Ознака: паркинзи

ЈП Комуналец секојдневно ги дезинфицира градските и приградските улици, тротоари , паркинзи

Post Views: 0 Секојдневно се дезинфицираат градските и приградските улици со две цистерни, информира Стевчо Маслов ОД ЈП Охридски Комуналец. Во вонредни услови, според програмата за работа градот е поделен на 4 зони и покрај улиците се прскаат тротоарите, паркинзите, игралиштата, автобуските постојки. Денес се прскаа Кејот, Чаршијата, населбите Билјанини извори и Гоце Делчев, селата Косел и Вапила. Имаме за прскање по две села во програмата секој ден. Користиме дезинфекционо средство Дизентал кое го имаме во доволни количини , кажува Маслов. „Тоа е концентриран раствор се меша со...

Continue reading

Локалната постави паркинзи за велосипеди

Post Views: 1 На девет локации во градов Локалната постави паркинзи за велосипеди. Овој проект е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид, а општината застанува зад сите активности кои значат поредуцирано користење автомобили и нивна замена со велосипеди или одење пеш до предвидената локација.Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИС и ЗЕЛС остваривме проект вреден околу 600 000 денари за поставување на девет...

Continue reading

parking

Граѓани се жалат дека на паркинзи од иста зона, плаќаат различна цена за паркирање

Post Views: 1   Дали сеуште важи ценовникот за паркирање на ЈП „Билјанини Извори“ според кој за првиот час паркирање во зона А се плаќа 30 денари, а за наредниот час 20 денари? Граѓани реагираа до нашата редакција прашувајќи зошто на паркинзи кои се наоѓаат во иста зона различно ги чини паркирањето. Тие велат дека се нашле во ситуација кога вработени на два паркинзи кои се наоѓаат во зона А, едниот на булеварот „Македонски просветители“ наспроти маркетот Тинекс, а другиот на „Кеј Македонија“ наспроти лаунџ барот Објектив за два часа паркинг им наплатиле 60 во едниот, 50 во другиот...

Continue reading

parking

Дали во Охрид има доволно бесплатни паркинзи?

Post Views: 3 Паркинзите вечна тема за охриѓани. Особено вниманието го привлекуваат оние бесплатните каде охриѓани може да паркираат без надомест, под услов да најдат слободно место. Бесплатен паркинг пред основното училиште „Братство Единство“ кај Крст Џамија, по должината на улицата „7ми Ноември“ до автобуската станица од едната страна, потоа едната страна од улицата „Јане Сандански“, дел од „Македонски Просветители“ пред полицијата како и дел од булеварот „Туристичка“. Ова се локациите каде охриѓани може бесплатно да паркираат иако потврда за тоа не добивме од локалната самоуправа...

Continue reading

parking

Се фискализираат некои од дивите паркинзи во Струга

Post Views: 9 Иако за голем број од локациите кои може да се користат за паркирање, градскиот совет на Струга не даде зелено светло, издавањето на одредени паркинзи помина на една од седниците на Совет без разлика на спротивставените ставови на некои од советниците.  Но остана прашањето, кој стопанисува со објектите кои досега работеа и каде завршија  и не така малите средства кои се собираат од стопанисувањето со истите. Од Државниот пазарен инспекторат, Одделението за инспекциски надзор од Струга, велат дека после направените контороли, констатирано е дека одредени закупци веќе...

Continue reading

parking

Работа на црно

Post Views: 1 Кој заработува од паркинзите во Струга и кој стопанисува со нив? Обичен парагон блок на кој е напишана сума од 50 денари ќе добиете на еден од паркинзите во Струга, кој се наоѓа наспроти општината. Во чиј џеб се слеваат средствата останува енигма. Овде очигледно затајува спроведувањето на законот за регистрација и фискализација на субјект кој врши дејност. Раководителот на пазарниот инспекторат од Струга, Надица Николовска рече дека излегле на терен, и направиле увид на состојбата. Од таму кажаа кои се законските права на корисникот на услугата доколку од него се побара...

Continue reading

zona b

Ќе ја има ли поефтината паркинг Зона Б во централното градско подрачје?

Post Views: 7 Охриѓани во неизвесност дали дел од паркинзите во Зона Б кои со летниот режим на сообраќај беа префрлени во поскапата Зона А ќе бидат вратени во првобитната или ќе останат во моменталната зона. Летниот режим на сообраќај заврши на 1ви Септември, но на овие паркинзи и натаму се наплаќа по ценовникот за паркинзи од Зона А, односно по 30 денари за час. Граѓаните се прашуваат кога паркинзите ќе се вратат повторно во Зона Б, каде за час паркирање се наплаќа по 20 денари. Од претпријатието велат дека постои можност зоните на паркирање да се вратат по старите цени, но исто...

Continue reading

parking Quba

СДСМ: „Локалната ги остави граѓаните без можност за бесплатен паркинг“

Post Views: 1 Охридските социјалдемократи денес со обвинувања до локалната дека граѓаните ги оставила без можност за бесплатно паркирање. Тие ги посочија паркинг просторите кај полигонот за мали спортови и оној кај Центарот за обука на вода во непосредна близина на плажата Куба Либре. Јован Стојаноски од општинската организација на СДСМ ја обвини локалната самоуправа и охридската ВМРО-ДПМНЕ дека се однесува лицемерно. „Лицемерието се состои во тоа што додека СДСМ ја практикуваше власта во Охрид, постојано бевме критикувани дека наводно нема слободен простор на кој што граѓаните можат...

Continue reading

parking

Паркингот во Охрид поскапи или не

Post Views: 5 Дел од паркинзите од  зона Б, со одлука на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, префрлени во зона А. Со тоа практично, паркирањето на најголем дел од паркинзите во градов поскапува иако не е променета цената  за паркинг место со одлука на совет. Граѓаните  реагираат дека  не се информирани кои паркинзи се префрлени во зона А каде што се наплатува по 30 ден за час. И што е уште поважно, дали Управниот одбор на јП, може, со одлука сите паркинзи од зона Б да ги префрли во поскапата зона без за тоа да побара амин од градските советници. Од ЈП „Билјанини Извори“ не излегоа...

Continue reading

parking

Паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ лична сопственост или закуп?

Post Views: 3 Поставеното вертикално обележување на дел од паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ ги доведе во забуна граѓаните на Охрид. Дел од нив реагираа до Телевизија ТВМ прашувајќи како може сопствениците на угостителските објекти да ги користат овие паркинзи притоа обележувајќи ги со вертикална сигнализација како нивна сопственост. Со цел да одговориме на овие прашања го контактиравме директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. Тој ни рече дека овие паркинзи кои тие ги добиле со одлука на совет уште на 5ти Декември 2013та година на барање на угостителите кои гравитираат на оваа...

Continue reading

parking

Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет

Post Views: 1 Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани. Ова е само еден од проектите на новиот директор на Ј.П „Градски Пазар“, Тони Коталески. „Сметам дека беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар – Охрид, за лицата со инвалидност. Овие рампи кои пред се се направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло јајца и сирење ќе им овозможат ист пристап на сите граѓани на Охрид“, вели директорот...

Continue reading

trotoari

Проблемот со паркирани автомобили по тротоарите, локалната ќе го решава со катни гаражи

Post Views: 2 Автомобилите на тротоар, пешаците на улица. Ваква е сликата на голем број од охридските улици особено во летниот период кога и фреквенцијата на возила е далеку поголема. Колони на возила паркирани на места кои што не се предвидени за тоа, а уште полошо, места кои се наменети за движење само на пешаците. Тие пак се приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат. Револтирани се од ваквата состојба, но најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме, сметаат дека причината за блокираните тротоари пренатрупани со автомобили, лежи во немањето доволно паркинзи. „Пречат, секако...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top