Ознака: почна

Инстаграм почна со тестирање за претплата на профили

Post Views: 3 Инстаграм почнува да тестира нова опција која на најпопуларните корисници, односно креаторите на оваа мрежа треба да им обезбеди дополнителна заработка. Мал број инфлуенсери сега ќе почнат да воведуваат претплата за пристап до дополнителна содржина што ја објавуваат на таа мрежа. Нивните следбеници кои сакаат да имаат пристап до оваа содржина ќе треба да платат помеѓу 0,99 и 9,99 долари (во зависност од тоа која сума ќе ја изберат сопствениците на профилот), а на почетокот целата сума ќе оди во џебот на инфлуенсерот, иако не е тешко да се претпостави дека „Мета“ со текот...

Continue reading

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести

Post Views: 7 Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата. Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Распределбата на онколошката терапија, таа што може да се прима во регионалните центри каде што има услови за тоа, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик. Дисперзијата и пренасочувањето...

Continue reading

Почна „Наш фестивал“

Post Views: 9 На еден типичен струшки начин со скокање во водите на реката Дрим од кејот помеѓу Дрвениот мост и Мостот на Поезијата во Струга започна реализацијата на проектот „Наш фестивал”. Програмата на фестивалот предвидува денски и вечерни настани. Настаните во текот на денот ќе се одржуваат во „Паркот на Поезијата“ каде ќе има изработка на мозаик, детско ликовно катче, фото катче, како и презентација на стари занаети. Вечерниот дел од програмата подразбира видео презентации, диџеј сетови, и музичка работилница. „Самиот фестивал е прво издание се надеваме дека ќе прерасне во...

Continue reading

Во Охрид почна тестирање со брзи тестови за корона вирус

Post Views: 1 Здравствен дом Охрид доби 250 тестови. На располагање ќе бидат по 10 термини дневно за тестирање а вкупно 50 во текот на неделата. Обучени се двајца лаборанти од здравствениот дом за изведување на тестирањата, информира директорката, Ајсел Зејноска. Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на Ковид 19 не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот, одлучува дали ќе се тетсира...

Continue reading

Etna

Нова ерупција на Етна

Post Views: 1 Ерупцијата на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, кој исфрли облаци од пепел, беше причина за затворањето на аеродромот во блискиот град Катанија. Како што соопштуваат од аеродромот, откажани биле 22 полетување, а 26 авиони кои требало да слетаат во Катанија биле упатени кон други аеродроми. Затворен е и аеродромот Комизо во истиот регион. Компанијата која управува со аеродромот во Катанија соопшти дека денеска ќе направи нова анализа на состојбата. Етна е активен вулкан и често еруптира, а нејзиното последно активирање почна во саботата и е најсилно во последните...

Continue reading

tunel

Започна изградбата на тунелот Лион – Торино

Post Views: 6 Шест метри широка дупчалка почна да работи на пробивање на тунелот за брза железница, која ќе ги поврзува францускиот и италијанскиот град, Лион и Торино. Дупчењето почна во италијанскиот град Чиомонте. Последната фаза на овој проект претрпе низа одлагања, а известени се само италијанските и француските власти, како и медиумите, за да се избегнат насилни демонстрации. „Влеговме во фазата на пробивање и сега нема враќање”, вели Пјеро Фазино, градоначалник на Торино. Локалните жители и активистите за заштита на околината се противат на овој тунел, нарекувајќи го...

Continue reading

mozaik

Мозаикот во базиликата во Хераклеа почна да се реставрира

Post Views: 13 И покрај ниските температури битолскиот музеј интензивно работи на заштита на мозаик од 5-тиот век во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.   Ваквите зафати се преземаат со цел еден од најубавите мозаици во земјата повторно да блесне во полн сјај бидејќи до сега е оштетен околу 90 проценти.„Можам слободно да ги наречам јунаци на денешното време бидејќи во вакви временски услови ги преземаа сите активности за да може овој мозаик да се сочува, да остане и понатаму со сиот свој раскош на очиглед на туристите и посетителите. До крајот на оваа година ќе го завршиме најголемиот...

Continue reading

kanibal

Бразилските канибали сееле ужас

Post Views: 0 Бразилската полиција вчера јави дека канибалскиот љубовен триаголник најверојатно убиле уште пет жени.   Маж, неговата жена и љубовница се осомничени дека убиле две жени и дека ги изеле.Полицијата се сомнева дека истата тројка убиле уште пет жени чии тела најверојатно завршиле слично и на претходните жртви, чии остатоци се пронајдени минатата недела. Од истрагата на полицијата се дознава дека канибалите од месото на жртвите правеле увијачи и им ги продавале на соседите.Осомничените се припадници на секта. Истрагата почна уште минатиот месец откако Негромонте Де Силвеира...

Continue reading

Почна учебната година за првачињата

Post Views: 1 Почна учебната година за првачињата. Училиштата им посакаа топло добредојде на првоодделенците кои носеа заштитни маски и беа распоредни според посебни протоколи. Меѓу 480 -те охридски првоодделенци се и 122 ученици од ОУ Григор Прличев. Тие се распоредени во 6 паралелки од кои 5 се во централното и една во поддрачното школо во населбата Рача. „Мора да забележам дека децата беа видливо среќни и насмеани. Иако, да малку е чудно, но тоа е новото, нормалното. Тековно ќе се навикнуваме на предизвиците кое ни ги носи секојдневието и ќе ги решавме проблемите доколку настанат“,...

Continue reading

Зоран Ногачески го почна вториот градоначалнички мандат во Дебрца

Post Views: 2 Зоран Ногачески денеска од ОИК на Дебрца го доби Уверението за избран градоначалник на Општината Дебрца, со што официјално го започнува новиот мандат за периодот 2021 до 2025 година, а врз основа на волјата на граѓаните изразена на Локалните избори. Ногачески и овојпат им се заблагодари на граѓаните на општината за искажаната поддршка и истакна дека сега има уште поголема обврска и одговорност.Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца. Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра...

Continue reading

Почна откупот на црешни во охридскиот регион

Post Views: 38 Во тек е бербата на охридските црешни. Охридската долга шишка и црна се откупуваат по 70 денари за килограм. Бербата почна пред една недела во охридскиот регион и во селата Мешеишта, Требеништа и Волино. Приносот на црешни е доста помал во однос на минатата година, но затоа пак плодовите се покрупни, информира овоштарот, Ванчо Стојаноски производител на црешни. Во регионов за 30 посто се зголемени површините со црешови насади и се субвенционираат површините од страна на државата. Производителите не се задоволни од откупната цена, а исто така и откупувачите , вели Стојаноски. „Во...

Continue reading

Во малопродажба почна купувањето со Домашната платежна картичка

Post Views: 6 Во маркетите и продавниците на мало почнаа да се користат платежните картички од владината мерка за олеснување на корона кризата. Маркетите од брендот МИСА веќе го прилагодија изложувањето на артиклите од домашно производство за полесно пазарување на корисниците на овие картички. Во употреба картичките „Купувам домашно“ се пуштени веќе една недела информира Александра Ничоска, од маркетот Миса Охрид. „Имаме на сите сталажи одредени производи обележени се со македонско знаменце, купувај домашно. Има се од сувомеснато, прозиводи од месарата, готова храна. Не е дозовлено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top