Ознака: одмор

Струга преполна со гости кои ги користат ваучерите за одмор

Post Views: 0 И Струга во ек на сезона  полна со туристи.  До вчера  преплавени  беа струшките  плажи, почнувајки од Машка плажа, преку Калишта  до Радожда. Изминативе денови беа преполни и хотелските капацитети. Хотелиерите велат најбројни се домашните гости, кои  ги користат ваучерите  за домашен туризам, но силно  недостигаат странските туристи. „За границите што се бараат тестови  негативни можеби има поголемо влијание немме доволно гости од странство 90 % се домашни туристи. 0002 Во штицот на сезоната   со владината мерка со ваучерите  резервациите се прават нон стоп од 15 јули“,...

Continue reading

Младите вакцинирани Грци ќе добијат ваучер од 150 евра за патувања, одмор или забава

Post Views: 1 Ваучерот се однесува на околу 940.000 млади, кои ќе можат да го искористат за патувања во Грција, односно да купат билети за авион, брод или воз, да си ги покријат трошоците за сместување или, пак, да посетат културни настани, да следат кино проекции, театарски претстави, концерти итн. Мерката ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој рече дека „дојде време државата да ги награди напорите на конкретната категорија граѓани“ и истакна дека конкретната електронска припејд карта ќе биде и мотив за вакцинација. Со примање на првата доза од вакцината, младите од...

Continue reading

Со указ си ја зголемиле платата

Post Views: 5 Претседателот на Русија со указ си ја зголемил платата себеси и на премиерот Медведев за 2,65 пати, објавено е денес на интернет страницата на Кремљ. По пресметките на Vedomosti, Медведев месечно добива нешто повеќе од 215.000 рубљи (околу 6000 долари), а Путин околу 280.000 рубљи (околу 8000 долари). Спрема податоците за плати на високите функционери во Русија, објавени во петок, Путин минатата година добил повеќе од 3 милиони и 672 илјади рубљи, што е околу еден милион помалку од 2012 година. Портпаролот на Кремљ тоа го објаснува со тоа што претседателот не добивал...

Continue reading

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид пред клучна одлука

Post Views: 3 Спрема информациите на мадридските медиуми пред дербито со Атлетико, Кристијано Роналдо, сигурно ќе настапи против градскиот ривал. Португалецот наводно го одработил тренингот со полн интензитет и спремен го очекува натпреварот со Атлетико. Имено. Ситуацијата со здравјето на Роналдо е многу енигматична, некои аналитичари во Шпанија се сомневаат дека е спремен за најголеми физички напори. Тој веќе подолго време има проблем со воспаление на тетивата на коленото од левата нога (пателарен тендинитис), поради што не настапи за репрезентацијата на Португалија во квалификацискиот...

Continue reading

Зеленски: Нема одмор во руското гранатирање градови

Post Views: 0 Додека Сергеј Лавров зборува во Москва, претседателот на Украина Володимир Зеленски објави ново видео. Тој тврди дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но вели дека нема прекин во руското гранатирање градови од полноќ. Немаме што да загубиме освен сопствената слобода – вели Зеленски додавајќи дека Украина секојдневно добива помош во оружје од нејзините сојузници. Изјавата на Зеленски доаѓа во мигови кога се покренува истрага за можни сторени воени злосторства на руската страна поради бомбардирање цивилни цели и невооружено население. Зеленски го повика...

Continue reading

МТСП отпочна постапка за бесплатна услуга за одмор и рекреација за децата од ранливите категории

Post Views: 2 Министерството за труд и социјална политика информира дека отпочна со постапка за прибирање на барања на лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца во текот на зимскиот распуст за учебната 2016/2017 година. Со овој проект предвидено е да се опфатат 1000 деца родени во периодот од 2002 до 2007 година или деца редовни ученици кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто,...

Continue reading

Министерство за здравство: Ти си на одмор, но вирусот не е!

Post Views: 0 „Редовно миј ги и дезинфицирај ги рацете, одржувај физичка дистанца и носи заштитна маска.“ „Носи заштитна маска или марама кога не можеш да одржиш физичка дистанца. Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19. Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Избегнувај собирање во големи групи.“ „Само преку почитување на мерките може да го запреме ширењето на ковид-19. Да бидеме совесни и да се грижиме и за здравјето...

Continue reading

Eurostat: За над 60 посто Mакедонци луксуз е седумдневен одмор во некое летувалиште

Post Views: 8 Понатака има пад на домашните гости во земјава, покажуваат последните обработени податоци до месец мај, од областа на туризмот на Државниот завод за статистика. Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тоа го потврдува.Додава дека тоа е состојба која трае во континуитет неколку години и се должи на неколку фактори. „ Според мене и агенцијата тоа се должи на неконкурентноста на регионот со услугите и цените. Дополнително би кажал има недостаток и од нови атракции на домашниот пазар. Инфраструктурата е друг сегмент кога е во прашање домашниот...

Continue reading

pari

Регресот за годишен одмор, повторно предмет на преговори

Post Views: 0 Работодавачите и синдикатите разговараат за регресот за годишен одмор, токму една година од неговото применување. Работодавачите предлагаат износот на К-15 и начинот на неговото исплаќање да не се договара на државно ниво, туку тоа да го прават гранковите синдикати и работодавачите или компаниите и синдикатот на ниво на компанија. Предлогот на организацијата на работодавачи е исплатата на К-15 да биде доброволна, а прифатлив е и договорот на ниво на компанија. Синдикатите пак велат дека ќе го бранат регресот за одмор и не го прифаќаат неговото укинување. Според ССМ,...

Continue reading

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Post Views: 0 Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга. Одморот се реализира со поддшка од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“. Одморот којшто е во траење од една недела и опфаќа шест полни пансиони го користат деца од петто до деветто одделение. Наменет е за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска...

Continue reading

Стартува мерката организиран одмор на работници со ниски приходи

Post Views: 1 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција го најави стартот на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000 денари, која е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2019 година, објавена во „Службен весник“ од 23 јануари годинава. „Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата на Република...

Continue reading

dime spasov

Дечињата од социјално ранливите категории заминаа на летување

Post Views: 1 На бесплатен одмор во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга, денеска заминаа 100 дечиња од социјално ранливи категории. Првата група на деца кои ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација ја испрати министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека преку овој проект сака да им помогне и на родителите и на дечињата од социјално ранливите категории. Првата група на дечиња заминува на летување денеска, а на секои 7 дена  ќе заминува нова со од 100 до 200 дечиња.За овој проект Министерството за труд и социјална политика издвојува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top