Ознака: полски

Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца

Post Views: 2 Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните Општина Дебрца отпочна со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”. Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и друго. Од проектот досега е реализирано: -зафаќање и регулација на атмосферските води на две улици во село Мешеишта,-премостување со армирано бетонски цевки на...

Continue reading

ТАМПОНИРАН ПОЛСКИ ПАТ ПОМЕЃУ СЕЛАТА ВОЛИНО И ТРЕБЕНИШТА

Post Views: 8 Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Волино и Требеништа каде завршија градежните работи околу изградбата на полски пат помеѓу селата Волино и Требеништа. Станува збор за тампонирање на постоечки земјен полски пат кој што обезбедува многу побрз и полесен пристап на земјоделците до своите земјоделски површини. Од стариот земјен пат, најпрво се отстрани земјаниот слој, се изврши набивање на подтлото, а потоа се изврши насипување и тампонирање со сепариран дробен камен. Согласно проектната документација се работи за тампонирање на полски пат со должина...

Continue reading

Пристигна првата група Полски туристи во студенскиот дом Никола Карев

Post Views: 11   Во Охрид на летување пристигна првата група од педесетина полски туристи. Тие една недела ќе претстојуваат во Студентски Дом „Никола Карев“ и при доаѓањето ги запазиле сите безбедносни протоколи, вели туристичкиот водич Мачеј Чох. Полските туристи, втора година по ред доаѓаат во Охрид, се одушевени од откритието,  за нив новата туристичка дестинација, која ги привлекува полските гости. Чох вели не ги плаши пандемијата од Ковид 19, се придржуваат до протоколите за заштита и не се откажуваат од посетата на прекрасното туристичко место какво што е Охрид. „Погледнете...

Continue reading

eu

Во ЕУ – Ден на жалост

Post Views: 6 Европската унија го прогласи понеделник 12 април за ден на жалост поради несреќата во која загина полскиот претседател Лех Качински и уште 96 лица, соопштено е во Мадрид. Шпанија, како претседавач на ЕУ, соопшти дека во седиштето на сите институции знамињата ќе бидат спуштени на пола копје и дека сите состаноци предвидени за понеделник ќе почнуваат со минута молчење. Одлуката за Ден на жалост во Брисел донесена е на состанокот на шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос и претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпеј. Во Полска прогласена е седмодневна...

Continue reading

Најдобриот полски кајак клуб на зимски подготовки во Охрид

Post Views: 0 Охрид нуди идеални услови за кајакарење на мирни води. Деновиве на зимски подготовки во градов престојуваат 12 спортисти на најдобриот кајак клуб од Полска , „Енерегетик“ од Познањ. Полските кајакари тренираат заедно со членовите на  Кајак кану клуб „Стрмец“ од Охрид. Соработката помеѓу овие два клуба започнала пред 4 години. „Се запознавме во градот Штум на меѓународна регата. Таму разменивме контакти. Минатата година дојдоа тука и учествуваа на нашата Илинденска регата. Им се допаднаа условите во Охрид затоа сега се тука на зимски подготовки на кајак на мирни води.“...

Continue reading

Полски државјани „оперирале“ низ Охрид и Струга

Post Views: 1 Полициската станица Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела дела „тешка кражба на дрзок начин“ и „одземање на патничко моторно возило“, поднесе кривична пријава против двајца полски државјани. 23-годишниот С.Ј. и 20-годишниот Ф.Д.Б. на 29-ти март годинава, во Скопје бесправно одзеле патничко моторно возило „Опел кадет“ кое го забележале паркирано и необезбедено. Го украле возилото и се упатиле кон Охрид. На 31-ви март кај манастирскиот комплекс во Калишта, од повозрасен жител на Струга одзеле кожна јакна со 800 денари, еден мобилен телефон...

Continue reading

logo

Апсења во полскиот фудбал поради корупција

Post Views: 3 Полската полиција уапси елитен фудбалски судија, како и еден помошник судија, во рамки на истрагата за корупција во локалниот фудбал. Двајцата судии се приведени од полицијата во североисточниот град Сувалки. Тие ќе бидат испрашани од Обвинителството во Вроцлав и најверојатно против нив ќе бидат подигнати обвиненија, соопшти портпсролот на антикорупцискиот оддел Темистоклес Бродовски. Истрагата за корупција во полскиот фудбал започна во 2005 година. Досега за местење на натпревари и резултати се обвинети 230 лица, меѓу кои има членови на полската федерација, тренери,...

Continue reading

мк

Во Македонија пристигнуваат полски туроператори и новинари

Post Views: 1 На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со економскиот промотор на Македонија во Полска од денеска до 26 јуни во Македонија ќе престојуваат група влијателни туроператори и новинари. Меѓу гостите кои доаѓаат се наоѓа и претседателот на Полската туристичка комора Јан Корзак, претставници на влијателни туроператори, како и новинари од полски телевизии и пишани медиуми. Целта на посетата е да се запознаат со туристичките потенцијали на Република Македонија со цел наредната година земјата да се најде во нивните туристички аранжмани. {loadposition...

Continue reading

Ivanov

Сочувство од претседателот Иванов до полскиот народ

Post Views: 2 Ова е голема трагедија не само за пријателскиот Полски народ туку и за сите граѓани на Република Македонија сочувство од претседателот Ѓорѓе Иванов. „Сакам во мое и во име на сите граѓани да изразам најдлабоко сочувство на полскиот народ до семејството на мојот личен пријател претседателот Качински, до семејствата на трагично настраданите. Во овие мигови на длабока тага нашите срца и мисли се со пријателскиот полски народ“, изјави Ѓорѓе Иванов.{loadposition content9}

Continue reading

polski turoperatori

Полските туристи пристигнаа и во Охрид

Post Views: 1 Македонската туристичка понуда стигнува се подалеку. Денес во Охрид пристигна групата Полски туристи кои веќе неколку дена се во државава. Групата која е составена од полски туроператори и новинари не доаѓа само за разгледување туку има и своја мисија, а тоа е претставување пред полскиот народ и промоција на нашата земја. Претставниците од полските туроператори велат дека народот на Полска со сигурност ќе биде воодушевен од благодетите кои може да ги понуди нашата земја на туристичкиот пазар. „Прво би сакал да ја искажам нашата благодарност за поканата од Македонската...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top