Ознака: полициски

Охриѓанец нападнал вработен во казино, а потоа и полициски службеници

Post Views: 4 На 10.02.2022 година во 01:10 часот во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.А. (29) од Охрид. Тој го нарушил јавниот ред и мир со вербална расправија кон вработен задолжен за обезбедување на објектот, а потоа и со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодетна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Продолжен полициски час за велигденскиот викенд

Post Views: 6 На денешната владина седница донесена е одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територија на целата држава за претстојниот викенд вклучително и Велегденските празници. Полицискиот час започнува во петок 17ти април во 16 часот и ќе трае до вторник 21ви април до 5 часот . Во овој период се забаранува движење на сите граѓани.

Continue reading

Околу 600 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Post Views: 7 Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 13.08.2021 до 07.00 часот денеска (14.08.2021), во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила. Во изминатото деноноќие поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, во с.Бомово, дебарско,...

Continue reading

Жител на Лешани се однесувал агресивно кон полициски службеници

Post Views: 9 На 30-ти јануари 2022 година во 04.50 часот, во СВР Охрид приведен е 38-годишниот С.И. (38) од селото Лешани, општина Дебрца. Тој, претходно, на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Во Косово од денеска полициски час

Post Views: 1 Владата на Косово одобри нови мерки против ковид-19, кои ќе стапат на сила утре, а една од главните е ограничувањето на движењето по 22 часот, пренесува Коха. Владата на Косово одобри нови мерки против ковид-19, кои ќе стапат на сила утре, а една од главните е ограничувањето на движењето по 22 часот, пренесува Коха.

Continue reading

31-годишен охриѓанец нападнал полициски службеници на Туристичка

Post Views: 4 На 06.12.2021 година во 00.15 часот во СВР Охрид приведен е Ј.А.(31) од Охрид, кој претходно агресивно се однесувал кон полициските службеници кои, на булеварот „Туристичка” во Охрид преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

На Миконос воведен полициски час и забрана за музика

Post Views: 2 Новите ограничувања се воведени по порастот на бројот на заболени од корона вирусот во овој дел на Грција. По „загрижувачката“ локална епидемија министерството за цивилна заштита на Грција соопштило дека се забранува музика на островот и се воведува забрана за движење од 01 до 06 часот. Движењето ќе им биде дозволено само на лицата кои одат или се враќаат од работа, или имаат здравствен проблем поради кој мора да посетат медицинска установа, пренесе Ројтерс. Овие рестрикции ќе бидат на сила до 26 јули. Миконос е познат како остров за забава на богатите и како една од...

Continue reading

Охриѓанец нападнал полициски службеници

Post Views: 6 На 23.08.2021 година околу 23 часот во СВР Охрид приведен е З.Ч.(58) од Охрид, кој претходно на улицата „Ирeна Мирка Гинова” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

42 лица не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час, 37 приведени

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека по однос на забраната за движење на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани...

Continue reading

31 лице приведено за излегување во време на полициски час

Post Views: 3 Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14/15.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 44 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 31 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 110 лица им се издадени решенија за изолација, а 129 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани...

Continue reading

42-годишен жител на Лескоец се однесувал агресивно кон полициски службеници

Post Views: 3 На 22.11.2021 година во СВР Охрид приведен е Н.П.(42) од охридското село Лескоец. Тој, претходно на улицата „Партизанска” во Охрид агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Мешани полициски тимови ќе патролираат во Струга и Саранда

Post Views: 1 За време на туристичката сезона во Струга и Саранда ќе патролираат мешани полициски тимови во месеците јули и август. Албански полицајци Фајтон Сетлари од Подградец и Сигрид Краја од Тирана се дел од мешаните полициски патроли. Македонски полицајци пак во мешовити патроли ќе бидат ангажирани во албанскиот туристички град Саранда. Мешаните патроли се резултат на договорот потпишан меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.  „Полициските патроли од Македонија и Албанија се во состав од полициски службеници кои...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top