Ознака: пловните

ОПШТИНА ОХРИД АПЕЛИРА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД „САРАИШТЕ” И „КАНЕО”

Post Views: 4 Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок. Пловните објекти треба да се отстранат заради тековно одржување, уредување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината.

Continue reading

ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ КАЈ КАНАЛОТ „СТУДЕНЧИШТА“

Post Views: 7 Заради непречено одвивање на градежни работи на пешачакта и велосипедската патека која што се протега од Билјанини извори долж каналот Студенчишта, потребно е сопствениците на пловните објекти кои се наоѓаат на патеката и во каналот од страната каде што се изведуваат градежните активности, да бидат отстранети. Општина Охрид ги известува сопствениците на пловните објекти веднаш да ги дислоцираат. Доколку сопствениците тоа не го направат, пловните објекти, ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на терет на сопствениците.

Continue reading

OHRID

Пловните возила треба да се пререгистрираат

Post Views: 0 Општина Охрид ги информира сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 10 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, дека согласно Законот за туристичка дејност член 52, потребно е истите да ги регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Истото можат да го направат и во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над УНИ БАНКА со поднесување на барање кое е објавено на општинската страна или може да се...

Continue reading

пловење

Охридското езеро интересно за наутичарите

Post Views: 6 Охридското езеро е во врвот на дестинациите за развој на наутичкиот туризам.  Нашата акавторија е огромна кога станува збор за езерата , вели капетаноит  Горан Устијаноски  кој ги претстави сите предности на нашето езеро на Саемот за наутика во Белград. Потенцијалите се огромни кога станува збор за пловењето, едрењето и едриличарските спортови, напоменува Устијаноски. Додав дека езерото со своите карактеристики предизвикало голем интерес кај наутичарите во Белград. „ Апсолутно ако  гледате и направите споредба со другите езера во светот Охридското езеро со сигурност...

Continue reading

ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ КАЈ „САРАИШТЕ“

Post Views: 0 Општина Охрид по втор пат упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата која се очекува претстојново лето да е посетена од охриѓани и туристи од земјава и соседството. Воедно доколку пловните објекти не бидат отстранети во најкраток временски период тоа ќе го направат надлежните служби на трошок на сопствениците.

Continue reading

kanal studencista

Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка

Post Views: 2 Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен. –Досега такво нешто...

Continue reading

kanal

Кој треба да ги подигне хаварисани бродови од каналот Студенчишта

Post Views: 3 Каналот Студенчишта наместо туристичка атракција  станува отпад за хаварисани бродови, се загадува и има се помалку риба. –Рибарите и сопствениците на пловните објекти кои се згрижени во каналот Студенчиште велат дека тој е многу запуштен и запоставен. Додават дека ниту државата ниту локалната водат сметка за него. Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот да се ревитализира, затоа што флората и фауната во каналот интензивно се уништува, предупредуваат рибарите. Тие додаваат дека на овој канал дневно имало и по 300 спортски риболовци кои ловеле...

Continue reading

Да се отстранат пловните објекти од Сараиште

Post Views: 3 Општина Охрид,  упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат  од брегот кај плажата  „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата  која  се очекува  годинава да е посетена од  охриѓани и   туристи од земјава и соседството. Плажата „Сараиште“  привлекува бројни посетители и капачи  пред се жители од старото градско јадро,  но и  охриѓани од останатите охридски  населби.

Continue reading

brod

Дрвени макети на познати бродови се дело на самоукиот Јован Делов

Post Views: 2 Макети на бродовите Санта Марија, Баунти, Дубровничка нава, Ла Корона, Далматинска фалкуша, Патролниот чамец на АРМ се само дел од познатите бродови  кои ги има изработено охриѓанецот Јован Делов.  Љубовта кон езерото и пловните објекти му биле всадени од најмала возраст и прераснале во страст да изработува минијатури на познати бродови. Овој млад човек од својата 8 година покажал голема љубов и талент кон изработка на макети на пловни објекти.  Неговата професионална ориентираност  како  дипломиран менаџер по туризам и угоститетелство нема тесна поврзаност со неговата...

Continue reading

kanal Studencista

Спортските риболовци против, каналот да се претвори во инпровизирана марина

Post Views: 7 Едниот брег од каналот Студенчишта кој и припаѓа на локалната самоуправа ќе се уредува најави неодамна првиот човек на  Капетанијата на пристаништата. Капетанот Горан Устијаноски вели дека на една страна од каналот, која и припаѓа на општината ќе се изгради инфраструктура за прифаќање на пловните објекти. Просторот ќе се уреди и заштити и тука за одреден надомест ќе може да се чуваат безбедно пловните објекти. Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид е против овој проект на Локалната самоуправа.„Новиот проект на локалната самоуправа за изградба...

Continue reading

aerodrom na voda

Екологистите против идејата за аеродром на вода во Охридското езеро

Post Views: 4 Идејата за изградба на аеродром во водите на Охридското езеро, наиде на остра осуда кај еколозите.  Тие сметаат дека наместо вакви проекти, треба повеќе да се размислува за редуцирање на пловните објекти во Охридското езеро кои користат течно гориво. Ѓоко Зороски од Здружението на еколози „Грашница“ вели дека за ваков тип на проекти треба да се праша и другата страна, односно соседите од Албанија со кои го делиме езерото. Зороски вели дека според ЕСПО конвенцијата за прекугранични влијанија, секој проект кој може да предизвика штетни последици од евентуална хаварија,...

Continue reading

petreski

Во Охрид владее хаос со пловните објекти

Post Views: 9 Градоначалникот Александар Петрески по трет пат од пред Охридската Капетанија упати апел до централната власт, да не ги игнорира потребите на Охрид и охриѓани и да не ја загрозува туристичката сезона. Петрески се повика на вчерашниот трагичен настан во Струга, во кој загина едно лице возејќи се на скутер потенцирајќи дека ова е уште едно предупредување за тоа што може да се случи кога власта зазема несериозен однос кон едно толку важно прашање, какво што е безбедноста на Охридското езеро. Со недели предупредувавме дека во Охрид владее хаос со пловните објекти.  Капетанијата...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top