Ознака: погоди

Силен земјотрес го погоди Мелбурн

Post Views: 3 Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југоисточниот дел на Австралија во близина на Мелбурн, објави Геолошкиот завод на САД, а на социјалните медиуми се емитуваат сцени на жители во паника кои излегуваат од своите домови. Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град. Австралискиот премиер Скот Морисон во реакција од Њујорк рече дека нема жртви или поголема штета во земјотресот. Сепак, премиерот ја посочи „многу вознемирувачката“ страна на земјотресот...

Continue reading

Земјотрес од 6 по Рихтер ја погоди Кина

Post Views: 2 Најмалку две лица загинаа денеска, во земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, јавија државните медиуми. Според Синхуа, земјотресот се случил во округот Лусијан на длабочина од 10 километри. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Лужоу (со население од над 4,25 милиони луѓе). Беа пријавени речиси 7.000 евакуирани лица. Според државната телевизија CCTV, повредени се 60 лица. Земјотресот уништи 737 куќи и оштети повеќе од 7.000 згради, јави ДПА, повикувајќи се на „Пиплс дејли”. Сечуан...

Continue reading

Земјотрес од 7 степени по Рихтер го погоди Мексико

Post Views: 5 Најмалку едно лице загина во земјотресот со јачина од 7,1 степени кој го погоди Мексико. Епицентарот бил во близина на пристанишниот град Акапулко, а потресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот. На Твитер беа објавени снимки од граѓани на Акапулко кои во паника трчаат по улиците. На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии на кои се гледаат оштетувања на објектите. Делови од Мексико Сити и Акапулко останаа без електрична енергија, пренесува „Њујорк тајмс“. Системот за предупредување од цунами од САД издаде предупредување...

Continue reading

Мини торнадо погоди плажа на Халкидики

Post Views: 10 Туристичкото место Неа Мудања на Халкидики, вчера беше погодено од мини торнадо во кое повредени се три лица кои во моментот биле на плажата. Туристите кои се нашле на ова место на социјалните мрежи пишуваат дека песочниот вртлог кој се формирал, направил штета на плажата, односно баровите. Тројцата повредени, според последните информации од локалните медиуми, се во добра состојба. На истата плажа во попладневните часови избувнал и пожар, но набрзо бил изгаснат.  

Continue reading

Пандемијата со Covid -19 ја погоди и Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид

Post Views: 3 Зголемениот број на Ковид 19 позитивни во целата земја, а исто така и во Охрид како еден од најпогодените градови, со изразено висока застапеност на “британската мутација”, на вирусот Sars Cov 2, која се одликува со значајно повисока преносливост, ја погоди и Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. „Сакаме да потенцираме дека во Ковид одделот кај нас се третира најкомплексни пациенти од Охрид и регионот,...

Continue reading

Најмалку шест лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди Хрватска

Post Views: 2 Во Петриња загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица. Во Петриња куче најде жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек. По затрупани луѓе се трага на уште три други локации, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут, пренесува Хина.На терен се осум кучиња во потрага по настрадани под урнатините од земјотресот. Во разорениот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, кој денеска ја погоди Хрватска, загинаа најмалку три лица, повредени се најмалку 20 луѓе и предизвикана е голема материјална...

Continue reading

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб

Post Views: 11 Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала утрово го погоди Загреб, изјави директорката на хрватската Сеизмографска служба Инес Иваничиќ.Споед неа, потресот се случил во 6:28 часот, а епицентарот се наоѓал 14 километри североисточно од Глина, во близина на Петриња. Со напомена дека се уште се работи на утврдување на точната јачина на земјотресот, Иваничиќ истакна дека се очекуваат и дополнителни земјотреси.Засега нема информации за евентуални жртви и колкава штета е причинета. Според некои информации, земјотресот се почувствувал и во Риека и во Сисак,...

Continue reading

Бретања

Поплави во Франција и Шпанија

Post Views: 1 Француската метеоролошка служба прогласи највисоко, црвено ниво на тревога поради поплавите во крајбрежната област Бретања. Во изминатите денови баскиската област на француската граница со Шпанија, ја погоди невреме кое предизвика огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови. Во невремето еден шпански товарен брод удри во ѕид во француското пристаниште Бајон.Во Шпанија ветрот со јачина од 130 километри на час, предизвика бранови на западниот брег високи осум метри и предизвикаа штети од повеќе милиони евра. Невреме ја погоди и Велика Британија, која ја ангажираше...

Continue reading

Силен земјотрес ја погоди Албанија, регистрирани шест жртви

Post Views: 9 Бројот на жртви во силниот земјотрес што ја погоди Албанија во утринските часови се искачи на шест, соопшти албанското Министерство за одбрана. Три лица загинале во населбата „18“ во Драч, две во селото Туман и едно лице во Курбин. Судбината на четворица косовски граѓани кои биле сместени во мал хотел во Драч кој е целосно урнат, сè уште не се знае. Не се исклучува можноста во хотелот да настрадал и некој од персоналот. Спасувачки екипи се на терен и работат на расчистување на урнатините од петкатница во Драч и повеќекатница во Туман. Според очевидци, под урнатините...

Continue reading

Георгиески: Ништо нема да го погоди Охрид како губењето човечки животи

Post Views: 1 Новите рестрикции за претстојните Новогодишни и Божиќни празници силно ќе го погодат Охрид како туристички центар. Првиот човек на градот вели дека во вакви услови здравјето на граѓаните мора да биде приоритет. „Ништо нема да го погоди градов толку колку колку што би го погодило губењето на човечки животи и се поголемиот број на болни луѓе. Охрид, независно што е туристички центар , погоден е како цел свет од пандемијата и едноставно мора да издржиме до некое нормализирање на состојбата. “- вели градоначалникот.  Во рестораните и кафе баровите мора да се почитуваат протоколите...

Continue reading

Силен земјотрес од 6.7 степени по рихтер го погоди јапонскиот остров Хокаидо

Post Views: 0 Медиумите јавуваат за девет жртви, над 150 повредени и 40-тина исчезнати. Потресот предизвика одрони, поради што бројни куќи се затрупани со земја. Снмките од воздух покажуваат штети од огромни размери предизвикани од лизгањето на земјиштето. Без струја се три милиони жители, а најголемиот дел од нив се од престолнината Сапоро, во чија близина е и епицентарот на земјотресот. И нуклеарната централа Томари, која се наоѓа на островот остана без струја, но засега нема забележан пораст на радиокативноста. Пожар избил и во петрохемискиот комплекс Мурорану, но брзо бил изгасен....

Continue reading

Силен земјотрес ги погоди островот Кос и Бодрум

Post Views: 9 Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени предизвика мало цунами на медитеранскиот брег во Турција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Бодрум, се почуствувал и на грчките острови Кос и Родос, а како што соопштија локалните власти, досега имало двајца загинати. Земјотресот се случил во 1 часот и 31 минута по полноќ. Градоначалникот на Бодрум Мехмед Кочадон во изјава за Хуриет рекол дека сè уште е рано да се прават проценки на штетите. Туристи на социјалните мрежи постираа слики од поплавени крајбрежни хотели и луѓе што се кријат под масите. Тие раскажуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top