Ознака: парализа

Центар за деца со церебрална парализа

Post Views: 6 Охрид добива Дневен центар за децата со церебрална парализа. Градските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за доделување на простор за формирање на ваков центар. Просториите се во поранешната касарна во Охрид. Конечно децата со церебрална парализа ќе добијат катче за социјализација, анимација и дружба, бидејќи во недостиг на ваков центар, тие со години живеат во изолација. Охрид покажа дека има волја, има слух, има желба. Ова е еден многу убав гест кој што општината го прави кон овие деца и семејства и покажува дека Охрид сака да им помогне на овие лица....

Continue reading

vakcinacija

Доаѓа ли детската парализа и на европско тло?

Post Views: 8 Можеби не е доволно против детска парализа да се вакцинираат само сириските бегалци, предупредуваат германски експерти кои велат дека таа болест може повторно да ја зарази Европа, во која ја нема веќе со децении. Во текст во научното списание Лансет, Германците велат дека за Европа опасноста од инфекции од вирусот на детска парализа лежи во дел и од типот на вакцината која се употребува во подрачја кои со години не ја регистрирале оваа болест. Детската парализа или полиомелитис се пренесува од контаминирана храна или вода, а во октомври е потврдена епидемија меѓу децата...

Continue reading

Малолетно дете, болно од детска парализа напуштено од родителите чека институционално згрижување

Post Views: 9 Единаесетгодишно дете, неподвижно и болно од детска парализа чека институционална грижа. Пред еден месец прво го напушта таткото, а од пред една недела и мајка му. Сега болното дете е оставено на милост на соседите под надзор на социјалните работници. Детето прима терапија , консултиран е матичен лекар и психијатар. Се бара институција или згрижувачко семејство да се грижи за напуштеното дете, информира Ајтен Мусли, директор на Центарот за социјални работи од Охрид. „Три дена работиме на случајот но заради Ковид 19 многу се ограничени капацитетите за сместување на детето....

Continue reading

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Post Views: 0 Со синоќешното осветлување на зградата на Општина Охрид во зелена боја, Локалната самоуправа се вклучи во одбележување на Светскиот ден на церебралната парализа – 6-ти октомври. На овој ден се потсетуваме дека има над 17 милиони луѓе во светот кои страдаат од ова здравствено нарушување. Церебралната парализа е несакан глобален феномен и е еден од најчестите физички попречености што ги погодува нашите најмили, децата. Оваа попреченост може да се појави во различни периоди од нивното растење и развој. Затоа сите во рамки на своите надлежности да работиме на подобрување...

Continue reading

Родителите на деца со церебрална парализа бараат Дневен центар за згрижување

Post Views: 13 Децата со церебрална парализа од Охрид се соочуваат со изолација. Тие се исклучени од образовниот процес, а во општината нема дневен центар за згрижување на оваа категорија деца, се жалат родителите, кои проблемот го пријавија во рубриката „Ти си твојот град”.   Велат долги години бараат од локалната самоуправа да им додели простор за да може да се изгради соодветен Дневен центар за децата со церебрална парализа. Претходниот градоначалник ветил простор кај касарната, но со промената на власта и тоа е неизвесно. Сега имаме нова локална власт се обративме и до...

Continue reading

Ilce Vasileski

Апел за помош на малиот Илче

Post Views: 0 Илче Василески кој има само една година и седум месеци боледува од церебрална парализа. Тешките материјални услови со кои се соочува неговото семејство дополнително ја влошува и онака тешката состојба. Родителите на малиот Илче немаат пари за храна ниту за потребната лекарска терапија. Мајка му Светлана тешко се соочува со оваа состојба бидејќи и самата неможе самостојно да живее и е неспособна за работа. Околу грижата на Илче и помага нејзината мајка Ристовка. Нејзиниот сопруг Мирко нема постојана работа трча да заработи корка леб каде ќе стигне. Тој низ солзи ја раскажува...

Continue reading

Решение на еден од овие проблеми, носи 10 милиони фунти

Post Views: 4 Доколку успеете да решите еден од овие шест проблеми за човештвото, без оглед на тоа дали сте научник или аматер, можете да освоите награда од 10 милиони фунти. Оваа награда, longitude act, одбележува 300 години од своето постоење, кога во 1714 година Велика Британија ги предизвикала пронаоѓачите да решат еден од најголемите предизвици за тоа време – како да се одреди позицијата на брод во морето со помош на географската должина. Овој предизвик го решил часовничар од Јоркшир, Џон Харисон, кој дизајнирал хронометар, првиот морски часовник кој овозможувал прецизна навигација. Во...

Continue reading

kadmo

Хуманитарен концерт на плажата Кадмо

Post Views: 7 Вечерва, хуманитарен концерт за собирање средства за Искра Донева која боледува од церебрална парализа и треба да и се направи операција во Русија. Концертот ќе се одржи на плажата Кадмо со почеток во 23 часот. На него ќе настапат Влатко Лозаноски, Ѓоко Танески, Александар Белов, Ивица Велковски, Денис Мурат и други. Овој хуманитарен настан е поддржан од Црвениот крст од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

humanitaren koncert

Време е за хуманост!

Post Views: 4 Хуманитарен концерт во организација на Здружението на македонско – турско – српска соработка со цел  да му се помогне на малиот Илче  кој боледува од церебрална парализа. Случувањето е во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 19 часот, каде на хуманитарниот концерт ќе настапат познати имиња од македонската естрада. Златко Ратајкоски, потпретседател на ова здружение се надева на хуманоста кај луѓето и не ја губи надежта за малиот Илче. Во Детско одделение при општа болница Охрид за малиот Илче немало место обвинува Ратајкоски и додава дека морале да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top