Ознака: презема

Пајак службата ја презема ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 77 Наскоро пајак службата преминува во надлежност на ЈП „Билјанини извори“. Ова Јавно претпријатие стопанисува со паркинг просторот во Охрид, но не и со пајак службата. За да се обавува дејноста е направена измена и дополнување на Статутот на ЈП, а советниците дадоа зелено светло. Преговаравме со менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ да ни ја отстапи дејноста, информира Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“. Секаде во земјава дејноста пајак служба ја вршат претпријатијата кои што стопанисуваат со јавниот паркинг. Во договор сме со ЈП „Охридски Комуналец“...

Continue reading

Gorge Ivanov

Ѓорге Иванов и официјално ja презема функцијата претседател на Република Македонија

Post Views: 29 Новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и официјално ќе биде инаугуриран за нов шеф на државата. Според најавите, досегашниот претседател Бранко Црвенковски придружуван од гардата, ќе го пречека Иванов пред Собранието на Република Македонија и заедно ќе влезат во пленарната сала. Сценариото за седницата предвидува таа да почне напладне со интонирање на македонската химна, по што Иванов ќе даде изјава пред Собранието, со која ќе се обврзе дека во наредните пет години совесно и одговорно да ја води државата. По давањето заклетва, новиот...

Continue reading

Бочварски: Државата ќе ја презема обврската да ги реши проблемите на Охридското крајбрежје

Post Views: 2 Благој Бочвaрски, министерот за транспорт и врски оствари прва официјална посета на општина Охрид. На работната посета градоначалникот Константин Георгиески го запозна министерот со тековните активности на проекти кои општината ги реализира во патната инфраструктура, но и за  проблемите на општината од сферата на урбанизмот. „Поразговаравме со Министерот околу потребите на нови урбанистички планови каде што има надлежност министерството. Тие планови кои се во надлежност на општината да ги усогласуваме со министервстото и постапките да се побрзи. Поразговаравме и за имплементација...

Continue reading

Кирил Пецаков утре ја презема градоначалничката функција

Post Views: 3 Кирил Пецаков утре застанува на чело на Општина Охрид. Пецаков го добива уверението за легитимно избран градоначалник на општината и се очекува утре да има примопредавање на функцијата. Д-р Пецаков доаѓа на местото на д-р Константин Геогиески, кој беше избран на вонредни градоначалнички избори и имаше мандат од 2,5 години.  Ќе биде конституиран и новиот Совет на општината, за што веќе е обезбедено мнозинство на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Мнозинството ќе го сочинуваат избраните советници на ВМРО ДПМНЕ, Левица и независната листа „Охрид пред се“. 

Continue reading

Владата ги презема надлежностите врз плажите

Post Views: 2 Од идната недела со плажите ќе управува Владата. После бурните реакции на експертите и јавноста  во однос на случувањата во струшко министерот за траспорт и врски ги одзема ингеренциите на општините за управување со плажите. Локалните власти не умеат да се справат со узурпацијата, локалните влијанија  и бизнис интересите во однос на  изградба на крајбрежието, тоа е основната причина за одземањето на ингеренциите.„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат тие проблеми државата смета дека може тоа да го направи на подобар начин.1237 За мене...

Continue reading

Државата ја презема грижата за охридскиот колектор

Post Views: 0 Министрите на вчерашната  владина седница донесоа одлука за основање на ново Јавно претпријатие наречено ,,Колекторски систем“.Примарната дејност на новото јавно претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро. Јавното претпријатие исто така, ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина...

Continue reading

peperutki

Бакрачески: Градот презема стратегија за справување со белите пеперутки

Post Views: 1 Граѓаните загрижени од појавата на белата  ноќна пеперутка во Охрид. Се почесто има реакции на граѓани кои тврдат дека добиле алергиски рекации од  овој вид инсект. Од охридскиот Центар за јавно здравје, епидемилогот др.Јoвaнка Стурлакова Корoвешоска пoсочува дека од добиената информација  од  ентемологот од Природно математичкиот факултет  и од  Земјодeлскиот факултет станува збор за ноќна пеперутка жолтомеска, која во литературата позната како дефолијатор. Таа често се појавува во Македонија, но има одредени периоди од годината кога доаѓа до нејзино пренамножување...

Continue reading

logo

Обид на насилник да прегази василичари

Post Views: 2 Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“. Настанот е случен утрово во 06 часот и 40 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож во рака им упатил повеќе вербални закани. Потоа, со возилото со голема брзина се упатил кон граѓаните и поминал преку запалениот василичарски оган. Притоа на едно лице му нанел лесни телесни повреди...

Continue reading

svr-ohrid

СВР со превентивни и оперативни мерки за успешно спроведени митинзи

Post Views: 6 Во функција на натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето како и безбедно одвивање на вечерашниот митинг во Охрид поврзан со претседателските избори, СВР Охрид презема низа мерки на превентивен и оперативен план. Мерките првенствено се насочени кон превентивно физичко обезбедување на сообраќајниците, паркинг просторите како и централното градско подрачје каде ќе се одржи митингот. СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно превентивно обезбедување кои се одвиваат со  предупредувања на сите неправилно паркирани патнички и други...

Continue reading

tav,logo

“ТАВ“ ги презема скопскиот и охридскиот аеродром

Post Views: 4 Турски “TAV Airports Holding“, од денеска офцијално ги презема двата македонски аеродроми скопскиот “Александар Велики“ и “Свети Апостол Павле“ во Охрид. Овие воздушни пристаништа  ќе бидат управувани од “ТАВ“ следните 20 години. На денешната свеченост по тој повод свое обраќање ќе има министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Во реконструкцијата  на аеродромите која  треба да стартува во средината на месецов  ќе бидат вложени 200 милиони евра. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top