Ознака: Охридско

strategija ruralen

Локалната со микро проекти ќе ги развива руралните подрачја во охридско

Post Views: 24 Поддршка за микро проекти за развој на руралните подрачја во охридско. Денес во туристичкото место Елшани промовирана подстратегијата за рурален развој на општина Охрид. Според секретарот на општината, Димитар Спасески, станува збор за документ од исклучително значење за сите граѓани на Охрид и охридско. Тој потенцираше дека со самата промоција на стратегијата воедно започнува и нејзината реализација, а најави и скоро објавување на јавниот повик за доставување на проектите за развој на руралните средини. „Проектите кои што ќе ги одобруваме за оваа година, е предвидено...

Continue reading

Сметка за колектор треба да плаќаат сите граѓани на државава затоа што Охридско Езеро е на сите и е светско богатство

Post Views: 3 Според Планот за уравување со Охридското езеро до 2025 година предвидена е комплетна реконструкција на колекторскиот систем долж брегот на Охридското Езеро.Проектот почнува со доизградбата на колекторот од Елен Камен до Радожда во струшко.  За санирање на колекторскиот систем од охридска страна , ќе се градат четири пречистителни станици,  со средства кои треба да ги обезбеди општината.Една ќе се гради кај Трпејца, потоа Љубаништа, но  и кај Косел и Лакочереј, села  од каде што индиректно се загадува езерото . Во тек е изработка на проект за секундарна канализација во ...

Continue reading

рибар

Започна издавањето дозволи за рекреативен риболов

Post Views: 5 Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб „Свети Апостол Петар“ од Охрид започна со издавање на дозволи за рекреативен риболов за риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. За рекреативната зона „Слатинско Езеро“ дозволи за рекреативен риболов ќе почнат да се издаваат ако се создадат услови за рекреативен риболов. Здружението издава и Државни дозволи кои важат за сите риболовни води во Република Македонија  и дневни дозволи за акумулацијата „Козјак“. За риболов без дозвола,  казните се...

Continue reading

Опаѓаат хроничните незаразните заболувања регистрирани кај матичните лекари во охридско и регионов

Post Views: 0 Во регионов се забележува опаѓање на хронично незаразните заболувања регистрирани кај матичните лекари. Во помал број лекарска помош во амбулантите побарале граѓаните во Охрид, Струга, Дебар, Вевчани, Дебрца и Центар Жупа. Од друга страна, пак, се бележи стапка на зголемување на хоспитализирани охриѓани и дебрчани од кардиоваскуларни, малигни и ендокрини болести. Ова се дел од статистичките податоци на одделението за социјална медицина од  Центарот за јавно здравје, за минатата година споредени со 2019, информира д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина...

Continue reading

лого

Продолжува реализацијата на проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“

Post Views: 3 Здружението „Јадрански Слив“ и предавачите продолжуваат со спроведување на Проектот „Млади амбасадори на живиот свет од Охридско Езеро“ кој опфаќа едукација на учениците  за рибниот фонд во Охридското Езеро но и едукација за еколошката свест  и заштита. Предавањата продолжуваат во ОУ Братство во Охрид  во среда 26.02.2014 год.  во 12:30 часот. Целта е подигање на свеста на  најмладата популација како идна одбрана од сите можни еколошки предизвици во иднина. {loadposition content9}

Continue reading

ezero

Јапонците ќе му помагаат на Охридското езеро

Post Views: 1 Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна.Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на поширока Донаторска конференција...

Continue reading

охридско лето

,, Од чинарот до ѕвездите,,

Post Views: 7 Ќе се снима првиот документарец за фестивалот „Охридско лето“. Љубителите на уметноста конечно ќе имаат прилика на филмско платно да го погледнат патот на успехот на најпрестижниот фестивал кој започнал во далечната 1961 година кога првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ заедно со својот сопруг и неколку пријатели разгледувајќи ја црквата Света Софија и согледувајќи ја нејзината акустичност запеала во овој единствен простор. Документарецот ќе биде промовиран за 55 роденден на фестивалот. Во тек се подготовките за реализација на овој проект а се обезбедуваат...

Continue reading

pogradec

Од визија до акција

Post Views: 4 Од визија до акција. Од соседна Албанија Поградец започна иницијативата за воспоставување на пограничен биосферн резерват во охридско-преспанскиот регион. На албанскиот дел од охридското крајбрежје пограничните градови се соочуваат со два посериозни проблеми, изградбата на патот на брегот на езерото и ископувањата од рудниците кои имаат негативни влијанија на езерскиот брег. Заменик министерот за животна средина од Албанија Дијана Бејко, рече дека проблемите навистина се присутни и ресорното министерство утврдило дека има непочитување на Законот за заштита на еко системот...

Continue reading

biblioteka

Библиотеката и Охридско лето ќе ги трампаат просториите

Post Views: 3 Националната установа градската библиотека „ Григор Прличев“ конечно ќе се прошири во нови простории. Со одлука на владатата, деновиве библитеката ги доби просториите во кои сега е сместен  Фестивалот Охридско лето. Со новите 310 метри квадратни и постечките 320 метри квадратни или вкупна површина од 630 м квадратни ќе се задоволат стандардите кои треба да ги има една современа библиотека, информира директорката на оваа институција Александра Белеска. Со ваквото решение библиотеката ќе добие една просторна целина во кој ќе биде сместен библиотечниот фонд од 160.000 единици...

Continue reading

kino

„ Кино Охридско езеро“ и „ Охридски брилјанти“ документарци од минатото на градот

Post Views: 14 Првата кино сала „Охридско езеро“ и музичкиот состав „ Брилјанти “ се творечка инспирација за  Љупчо Паункоски и Ѓоко Симјановски да направат два документарни филмови. Авторите со документарците ќе сочуваат од заборав два периоди од минатото на Охрид.  Обајцата имале намера да ги потсетат повозрасните охриѓани на едно убаво време од нивната младост, а на помладите да им покажат како нивните родители,  баби и дедовци го поминувале слободното време. „ Се работи за две различни тематики,  но ги спојува тоа што го обработуваат културно- забавниот живот во едно минато време....

Continue reading

Стартува проектот наречен „Охридско езеро-премостување на две земји кон една дестинација“

Post Views: 8 Станува збор за проект кој е дел од Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020 година, а во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) “. Овој проект има за цел да ги поврзе граѓаните на двете земји преку Охридското Езеро со обезбедување на соодветна инфраструктура кон врската Струга, Охрид и Подградец каде што граѓаните од двете земји и туристите, преку редовни транспортни линии на двете точки на границата ќе можат да посетат некои туристички дестинации кои се основа на културното наследство...

Continue reading

dom na kultura

Охриѓани ќе патуваат во минатото преку три документарци за Охрид

Post Views: 2 Три кратки документарци ќе ги потсетат охриѓани на едно минато време. Центарот за култура „Григор Прличев“ во соработка со Кинотека на Македонија,  направиле избор на три документарни филмови кои што се поврзани со Охрид. Се работи за насловите „Охридско езеро“ од 1958 година, „Дванаесетте од Папрадник“ од 1965 година и Охридските трубадури произведен во 2005та година. „Охридско езеро“ и „Охридските трубадури“ се однесуваат директно на Охрид и ги опишуваат убавините на Охрид, но и луѓето кои што во тој период направиле нешто за Охрид, еве пример за охридските трубадури,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top