Ознака: порача

300 милиони неодобрени вакцини против ковид-19 порача Индија

Post Views: 1 Неименуваната вакцина на индиската компанија Биолошки Е е во третата фаза на тестирање и покажа „ветувачки резултати“ во првите две фази на тестирање, наведува владата. Нарачката од 206 милиони долари е прва што Индија ја потпиша за вакцини кои не добиле одобрение за итни случаи. Во истовреме државата се бори да го забрза процесот на вакцинирање. Индија досега има аплицирано повеќе од 220 милиони вакцини, иако повеќе од 1,4 милијарди луѓе сега ги исполнуваат условите за вакцина. Помалку од 10% од земјата примиле барем една доза на вакцина, главно поради сериозниот недостиг...

Continue reading

Угостителите вршат притисок, Битиќи им порача да бидат разумни во очекувањата

Post Views: 10 Угостителските објекти, со одлука од Влада, од утре ќе работат до 21 часот. Угостителите вршат притисок да им се продолжи работното време до 23 часот. Здравствените валсти велат ги чекаат анализите од лабораторијата во МАНУ дали во државава има некоја позаразна мутација на коронавирусот, по што до крајот на неделава или почетокот на следната, би се носела одлука за натамошно продолжување. „Владата на угостителите и натаму, неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа, додека со првата мерка од петтиот антикризен...

Continue reading

papata benedikt

Папата Бенедикт Шеснаесетти се обрати за последен пат

Post Views: 1 Римокатоличкиот поглавар Бенедикт Шеснаесетти вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан последен пат им се обрати на над повеќе десетици илјади насобрани верници. Презедов тежок товар кога дојдов на оваа функција во 2005 година, но Бог ме водеше и го чувствував неговото присуство секој ден. Верувам во иднината на црквата. Се повлекувам за нејзино добро, а не за свое – порача папата Бенедикт Шесенасетти. Тој претходно јасно порача дека се повлекува во мирен живот, исполнет со молитви и со медитирање, но се смета дека во Ватикан и понатаму ќе биде многу присутен,...

Continue reading

На овие избори влегуваме со најсилното оружје, а тоа е вистината, порача Михаил Трендафилов – Нанче

Post Views: 2 Михаил Трендафилов – Нанче, кандидатот за градоначалник на Охрид на Граѓанско демократската унија, предизборната кампања ја почна со обраќање до граѓаните пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патче во центарот на Охрид од каде порача дека на овие избори влегуваат со најсилното оружје, а тоа е вистината. Со стравот што владее меѓу луѓето мислат дека се само ВМРО и СДСМ и друга опција нема. Затоа сме последни во Европа. Кој како сака нека кажува приказни. На сите ни е тешко. Тие не се многу различни, едните мамат другите лажат, заедно крадат после се амнестираат,...

Continue reading

g.Timotej

Верските учења не дозволуваат навреда

Post Views: 9 Дебарско кичевскиот митрополит г.Тимотеј во Лабуништа. Тој го посети храмот Св. Никола во ова струшко село, каде пред два дена избувна пожар кој ја зафати помошната просторија на храмот покривот и дел од камбанаријата. Господин Тимотеј, пред се изрази благодарност кон Бога, поради тоа што не дозволил да се уништи она што е највредното во него, иконите. Тој порача да се зачува вековната традиција на соживот.„Апелираме како МПЦ а и го молиме севишниот Господ Исус Христос и севишниот Бог, да даде разум кај сите луѓе, да разбереме дека на овие простори во западна Македонија...

Continue reading

Охрид по декември ќе ја добие грижата која ја заслужува, порача од Охрид Шекеринска

Post Views: 8 Радмила Шекеринска, носителот на кандидатската листа на СДСМ во 5-та изборна единица, денес меѓу охриѓани. Таа порача дека Охрид е македонскиот туристички центар и по декември ќе ја добие грижата која ја заслужува. Кажа дека веќе е направена стратегија за развој на активниот туризам, во која, акцент ќе се стави на зачувувањето на културното богатство и враќањето на сјајот на балканскиот бисер. Преземаме обврска во нашиот план  за живот во Македонија во Охрид да ги заштитиме сите негови богатства, споменици кои се од значење за целата земја. Со страв и вознемиреност...

Continue reading

Ivanov

Претседателот Иванов со апел за мирни избори

Post Views: 2 Претседателот Ѓорге Иванов денеска им порача на граѓаните на Република Македонија, в недела на парламентарните избори да гласаат на достоинствен начин, со што уште еднаш ќе се потврди нашата демократска зрелост и приврзаност кон евроатлантските вредности.– Оние кои во Ваше име, ќе треба да носат одлуки за тоа што Македонија ќе треба да го оствари, односно за што поскоро остварување на нашите стратешки цели. Во недела сета моќ е во вашите раце. Тоа е Ваш ден. Вие одлучувате, истакнува македонскиот претседател. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Цаноски порача да се гласа за човек а не политичка партијa

Post Views: 1 Време е да ги заборавиме етничките делби, да размислуваме што е добро за нас,  а не кој работи за албанците а кој е против македонците. Во вашите раце е судбината на Струга и граѓаните, вие треба да одлучите кој да го води овој град, оваа е пораката од кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски упатена до стружани. „Етничките делби се минато, тоа го докажавме во привиот круг гласање, не е важно дали градоначалникот е албанец, турчин или македонец, важно е тој да знае да работи“- додаде Цаноски. Тој на прес конференцијата потенцира оти доколку тој биде прв човек на Струга...

Continue reading

dom

Почитување на еколошките стандарди на Охридското крајбрежје, побара Лилјана Попоска од Дом

Post Views: 2 Еколошките стандарди мора да се почитуваат на Охридското крајбрежје, порача од Охрид претседателката на Дом, Лилјана Попоска. Во охридскиот туризам  треба почитување на еколошките стандарди во повеќе области како што се  урбанизмот, колекторскиот систем, отпадот и бучавата, кажа Попоска. Додаде дека во  екологијата на туристичкиот центар  ќе требаат сериозни вложувања и домаќинско работење. Нашите советници од Дом ќе бидат дежурна еко патрола што ќе се грижи за тоа, потенцираше Попоска. „ Еколошките стандарди треба да важат за сите, тие да важaт и за срцето на Охрид...

Continue reading

trajkoski

Трајкоски сигурeн во победа за Дебрца

Post Views: 2 Се надѕира крајот на долгогодишната голготата од владеењето на СДСМ и нивниот градоначалник Којчиноски, порача кандидатот за градоначалник за Дебрца, Игор Трајкоски. ВМРО ДПМНЕ ќе стави крај на манипулациите и на нивната не работа, веднаш штом ќе дојде на власт за неколку дена, додаде Трајкоски. „Сепак и покрај тоа што остануваат само уште неколку денови до локалните избори, старите навики за малверзации на СДСМ не се менуваат и одат до крај. Како последен обид за манипулирање на јавноста е тоа што претседателот на ОО од СДСМ Љубен Стојкоски е секретар на општина Дебрца...

Continue reading

Gruevski

Премиерот Груевски дециден, нема предвремени парламентарни избори

Post Views: 9 „Ако Бранко сака избори и ако сака мерења на довербата, има мегдан и тоа многу брзо.“ Вака порача премиерот Никола Груевски на вчерашната промоција на нивната програма за настап на престојните локални избори. Груевски го обвини лидерот на социјал-демократите, Бранко Црвенковски дека исценирал инцидент со кој опозицијата би добила алиби за спас од локалните избори. Премиерот уште еднаш дециден околу барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните. „Утре ќе сме кажеле ќе има предвремени избори, прифаќаме. Јас не знам дали...

Continue reading

kapetanija

Петрески повторно побара поставување на капетан на Охридската капетанија

Post Views: 0 Уште една прес конференција на градоначалникот Петрески одржана пред Капетанија. Повторно побара од Владата што поскоро да биде поставувањето на новиот капетан на Охридската капетанија. Петрески вели дека за жал и покрај редовните апели до централната власт, ја добивме и првата жртва на дивеењето на скутерџиите, а капетанија и натаму нема прв човек. Момчето кое во неделата се здоби со тешки телесни повреди е само потврда за незавидната безбедносна состојба во Охридското езеро-рече Петрески. „Токму за состојбите во Капетанијата, која е задолжена за езерскиот сообраќај,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top