Ознака: Пресвета

Утре се празнува Воведение на Пресвета Богородица Пречиста

Post Views: 18 На 4-ти декември православните верници го празнуваат големиот христијански празник Мајката Божја Воведение на Пресвета Богородица или кај народот познат како Пречиста. Овој празник спаѓа во дванаесетте големи празници. Тој  се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца.Според прологот кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат,...

Continue reading

Православните верници денес го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица

Post Views: 5 Православните верници денес го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица. Во манастирскиот комплекс во селото Калишта струшко се наоѓа единствената икона т.н. Црна Богородица која на овој ден е масовно посетена. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што се молеле пред нејзините икони за да добијат пород. И денес ако го посетите овој манастир ќе се сретнете со луѓе кои сведочат...

Continue reading

Православните верници денес го одбележуваат празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Post Views: 1 Православните верници денес го одбележуваат празникот на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Приказната вели дека кога Дева Марија наполнила три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја довеле од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени...

Continue reading

Денес се празнува Рождеството на Пресвета Богородица

Post Views: 2 Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи...

Continue reading

Денес е празникот „Успение на Пресвета Богородица“

Post Views: 2 Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојните празници Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј ќе чиноначалствува и тоа: 1. На 28 август 2020 год. во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. 2. На 29 август 2020 година, во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во манастирот св.Климент и Пантелејмон...

Continue reading

Богослужби по повод храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица–Голема Богородица

Post Views: 11 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27-ми август, сабота, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело, по повод храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 28-ми август, недела, со почеток во 9 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство...

Continue reading

„Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“

Post Views: 4 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14. октомври (понеделник), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“ во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој...

Continue reading

Денес се празнува Покров на Пресвета Богородица

Post Views: 1 Православните верници денес празнуваат уште еден ден во чест на Мајката Божја- Покров на Пресвета Богородица. Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство...

Continue reading

Празнична вечерна богослужбапо повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“

Post Views: 0 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 27. Август 2019 година (вторник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“. На 28. Август 2019 година (среда), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско...

Continue reading

„Благовештение на Пресвета Богородица“

Post Views: 1 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во четвртата недела од Великиот пост на 07. април 2019 година (недела), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“. а светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Continue reading

perivlepta

Тајните на Охрид: Црквата Пресвета Богородица Привлептос

Post Views: 5 Денес погледнете ја во сонце облеаната една од најубавите цркви во Охрид, Црквата Пресвета Богородица Привлептос. Црквата Пресвета Богородица Привлептос била изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата. Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиската империја. Деволскиот епископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела...

Continue reading

Света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“

Post Views: 3 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4. декември  2018 година (вторник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“ со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој праз...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top