Ознака: Полска

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија заминаа за Украина

Post Views: 8 Премиерите на Чешка, Полска и Словенија отпатуваа за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фјала на социјалните мрежи. Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина – рече тој. Целта на оваа посета, како што додаде, е исто така е да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците.

Continue reading

Денес стартува најскапото и најсилно Светско првенство во ракомет

Post Views: 4 Светското првенство започнува денес со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Бразил во 18.30 часот. На првенството ќе настапат 24 репрезентации од целиот свет, при што 15 се од Европа. Интересно е тоа што Меѓународната ракометна федерација за ова првенство прати и три покани а ги добија Германија, Исланд и Саудијска Арабија. Мнозинството експерти се сложува дека ова ќе биде едно од најизедначените и најквалитетни првенства досега. Репрезентациите се поделени во 4 групи по 6 екипи. И овој пат нема втор круг на натпреварување по групи, туку четирите најдобри во групите...

Continue reading

Elizabeta Milevska

Министерката за култура во официјална посета на Полска

Post Views: 1 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на покана од полскиот министер за култура и национално наследство Богдан Здројевски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Полска. Во рамки на посетата, како што пренесува Макфакс, двајцата министри ќе потпишат Програма за културна соработка меѓу двете министерства за 2009-2011 година. Македонската министерка денеска во градот Олштин ќе присуствува на концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, чие гостување е финансирано од Годишната програма за култура на Министерството за култура....

Continue reading

filharmonija

Македонската филхармонија ќе одржи концерти во Полска

Post Views: 20 Камерниот оркестар на Македонска филхармонија од денеска до 7 јули ќе одржи концерти во Република Полска, на кои ќе бидат изведени дела на Едвард Елгар, Бенџамин Биртн, Димитрие Бужаровски и на полскиот композитор Војцех Килар. – Гостувањето во Полска претставува продолжување на меѓународната соработка која ја има Македонска филхармонија. Значајно е филхармонијата да го доизгради својот имиџ не само во Македонија туку и во светот. Ова гостување е на покана на нашиот чест гостин диригент маестро Јануш Пшибилски. Голема чест и задоволство за нас е да се претставиме...

Continue reading

Зголемено воено присуство на САД

Post Views: 4 Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел најавил поголемо воено присуство во Полска и балтичките држави. Поголемото воено присуство ќе биде како поддршка на сојузниците, по интервенцијата на Русија на Крим, во Украина, најавил Хејгел. „Министерството за одбрана од утрово спроведува мерки за поддршка на нашите сојузници, вклучувајќи ширење на воздухопловната обука во Полска и зајакнување на улогата на САД во мисијата на надзор на НАТО над балтичките држави“, рекол Хејгел, а пренесла агенцијата AP. Хејгел говорел пред комитетот за вооружени сили во Сенатот, каде истакнал...

Continue reading

pitac

Украина пред нов предизвик – финансиска криза

Post Views: 4 Настаните во Украина ја дестабилизираа целата држава, а нејзината економија се соочува со сериозни предизвици. Украинското Министерство за финансии и Народната банка заедно со портпаролот и координаторот на владата Александар Турчинов понудија на меѓународните партнери Полска и САД да обезбедат до една – две недели кредит, како прва помош за 2014-2015 година од околу 35 милијарди долари, пренесоа руските весници. ”Во последните денови ние извршивме консултации и средби со амбасадорите на ЕУ, САД и други земји и финансиски организации за привремено доделување на помош...

Continue reading

Nejati Јakupi

Министерот Јакупи на 14. конференција на ОН за климатските промени

Post Views: 2 Делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од министерот Неџати Јакупи, денеска и утре ќе учествува на 14-та Конференција на страните кон Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени, која се одржува во Познан, Полска. Како што соопшти МЖСПП, министерот Јакупи на Конференцијата ќе има свое обраќање, а на маргините на настанот, ќе реализира и бројни билатерални средби. Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) е еден од најважните договори во областа на животната средина. Таа ги поставува основните принципи за...

Continue reading

Nikola Gruevski

Премиерот Груевски во работна посета на Полска

Post Views: 8 Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Полска. Македонскиот премиер во Гдањск ќе присуствува на Конференцијата по повод 25-годишнината од доделувањето на Нобеловата награда за мир на поранешниот полски претседател Лех Валенса. Според најавите, на конференцијата ќе присуствуваат претседателот на Франција Никола Саркози, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, премиерот на Унгарија Ференц Ѓурчањ, претседавачот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент...

Continue reading

aushwitz

Полска повторно отвора истрага за логорот Аушвиц

Post Views: 2 Полските власти повторно отвориле истрага за логорот Аушвиц, во кој во текот на Втората светска војска се убиени околу 1,5 милиони лица, а од нив најголем број Евреи. Истрагата за Аушвиц била затворена во 80-тите години на минатиот век за време на Студената војна, а целта на новата истрага е да се пронајдат преживеани нацистички злосторници. Логорот бил затворен во 1945 година, односно пред 66 години, а преживеаните злосторници сега се во длабока старост, веројатно постари од 90 години. Властите на нацистичка Германија го отвориле логорот во 1940 година, неколку месеци...

Continue reading

Anna

Полска ја доби првата пратеничка – транссексуалка во светот

Post Views: 3 57-годишната Ана Гродзка ќе стане првата транссексуална пратеничка во историјата на оваа земја, но и во светот, кога новиот полски парламент ќе почне со работа, откако на вчерашните избори нејзината антиклерикална партија Паликот оствари неочекуван успех. Гродзка, која е родена како маж, беше на чело на партиската листа во Краков и според првичните резултати, би требало да влезе во полскиот парламент. „Се уште не знам дали сум избрана, но многу сум среќна поради резултатот кој го оствари партијата”, изјави таа. „Ако ме изберат во Краков, ќе бидам првата транссексуална...

Continue reading

„Охридско лето“ со концерт за четирирачно пијано

Post Views: 8 Различни композитори и различни музички стилови на едно пијано донесоа вчеравечер рускиот пијанист Илја Максимов и неговата партнерка Јулија Коќубан од Полска на фестивалот „Охридско лето“.Програмата на руско-полското Дуо пијано ја опфати „Сонатата за четирирачно пијано“ од Моцарт, „Малата свита“ од Дебиси, а ја изведоа и композицијата „Шест пиеси“ од Рахмањинов. Максимов-Коќубан се првпат во Охрид и на фестивалот „Охридско лето“ и како што велат, иако прочитале за убавините со кои ќе се сретнат, сепак откако дошле, виделе дека градот е уште поубав кога ќе се посети. -Ова...

Continue reading

Колосална статуа на Исус во Полска

Post Views: 12 Статуата во малиот полски град, кој се наоѓа во западниот дел на земјата, е висока 33 метри, а е поставена на постоље високо 17 метри. Изградена е со приватни донации. Ја осмислил пак, локалниот свештеник Силвестер Зањадцки. На поставувањето на статуата се собрале неколку илјади луѓе. Според организаторите имало околу 20.000 верници, кој во рацете држеле знамиња на Полска и на Европската унија. Колосалниот кип на Исус во Полска предизвикал и спротивставености. Едни тврделе дека тој е кич и срам за земјата, додека другите имале став оти во малиот град ќе привлече голем...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top