Ознака: отсто

Од корона не умираат само вакцинирани лица, 75 отсто од починатите се невакцинирани

Post Views: 3 Со овој манипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања. Фејсбук објавата којашто е предмет...

Continue reading

Вакцините функционираат, никој не тврди дека се 100 отсто ефикасни

Post Views: 3 И невакцинираните и вакцинираните можат да заболат и да го пренесат вирусот, со тоа што разликата во исходот од болеста може да биде многу поразлична за овие две групи. Сепак, најголемиот ризик за трансмисија е меѓу невакцинираните, за кои е поверојатно да заболат и да го пренесат вирусот. Ниту една одобрена вакцина против ковид-19 не е 100 отсто ефикасна и тоа досега никој не го тврдел. Делта сојот ја промени, односно ја намали ефикасноста на вакцините, но тие сè уште во најголем број на случаи спречуваат тешка клиничка слика, хоспитализација и смртен исход. Фејсбук објава шири...

Continue reading

Убиствата во САД се зголемија за речиси 30 отсто во 2020-та година

Post Views: 5 Убиствата во САД се зголемија за речиси 30 проценти минатата година во споредба со 2019-та година, дел од севкупниот пораст на насилниот криминал во земјата, објави Федералното биро за истраги-ФБИ. Во својот годишен извештај за статистика на криминалот, ФБИ соопшти дека минатата година во САД биле извршени скоро 1,3 милиони насилни злосторства, што е за 5,6 проценти повисока во однос на 2019-та година и првпат оваа бројка се зголеми во последните четири години. Пријавени се речиси 18 илјади убиства, соопшти ФБИ.Оттаму велат дека се извршени повеќе од 6,4 милиони кривични...

Continue reading

Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози

Post Views: 6    Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е даден линк до статија на „Ројтерс“. Авторот на постот вели:Ројтерс тврди дека 60 проценти од хоспитализираните биле пелцовани со две дози. Нели штитеше од хоспитализација и тешки форми на болеста?Текстот на „Ројтерс“, се однесува на состојбата во Велика Британија и во него, наспроти изнесеното во постот, се тврди дека 60 проценти од лицата во Британија кои се хоспитализирани се невакцинирани. Ваквата исправка на своето тврдење ја дал советникот за наука на Велика Британија, Патрик Валанс, откако претходно учествувал на прес-конференција...

Continue reading

За 14,6 отсто намален бројот на болни од ковид-19, но само за една недела имало 5.518 нови случаи

Post Views: 1 Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 7 до 13 декември годинава покажува дека се тестирани вкупно 15.857 материјали во лабораториите за молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е помалку за 9,2 отсто, во однос на една недела претходно. Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови, што е намалување од 14,6 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000, соопшти ИЈЗ. Во овој период процентот на позитивни...

Continue reading

London tube

Штрајк на вработените во лондонското метро

Post Views: 2 Работниците во лондонското метро стапија во 48 часовен штрајк поради планот за укинување на  билетарниците. Планот за укинување на билетарницата е дел од напорите да се модернизира лондонското метро. Според синдикатот со тоа  ќе бидат укинати 750 работни места. Од лондонското сообраќајно претпријатие наведуваат дека со затворање на билетарниците ќе се заштедат околу 50 милиони фунти (60 милиони евра) бидејќи помалку од три отсто од луѓето ја користата билетарницата. Само за информација, лондоснкото метро дневно превезува 3,5 милиони луќе со своите 11 линии и 270 станици....

Continue reading

taksist

Штрајкуваат таксистите во Париз

Post Views: 0 Во знак на протест поради нелојалната конкуренција и зголемувањето на данокот на додадена вредност денеска околу 5.000 такси возачи во Париз, го запреа сообрќајот. Протестот започна од двата париски аеродроми „Орли“ и „Роаси“, од каде таксистите со своите возила тргнаа кон францускиот главен град во операција на забавување на сообраќајот наречена „Полжав“. Таксистите протестираат на повик на петте нивни синдикати против „нелојалната“ конкуренција на автомобилите за изнајмување со возач, како и против зголемувањето на ДДВ од седум на 10 отсто, како и со барање за преговори...

Continue reading

Zgrada na Evropska komisija

Продадена зградата на Европската комисија

Post Views: 3 Белгија за 640 милиони евра ја продала зградата „Берлајмон“, во која е сместено седиштето на Европската комисија и на компаниите „БНП Парибас Фортис Банк“ и „АГ осигурување“. Големата деловна зграда „Берлајмон“ доминирала во областа Шуман во Брисел, каде се наоѓаат бројни институции на Европската унија. Економскиот весник “Ехо“ пишува дека зградата е изградена во 60-тите години од минатиот век како симбол на европската моќ и дека Белгија и’ го издала објектот на Европската комисија во 2004-та година за 553 милиони евра на користење во следните 27 години.Весникот наведува...

Continue reading

статистика

Хрватите рекоа „НЕ“ на истополовите бракови

Post Views: 2 Денеска во 9:00 часот беа објавени резултатите од референдумот за уставно дефинирање на бракот во Хрватска. Откако се обработени сите избирачки места, резултатите се следниве: 946.433 или 65,87 отсто од гласачите заокружиле „За“, а 481.534 гласачи или 33,51отсто „Против“. За резултатите во Хрватска синоќа известуваа и највлијателните светски медиуми, со забелешка – „референдумското прашање беше насочено против хомосексуалното малцинство“. „Хрватите на референдумот ја поддржаа забраната за истополови бракови. Речиси 90 отсто од хрватската популација која брои 4,4 милиони...

Continue reading

Barak Obama

Обама ја губи довербата на својот народ

Post Views: 0 Околу 51 отсто од Американците ја откажуваат поддршката за политиките што ги спроведува претседателот Барак Обама, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение спроведено од телевизиската мрежа NBC News и организацијата Wall Street Journal Survey. Наспроти тоа, во истата анкета политиката на претседателот Обама ја одобруваат 42 отсто од испитаниците, што претставува едно од најниските нивоа на поддршка во неговите два претседателски мандата. Во претходната анкета, спроведена на почетокот од октомври, незадоволни од политиките на челникот на САД беа 48 отсто...

Continue reading

крава

Големото богатство, носи и големи долгови

Post Views: 10 Во Швајцарија просечниот износ на нето финансиската актива по жител, на крајот на минатата година изнесувал 141.890 евра, со што тие се најбогатите, пред САД и Јапонија, покажува истражување кое опфатило 50 земји во светот. Во студијата која се занимава со имот и задолженост по жители, а која ја спрoвела осигурителната куќа „Алијанс“ се наведува дека во Европа второто место го зазела Белгија, со просечен вреден имот од 73.520 евра по жител. Порастот на бруто вредноста на имот на Швајцарците, минатата година, изнесувал 6,2 отсто, додека нивниот нето имот забележал пораст...

Continue reading

izbori albanija

Поизвесна победата на левицата во Албанија

Post Views: 3 Коалицијата за Европска Албанија која ја преводи Социјалистичката партија на Еди Рама, од вкупно 70 отсто од пребројаните гласачки места во 12 изборни региони во земјата, има освоено засега 83 мандати додека Коалицијата за вработување, благосостојба и интеграции предводена од Демократската партија на Сали Бериша има 52 мандати. Засега мандати во албански парламент, кој има 140 места, освоија и две партии кои се надвор од коалициите, партијата Нов демократски дух на екс претседателот Бамир Топи, и Партијата „Црно Црвена Алијанса“ на Крешни Спахиу. Левицата од вкупно 12...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top