од Охрид-Преспа биосферниот резерват може да се спроведе одржлив економски развој за жителите на двете држави

Post Views: 0 Преку изработка и имплемантација на краткорочни и среднорочни акциони планови за менаџирање на еко системот на Охрид-Преспа биосферниот резерват, како и со анализа на моменталните економски трендови и разбирање на економските потреби на населението кое живее на просторот на резерватот, сосема е можно економски да се развива овој регион без притоа да се загрозуваат неговите природни ресурси. „Собравме големо количество на податоци и информации за економската состојба во регионов, што пак ни помогна да креираме целосна слика, со која пак ќе знаеме во која насока да се...

Continue reading

„Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“ – баланс меѓу економскиот развој и заштитата на животната средина

Post Views: 5 Преку развивање на одржлив менаџмент и изработка и имплемантација на акциони планови за менаџирање на еко системот на Охрид-Преспа биосферниот резерват, како и со анализа на моменталните еконмски трендови и разбирање на економските потреби на населението кое живее на просторот на резерватот, сосема е можно да се развива овој регион со зачувување на природната средина. Биосферниот резерват отвора врата преку која се воспоставуваат меѓусебните врски меѓу општините, каде во прв план избива економскиот развој, како преку брендирање разни производи од регионот, така и развој...

Continue reading

Веб апликации за лов, риболов, туризам и животна средина во прекуграничниот бисоферен резерват Охрид – Преспа

Post Views: 5 Со помош на мобилни апликации ќе се мапираат најважните екосистемски услуги за нивна употреба во шумарството, туризмот, ловот и риболовот во прекуграничниот бисоферен резерват Охрид – Преспа. Станува збор за еден од најважните делови на проектот „Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“, преку кој ќе се овозможи зачувување, развој и обновување на флората и фауната во ова подрачје. Проектот е финансиран од ИПА 2 програмата за проекугранична соработка на Европската Унија. „Во рамките на проектот изработена е дигитална платформа, информациски...

Continue reading

Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид

Post Views: 0 Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид. Договорот во висина од 147.000 евра ќе се однесува на финансирање на тековното работење на НП Галичица при управувањето со заштитеното подрачје. Соработката со Понт е резултат на позитивно работење на установата, стратегијата и визијата според кои се раководеше НП Галичица , напомена Васко Паскали , директор на НП Галичица при потпишувањето на договорот. „ Овој договор е од огромно значање за ЈУ НП Галичица. Потврда дека се движиме по прав пат и нашите позитивни резултати некој...

Continue reading

Потпишување на Договор за грант меѓу ЈУ Национален Парк Галичица и Фонд за природа Преспа – Охрид (ПОНТ)

Post Views: 1 После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ), во четврток на 24.01.2019, ќе биде потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 150.000,00 евра за 2019 година. Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ неодамна беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за...

Continue reading

Започна расправата на пленарна седница во грчкиот парламент за ратификација на Договорот од Преспа

Post Views: 5 Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер. Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор. Проценките и пресметките се дека Договорот ќе биде ратификуван со најмалку 151 глас, а судејќи според последните јавни изјави на пратениците, веројатно е да биде ратификуван со 153 гласа „за“, јави дописничката на МИА од Атина. На расправата и претходеше дводневна парламентарна комисија,...

Continue reading

Глобалната награда од Прoграмата за развој на Обединети нации за Фондот за природа Преспа – Охрид

Post Views: 1 Од 200 пријавени кандидати од целиот свет  Фондот за природа Преспа – Охрид или ПОНТ беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја кои се развиени и спроведени од поединци, организации или групи. Освојувачот на наградата – Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ) – е фонд за природа кој поддржува прекугранична заштита на природата во екорегионот Преспа-Охрид, покривајќи делови од Албанија, Грција и Македонија и вклучува 6 заштитени подрачја.ПОНТ применува исклучително...

Continue reading

logo

Денес е Летник!!!

Post Views: 20 Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во...

Continue reading

catamaran

Соларен брод во Преспанско Езеро

Post Views: 3 Од ова лето, туристите кои ќе престојуваат во Мала Преспа, ќе имаат можност по Преспанско Езеро да се шетаат со брод на соларна енергија. Туристичкиот брод на сончева енергија ќе биде ставен во функција до крајот на јули, најави градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко. – Станува збор за заеднички проект на општина Пустец и општина Преспа, Грција, поддржан од фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка. Од Германија ќе пристигнат три бродови, два за грчката страна на Преспа и еден за нас. Сега сме во фаза на подготовка на документација и очекуваме на крајот од јули...

Continue reading

Денеска и утре во Охрид и Отешево, ќе се одржува „Преспа форум дијалогот“

Post Views: 1 Денеска и утре во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна. Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top