Ознака: поетски

Започна Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“

Post Views: 7 Започна Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“. Организатор на овој тридневен  поетски собир е Друштвото за култура и литература „Мацково“.  Денеска дел од младите поети и организаторите ги прими Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. „Сакам да Ви честитам на истрајноста и упорноста, во овие тешки времиња за цел свет со здравствената криза со која се соочуваме сепак да се нафатите да организирате еден ваков благороден настан. Сите настани коишто се организираат и случуваат ова лето во Охрид се доказ...

Continue reading

logo

Нов зимски поетски фестивал

Post Views: 1 Од  8 до 11 декември во Скопје ќе се одржува нов Зимски поетски фестивал, во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Зимскиот поетски фестивал (ЗПФ) е востановен како дел од настојувањата за институцијата Струшки вечери на поезијата  за интензивна културна активност на СВП насекаде во земјава и преку целата година.   Зимскиот поетски фестивал е надополнување на летниот особено што во фокусот се четворица врвни автори, тројца странски и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ кои низ три различни приоди ќе бидат презентирани. Учесници на првиот Зимски...

Continue reading

Се одржа IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Post Views: 0 Викендов се одржа IV-та Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј со почеток во 13 часот. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина...

Continue reading

ploca ko un

„Поезијата ја има моќта да ја направи туѓата земја како родно место“-порача годинешниот лауреат на СВП, Ко Ун

Post Views: 2 „Поезијата не познава граници и далечини. Родното место е како утопија, место за душата каде мирот целосно се реализира. Поезијата има моќ да ја направи туѓата земја како родно место.“ Со овие зборови, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поет Ко Ун ја појасни својата врска со Струга, со Миладиновци и потребата и желбата да биде дел од една од најзначајните поетски манифестации во светот. „Благодарение на топлото гостопримство од Мите Стефоски, Славе Димоски и сите соработници на Струшките вечери на поезијата и дамите и господа поети...

Continue reading

„Охридски поетски бисер“ во манастирскиот комплекс „Св.Стефан“

Post Views: 3 Во манастирскиот комплекс „Св. Стефан“ во близина на Охрид, во сабота, 30-ти јуни 2018 година со почеток во 12:00 часот ќе се одржи третото издание на поетската манифестација „Охридски поетски бисер“. Овој настан има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Таа им дава можност на непознатите, анонимни поети, особено на помладите генерации, во содејство со веќе познати македонски автори да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик. Повеќегодишната идеја...

Continue reading

Heri Men

Наградата „Мостови на Струга“ во рацете на младиот шкотски поет Хери Мен

Post Views: 3 Шкотскиот поет Хери Мен е добитник на наградата „Мостови на Струга“, која фестивалот  Струшки вечери на поезија и УНЕСКО во изминатите десет години ја доделуваат за дебитантска поетска книга од млад светски автор. Наградата ја добива за збирката со 18 песни „Лифт“, издание на „Tall Lighthouse“. Ќе му биде врачена во август, на 53-тото издание на фестивалот, на кој лауреат и добитник на главната награда „Златен венец“ е јужнокорејскиот поет Ко Ун. – Она што е вредна одлика на поезијата на Хери Мен е смелоста со која преку јазичните игри, во своевиден неовангарден...

Continue reading

serote

Лауреатот на СВП Монгани Вали Сероте допатува во Струга

Post Views: 1 Во Струга се е подготвено утревечер да отпочне 51-то издание на Струшките вечери на поезијата. На годинашниот Фестивал ќе учествуваат околу 120 поети од земјава и од странство. Годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, веќе е во Струга, рече претседателот на Управниот одбор , поетот Славе Ѓорго Димоски. Зборувајќи за поезијата на  Сероте , Ѓорго Димоски истакна дека јужноафриканскиот  поет бил и политички активист. Тој за време на апартхејдот бил изложуван на репресии и бил затворан. Неговата борба се одсликува и во неговата поезија, рече Ѓорго...

Continue reading

Трет Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“

Post Views: 3 Денеска во Охрид започна со работа Третиот Балкански поетски камп за деца и млади  “Ванчо Николески”. Учесници се млади поетски надежи од Македонија, Србија и Албанија – со физичко присуство, уште и од  Бугарија и од Босна и Херцеговина – Република Српска. На учесниците успешна работа и пријатен престој во охридскиот регион им посака заменик градоначалникот на Охрид , Ристо Николески, кој изрази надеж дека историјата и убавините кои ќе ги видат ќе се преточат во нивните поетски творби Вистинско задоволство е да се биде помеѓу млади надежни поети и поетеси...

Continue reading

Dushko Gjorgon

50 години фото-хроничар на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 21 Душан Ѓоргон и објективот на неговиот фотоапарат 50 години верни следбеници на СВП. За овој јубилеј синоќа беше отворена изложба, свеовидна фото-ретроспектива на полувековното постоење, работа и развивање на најзначајниот македонски поетски фестивал. Уште на самите почетоци на фестивалот, како млад фотограф Ѓоргон се заинтересирал за собирите на поетите учесници. Овој, во тоа време млад фото-хроничар, ги следел поетите на нивните читања, на нивните состаноци, бил нивна верна сенка. Сега веќе официјален фотограф на фестивалот, Ѓоргон вели дека со објективот на својот...

Continue reading

Поетски читања за старите лица во организација на Црвен крст Охрид

Post Views: 0 Во рамки на Програмата на грижа за стари лица која веќе една година ја спроведува Црвен крст Охрид, вчера на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) волонтерите на Црвен крст Охрид од различни возрасти и на различни јазици читаа поезија во која уживаа корисниците на оваа програма и бројни наши сограѓани. Преку поетските творби, во најголем број напишани од самите волонтери, беше упатена порака за за вреднување на разновидноста на културите и толеранцијата, взаемната доверба и разбирање, почитта и вниманието кон старите лица. Потребите на старите лица се во фокусот...

Continue reading

lovorov venec

Славе Банар-прв охриѓанец добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“

Post Views: 20 Охриѓанецот Славе Банар годинашен лауреат, добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“. Поемата „Амбар“ едногласно избрана за најдобра поема за 2014та година помеѓу петнаесет други пристигнати поеми. Лауреатот, Славе Банар вели дели дека тој само чекорел по стапките на Прличев кои ги следел целиот свој живот. „Се чувствувам малку повластено, се чувствувам по малку на некој начин благословено што успеав да продолжам во еден од најтешките жанрови, поемата која досега е ненадмината после Прличев и навистина не само што ми беше среќен моментот на добивањето...

Continue reading

Vele Mitanoski

„Рани спомени“-хроника за Охрид и охриѓани

Post Views: 5 Сеќавања, творештво и документација. Понесен од потребата да се оддолжи кон градот, познатиот новинар, публицист и политички аналитичар, Веле Митаноски, ја напиша книгата „Рани спомени“. Оваа книга претставува хроника за Охрид и охриѓани, испишана на без малку 600 страни. Една од поентите на книгата е дека сите охриѓани треба да му се одолжат на градот на некаков начин, а посебно на новинарите. Авторот на книгата „Рани спомени“, Веле Митаноски си го исполни своето ветување, вели Тоде Илиески директорот на НБУ „Глигор Прличев“. Тој додава дека со материјалот на ова дело...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top