Ознака: полициска

ОВР Струга ја активира велосипедската полициска патрола

Post Views: 4 ОВР Струга во своето редовно полициско работење ја активира велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните што, треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба  во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи. Патролата е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори и на други други разни казнени дела....

Continue reading

Најмалку шест лица уапсени во полициска акција за криумчарење на мигранти

Post Views: 3 Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група. Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога. Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Continue reading

Tри лица во полициска станица, сквернавеле гробови и се снимале за „тик-ток“

Post Views: 3 Полициски службеници од ОВР Ресен вчера (18.02.2021) во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град. Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци.

Continue reading

ziteli na Wukan protiv vlasta

Бунтовничкото кинеско село кое и кажа „НЕ“ на Комунистичката партија ќе изумре од глад

Post Views: 23 Бунтовничкото село Вукан во Кина, кое од пред извесно време не е под контрола на Комунистичката партија и се наоѓа под полициска опсада има залихи од храна за само десетина денови, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, селото кое стана познато низ цела Кина и во светот од неделата е блокирано од сите страни од бројни полициски сили, откако полицајците претходно не успеаја да ги натераат селаните да се предадат. Поради тоа во Вукан нема никаков дотур на храна, ниту на вода, а никој од жителите на селото не смее да го напушти. Судирот...

Continue reading

carabineri

Операција „Минотаур“ против италијанската мафија

Post Views: 4 Повеќе од 140 припадници на озлогласениот калабриски клан Ндрангета се уапсени измината ноќ во голема полициска операција против припадниците на мафијата. Околу 1.300 карабињери се вклучени во акцијата „Минотаур“ која се спроведува во Торино, Милано и Модена во северниот и Реџо Калабрија во источниот дел на земјата. Во соработка со одделението за борба против мафијата во Торино, за време на операцијата се извршени бројни претреси. Полицијата привела локални политичари кои се сомничат за здружување со мафијашки групи. Истрагата за акцијата „Минотаур“ траела четири години....

Continue reading

dete

Разбиена најголемата интернет педофилска мрежа до сега

Post Views: 3 Европската полициска служба (Европол) соопшти дека разбила меѓународна педофилска мрежа со седиште во Холандија, при што се уапсени 184 лица во над 30 земји. Во големата меѓународна операција до сега биле откриени 670 осомничени лица и  биле спасени 230 деца кои биле злоупотребувани. Акцијата била подготвувана цели три години од здружените полициски сили. Според директорот на Европоп, Роб Вејнрајт, мрежата била поврзана околу интернет форумот boylover.net, со седиште во Амстердам, кој имал околу 70.000 членови а снимките и фотографиите на децата биле разменувани преку...

Continue reading

Турција: со автомобил бомба нападната полициска станица

Post Views: 1 Силна експлозија потресла утрово полициска станица во местото Џизре во југоисточна Турција, а неименувани полициски извори тврдат дека има загинати и ранети. Турските медиуми јавуваат дека има девет загинати, од кои тројца полицајци, и 64 биле ранети. Силната експлозија целосно ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во околината. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба. Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан. Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се наоѓа на границите...

Continue reading

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, на новинарите и медиумските работници, им подарува заштитна опрема од вкупно 100 повеќенаменски заштитни маски и 100 заштитни ракавици

Post Views: 2 Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, на новинарите и медиумските работници, кои се членови на Регионалното здружение на новинари на Македонија од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, но и на оние кои не членуваат во ЗНМ, им подарува заштитна опрема од вкупно 100 повеќенаменски заштитни маски и 100 заштитни ракавици. Покрај здравствените работници, полицајците и војниците, на кои им сме благодарни за огромниот ангажман во борбата против невидливиот непријател- Корона вирусот, новинарите, се луѓето кои од почеток на пандемијата, постојано се на терен, до првата...

Continue reading

МВР потврди: Во тек е голема полициска акција во Диво Насеље

Post Views: 9 Голема полициска акција претпладнево се одвива во населбата Диво Насеље во Куманово, а од Министерството за внатрешни работи ова го потврдија за МИА. Оттаму најавуваат повеќе детали за полициската акција во текот на денот.Неофицијално станува збор за акција за спречување на трговија со наркотици. Алсат објави снимка каде се гледа дека полициски службеници опколија куќа од сите страни. Видеото погледнете го ТУКА.

Continue reading

полициска лента

Поранешна полициска службеничка пронајдена мртва во стан во Охрид

Post Views: 1  Безживотно тело на женско лице синоќа е пронајдено во стан на улицата „Сирма Војвода” во Охрид. Според непотврдени официјални информации, станува збор за М.М. поранешна припадничка на полициската служба, на која пред четири години и е прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи.Причините за настапувањето на смртта односно околностите во врска случајот ќе ги покаже истрагата врз основа на увидот на лице место спроведен уште во текот на вчерашниот ден. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обд...

Continue reading

МВР со кривична пријава за стружанец кој поседувал хероин

Post Views: 6 Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 41- годишен стружанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Во февруари годинава,од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот и кај истиот е пронајдена 0,16 грама хероин. {loadposition content9}

Continue reading

LOGO

Во Охрид регионална конференција за полициската обука

Post Views: 0 Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е домаќин на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“ што од денес до 19-ти месецов ќе се одржи во Охрид. На конференцијата ќе учествуваат повеќе претставници од центрите за полициска обука на Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Турција како и преставници на САД и ЦЕПОЛ. На средбата, претставници на полициите на земјите од регионот ќе презентираат и разменат искуства...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top