Ознака: посветен

Милијарда за Украина

Post Views: 4 Пакетот за помош на Украина го поддржале и републиканците и демократите, а парите од околу милијарда долари ќе се употребат за украинската економија. Надворешно политичкиот одбор на американскиот Сенат припрема закон за осигурување на поддршката на Украина, а администрацијата на претседателот Обама се консултира за можните санкции против поединци, Руси и Украинци, со кои соработуваат. Истовремено, агенцијата Reuters пренела дека, во тек е состанок на Барак Обама во белата куќа со истакнати воени и советници за национална сигурност. Состанокот е посветен на Украина, а...

Continue reading

Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Св. маченичка Варвара

Post Views: 5 За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките. Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот...

Continue reading

„Охридски пливачки легенди“ е документарен филм посветен на 4та најдобри пливачки маратонци.

Post Views: 3 „Охридски пливачки легенди“ е насловот на документарниот филм посветен на Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи, 4 -та најдобри охридски пливачи во дисциплината маратон, вели авторот Љупчо Паункоски. Се надевам дека филмот ќе придонесе младите да се занимаваат со овој спорт и да се врати пливачкиот сјај на градот. Филмот е направен за 4ца кои потекнуваат од нашиот град и кои со своите достигнувања треба да останат засекогаш запаметени, вели Паункоски. „Се работи за извонредни пливачи кои во своето време го преставува нашиот град и држава, не само во границите...

Continue reading

„Од Белото Езеро до Белата планина“ е документарниот филм посветен на охриѓаните кои се искачија на врвот Мон Блан пред 4 децении

Post Views: 7 Снимен документарен филм за првата охридска експедиција планинари кои пред 4 децении го искачиле највисокиот Европски врв Мон Блан. Филмот со наслов „Од Белото Езеро до Белата планина“ е посветен на охридските планинари Љупчо Поп Стефанија, Климе Волкан, Миле Битрак, Људмил Цветаноски, Андон Бојаџи, Владимир Тунтев, Владо Бојаџи, Кире Филев, Миле Бавчанџи. 9 мината планинарски ентузијасти, од ПК Галичица, во летото 1980 година, се упатиле кон целта да го искачат врвот Мон Блан. По претходни интензивни тренинзи, подвигот го извеле со оскудна опрема , но со голема љубов...

Continue reading

лого

Премиера на документарецот посветен на Хосе Емилио Пачеко

Post Views: 2   НУМ „Струшки вечери на поезијата” – Струга и Македонската телевизија имаат особена чест и задоволство да Ве поканат на премиерата на документарниот филм посветен на мексиканскиот поет Хосе ЕмилиоПачеко, добитник на наградата „Златен венец“ во 2013 година. Филмот е работен по сценариото на Диме Ратајкоски, а е во продукција на Македонската телевизија. {loadposition content9}

Continue reading

Премиерот Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Стојаноски: Загубивме колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија за Охрид

Post Views: 2 Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите. Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење. „Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна...

Continue reading

Одбележан христијанскиот празник посветен на мачениците Вера,Љуба, Нада и мајката Софија

Post Views: 2 Одбележан христијанскиот празник посветен на Вера, Љуба, Нада и мајката Софија во истоимената црквичка во Лагадин . По 18 пат се одржа голем црковно народен собир на кој од година во година доаѓаат се повеќе и повеќе верници од Охрид , но и од другите градови. Во малата црквичка на 30 септември, верниците ги слават љубовта , верата , надежта и мудроста. Малиот параклис е изграден од познатиот охридски угостител Љупчо Патчев по повод одбележувањето 2000 години од христијанството. Верниците доаѓаат да се помолат на овој ден кога црквата на крајот од септември го празнува...

Continue reading

Православните верници денес го слават празникот посветен на Св.Петка

Post Views: 0 Манастирот Св.Петка во близина на Велгошти, охридско, денес  беше исполнет со голем број верници. Охриѓани и мештаните масовно го посетуваат ова свето место и го празнуваат овој празник. „Тие се молат за здравје на своите блиски и упатуваат благослов до сите за мир и благосостојба на луѓето“. Отец Никола Кипријанов кажува за значењето на овој празник кој секој 8 август и во очи на овој ден е масовно посетен од христијанските верници кои доаѓао манастирот  во чест на Велика Параскева, во народот позната како Св.Петка Римјанка. Свештеникот раскажува дека верниците не само...

Continue reading

zname

Втори мај-неработен ден

Post Views: 0 Втори мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Денот на трудот кој се одбележува на 1. мај, оваа година се паѓа во недела, па согласно Законот за празници, понеделник е неработен ден, односно 2 мај. Меѓународен празник „Денот на трудот“ кој се одбележува на првиот ден од месец мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. {loadposition content9}

Continue reading

svecen rucek

Охриѓани масовно се собраа на градскиот плоштад да запалат свеќа и да се помолат пред свети Димитрија

Post Views: 4 Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, огромен број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад. „Многу убаво е. Луѓето се весели, да доаѓаат, да си го прослават, да остане од прадедо празникот и да не чува сите. Прво младите да се здрави и живи и да им даде Господ среќа, пари, работа, дечиња, кој...

Continue reading

Ден на љубовта

Post Views: 3 Триесети септември е денот на љубовта за православните христијани.Празникот е посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж. Во Охрид има црква посветена на светите маченички, каде традиционално се организира прослава за жените со споменатите имиња, а сретствата собрани ги донираат во хуманитарни цели. Софија и нејзините ќерки живееле и страдале во Рим, во времето на царот Адријан. Софија останала вдовица и се посветила со своите ќерки во верата Христова.Тогаш започнало нивното прогонување и мачење.Вера имала дванаесет, Надеж десет, а Љубов...

Continue reading

Sv.Gjorgija

Литургија за Ѓурѓовден во црквата Св.Ѓорѓија

Post Views: 1 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 6 мај 2014 година (вторник), во црквата „Свети  Ѓорѓи“ – Влашка маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот посветен на „Свети Ѓорѓи Победоносец“ – Ѓурѓовден. Почетокот на литургијата е во 9.00 часот, а на неа ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. {loadposition content9}

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top