Post Views: 10 МВР ќе добие целосно нова зграда за потребите на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, придобивки ќе има и правосудниот систем бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата, но најголем бенефит ќе имаат граѓаните. Новите простории ќе обезбедат доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што ќе се утврдат основите за акредитација...
Post Views: 3 Зголемени се потребите од кислород за лекување на пациенти болни од Ковид 19 во двете општи болници во Охрид и Струга. Лекувањето во охридската болница сега е на задоволително ниво, информира д-р Горан Балевски, директор на Општа болница Охрид. Мојата заложба беше болницата да е во целосна функција. Покрај, пациенти од Ковид 19, мора да се лекуваат и пациентите на останатите оддели. Во болницата, на специјалистите инфектолози на помош им доаѓаат со ротација колегите интернисти и сестри од хируршкиот оддел. На одделот каде што се третираат пациенти позитивни на Ковид...
Post Views: 2 Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, со големо задоволство ja проследи демонстрацијата и практичната употреба на опремата за спасување наменетa за потребите на Планинската Спасителна Служба при Црвениот крст од Охрид.Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид постои 19 години, но значителен развој остварува преку реализација на проектите финансирани од Европската Унија.Возилата и специјализираната опрема за спасување во зимски услови, набавени во рамки на Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички...
Post Views: 0 Обезбедено е амбулантно возило за потребите на граѓаните и здравствените работници од Здружението „Мозочен удар“. Тие како дел од проектот „Квалитетно здравство“ го набавија амбулантното возило преку ИПА програмите на ЕУ со финансиска поддршка од охридската Локална самоуправа. Возилото ќе се користи за подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги за граѓаните од југозападниот регион кој опафаќа над 230. 000 жители, информира д-р Маја Божиноска Смическа. „Целта на возилото и лабораториската опрема кои ги набавивме е за теренски...
Post Views: 0 Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26-ти јуни, среда, во просториите на ОСУ Св.Климент Охридски-Гимназија. Акцијата ќе се реализира во периодот од 9-13 часот. Искажете ја својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.
Post Views: 5 Во рамките на проектот ՛՛Поттик за младински иницијативи՛՛ биле реализирани низа активности со млади луѓе од Охрид и Струга, од НВО организации и политичари од локално и нациоанално ниво , информира Весна Цветаноска од Здружение за мултикултурна интеграција ՛՛Инклузија՛՛ од Охрид.. Со проектот биле опфатени над 135 директни и индиректни учесници, а резулатите од сондираните размислувања на младите се поразителни, вели Цветаноска. Скоро сите млади сакаат да се одселат од земјата. Сметаат дека во Охрид и Струга нема развиен културен живот, нема каде да ги изразат своите...
Post Views: 0 Деновиве, во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа средба помеѓу директорката на ЈП Билјанини Извори г-ѓа Гордана Јованоска и директорите на основните школи Св. “Наум Охридски” од Пештани, ОУ “Ванчо Николески” од Лескоец и проф. по физ. образование од ОУ “Кочо Рацин”. ЈП Билјанини Извори согледувајќи ја потребата за спортски реквизити на основните училишта од руралните средини на територија на Општина Охрид донираше 40 фудбалски топки за потребите на активите по физичко образование се со цел да се помогне на образовниот процес...
Post Views: 1 Локалната самоуправа и градоначалникот Стојаноски не се грижат ниту за изнаоѓање форми за поефикасно и поекономично одвивање на образовниот процес, ниту за подобрување на условите во училиштата, обвини портпаролот на охридскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. Со измена на развојната програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2018 – 2020 година, односно со ребалансот на буџетот се намалуваат средствата кои беа предвидени за реконструкција на кровот на ОСУ „Св.Климент Охридски“, посочи Божиновски. „Како долгогодишен просветен...
Post Views: 1 Побарувачката за бесплатни тестови за Хив / Сида во регионов е голема. Во последниве две години се користат околу 200 бесплтани тестови за ХИВ СИДА. 50 тестови биле обезбедени од Министерството за здравство, а 150 од Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА . Во охридскиот центар за јавно здравје до месец јули годинава биле искористени 150 тестови. Потребата била голема па биле набавени дополнителен број на тестови, информира Д-Р Јованка Стурлакова Коровешоска од ЦЈЗ. Бесплатните тестирања ги користат туристите кои доаѓат на охридско струшката ривиера, а редовно на секои...
Post Views: 1 Повеќе од 70 лица со 17 различни ретки болести членуваат во Здружението на граѓани за ретки болести Живот со предизвици од Битола, кое денеска организираше трибина со цел да ја запознае јавноста со потребите на ови лица. „Сите имаат различни потреби во однос на третман и грижа за обезбедување подобар квалитет на живот. Свесни сме дека не може сите проблеми да се решат наеднаш, но драго ни е што започнаа првите чекори кон обезбедување третман за пациентите. Се надевема дека ќе се усвои Национален план за ретки болести во Македонија и дека во наредните 5 години ќе се работи...
Post Views: 6 Во Струга, во минатото имало околу 300 занаетчии. Денес, струшките занаетчии може да се избројат на прстите од една рака. Струшкиот занаетчијата Јоне Кленко со своите 80 години и 6 децении работа е еден од најстарите занаетчии во Струга. Кленко сега од хоби поправа предмети од кожа и изработува ташни и ремени. Побарувачката на производите е многу мала, а работам само од љубов кон занаетот, вели Кленко. Занаетот го наследил од татко му кој бил кондураџија, но остроумниот занаетчија постојано го следел духот на времето и потребите на луѓето и се прилагодувал на современите...
Post Views: 6 Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“. Го реценцираме текстот на vecer.mk, насловен :„Боки по дома со другарките Катица и Радмила (фото+видео)“, во кој сајтот информира дека на социјалните мрежи се појави фотографија и видео на неправосилно осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки...