Ознака: превозници

Охридските превозници на јавен транспорт бараат зголемување на цената

Post Views: 2 Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот. Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за...

Continue reading

liniski prevoznik

Учениците од Лабуништа поради проблеми со бесплатниот превоз ги пропуштија часовите

Post Views: 4 Родителите најавија, доколку не се реши овој проблем ќе ги испишат своите деца од училиштата. Средношколците од прва година од руралните средини  и денес ги испуштија првите часови, поради проблемите со бесплатниот превоз. За овој проблем јавно прозбореа родителите на учениците од село Лабуништа. Родителите крајно изреволтирани, кажуваат дека бесплатниот превоз воопшто не функционира. Сенада Башкими, родител на ученик од прва година кажува дека превозникот кој има лиценца за вршење таков превоз ги однел децата во училиште но не ги вратил дома. „Децата губат часови...

Continue reading

ramiz merko

Експресна седница на струшкиот совет

Post Views: 13 Грото таксисти во Струга, работат на диво, без лиценца. Тоа е давачка која добро го храни општинскиот буџет, но недоволно е посветено внимание на ова проблематика од страна на Локалната, сметаат дел на советниците од Струга.Љуљзиме Зулали од ДПА, ја интересира, колку такси возила се на терен и дали сите тие ја имаат платено лиценцата. Таа за ова директно ја праша Санела Гогоска, инспекторот за патен сообраќај, која беше присутна на седницата и е единствената во Локалната  која се справува со проблемите од оваа област. „Тука имаме бројка колку лиценци се дадени од страна...

Continue reading

avtobuska

Падот на цената на нафтата нема да ги намали цените на охридските превозници

Post Views: 9 Најголемиот охридски автопревозник АД „Галеб“, после драстичниот пад на цента на нафтата на светските берзи, нема да ги корегира цените. Раководителот на сообраќај од ова претпријатие Димитар Василески нагласува дека охриѓани години наназад нивните услуги ги користат по најповолни цени, посебно за меѓуопштинскиот превоз. „Ние своевремено ги намаливме цените во  времето кога нафтата направи најголем ценовен скок и тие се симболични и во градскиот и во градско приграскиот сообраќај а цените во меѓуопштинскито сообраќај не се поскапени преку 6 години, така да цените се...

Continue reading

taksi

Слаб интересот кај охридските такси превозници за курсевите по англиски

Post Views: 0 Слаб интересот за изучување на англиски јазик кај охридските такси превозници. Обуката за англиски јазик се спроведува како соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски и локалните самоуправи. До истекот на рокот за пријавување, такси превозниците имаат уште две недели, но барем засега, според нивните кажувања, или не се запознаени со процедурите и роковите за пријавување или пак воопшто не постои интерес за посета на таквите обуки. „Не сум се пријавил досега, не сум заинтересиран. Ова го работам привремено така да оставам на младите, тие нека учат.“ „Не не сум...

Continue reading

prevoznik

Сеуште нерешени сметки помеѓу превозниците и учениците

Post Views: 1 Бесплатниот превоз во изминатата учебна година важеше само за неколку месеци. Учениците кои плаќаа за превоз до училиштето сега неможат да си ги повратат парите. „Штом на наша сметка, ресорното министерството ни ги префрли парите,тогаш ние ќе им ги вратиме на учениците“, велат превозниците. Никако да се решат проблемите со училишниот превоз. Иако сега, некако стивнаа маките на превозниците, сепак дел од учениците во втора година, бараат да им се вратат парите од претходната учебна година. Додека се бараше начин на кој би се изведувал бесплатниот училишен превоз, средношколците...

Continue reading

taxi

Таксистите на мета

Post Views: 7 Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски  ја потврдија оваа информација .Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните превозници...

Continue reading

Dimitar Vasileski

На мета на инспекторите – дивите превозници

Post Views: 3 Акцијата на Министерството за транспорт и врски, за искоренување на дивите превозници преку државниот инспекторат ги бележи првите позитивни резултати. Од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ задодоволни што конечно ќе се воспостави ред. „Како резултат на таа акција приходите бележат пораст од 40 -60 % што е добра цифра и од нас очекувана. Не е тешко да се согледа каква загуба трпевме години наназад, но покрај нас загуба трпеше и државата со тоа што тие не плаќаа данок“, вели член на координативното тело на здружението на превозници „Исток“, Димитар...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top