Ознака: петроска

grdinka

Децата од мали нозе учат за здрава исхрана

Post Views: 9 За да бидам вредна, весела и здрава секој ден јадам здрава храна. Преку игра, песна до здрава храна во градинката „Јасна Ристеска“.  Денес во објектот „Лихнида“, нутриционистот Весна Пирузева Петреска, одржа презентација за важноста на здрвата храна, со цел да се подигне свеста кај децата. Децата наброија неколку видови овошје за кои сметаат дека спаѓаат во здрава храна. Горазд рече дека јаде мед и ореви, Сара сака да јаде морковчиња, а Елена секое утро пие чај со мед. Децата се учат уште од мали нозе на здрав начин на исхрана, вели нутриционистот Весна Пирузева Петроска....

Continue reading

aprilijada

Охриѓанчињата го одбележаа Денот на шегата

Post Views: 2 Космонаути, принцези, самовили, вештерки, Бетмени беа само дел од најразличните костими со кои најмладите охриѓанчиња го одбележаа Денот на шегата. Првиот ден од пролетниот месец  април најмалите на само нивен начин  го направија порадосен  и пораспеан. Заради променливото време  изостана традиционалната прошетка на градскиот плоштад , па манифестацијата се одржа во кругот на 5-те  градинки.  Со најразличните шарени костими  децата покажаа дека  нивната фантазија е неисцрпна. Целта на Априлијадата е сите деца да уживаат во добра забава и смеа. Во подготвување на програмата,...

Continue reading

gradinka

Дечињата и се радуваа на пролетта

Post Views: 1 Весело, разиграно, распеано. Дечињата од детската градинка Јасна Ристеска маскирани во пеперутки, цвеќиња, бумбари, пчели, штурчиња и се радуваа на пролетта.   Директорката на градинките Марина Петроска Тодороска вели дека секоја година во оваа образовна институција на 21 март има програма со која го одбележуваат денот на пролетта. Таа додава дека овој настан е составен дел од воспитно образовната програма. „На 21 март ја поздравуваме пролетта со соодветна содржина, соодветна програма заедно со децата маскирани во предвесници на пролетта ја прославуваат пролетта. Самите...

Continue reading

lajons klub Denica

Лајнс клубот „Деница“ обезбеди нова донација за детската градинка

Post Views: 3 Организатор на забавата „Играта е детска работа“,  беше Женскиот Лајонс клуб Деница кој веќе неколку месеци егзистира во Охрид. Претседателката на Деница, Јулијана Василеска вели дека се одлучиле да помогнат во доопремувањето на просториите во градинката затоа што дечињата имаат посебно место во нивното хуманитарно делување. „Дечињата од градинка кои се толку припремени толку инспиративни самите ќе се потрудат да организираат една пригода која со наша помош и наша посетеност ќе допренесе да се соберат средства со што ќе се помогне во доопремување на занимлните во централната...

Continue reading

gradinka

Кој ќе биде директор на градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 4 Како што ТВМ во неколку наврати информираше, пред половина година Управниот одбор на оваа јавна установа ја предложи Марина Петроска Тодороска, за оваа фукнција, а предлогот беше прифатен од градоначалникот Петрески. Тодороска беше именувана за вршител на должноста директор. Како што е познато тогаш, дел од членовите на Управниот одбор, го кренаа гласот против оваа одлука на градоначалникот, поради забелешки дека со оваа одлука се прави повреда на статутот на градинката. Нејзиниот противкандидат, Роза Костеска, ја обжали ваквата одлука. Второстепената комисија сеуште...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top