Ознака: ограда

СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ВОСКА ДОБИ НОВА ОГРАДА

Post Views: 7 Со средства на Општина Охрид во вредност од 760.000 денари се оградува спортското игралиште во населба Воска. Проектот којшто го реализираат екипи на ЈП „Градски Гробишта“ е во завршна фаза и подразбира подигнување на потпорен ѕид и поставување метална ограда околу игралиштето. Целта на проектот е заштита и разубавување на јавните добра во градов.

Continue reading

ПОСТАВЕНА НОВА ОГРАДА НА ДВОРОТ ВО СОСУ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Post Views: 6 Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа работни активности за поставување на нова ограда во дворот од СОСУ „Свети Кирил и Методиј“. На местото на отстранетата ограда од зеленило, изведен е бетонски ѕид на кој е поставена соодветна метална ограда. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 450.000 денари. Во текот на наредниот период во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ планирано е да биде извршена промена на дограмата во целиот училишен објект.

Continue reading

НОВА ОГРАДА ВО ДВОРОТ НА ОМУ „МЕТОДИ ПАТЧЕ“

Post Views: 0 Екипи на ЈП Градски Пазар по налог на локалната самоуправа деновиве работат на реконструкција на постоечката и дооградување со нова ограда во дворот на ОМУ ,, Методиј Патчев“. Проектот се реализира непосредно пред почетокот на школската година, а неговата вредност е 376.326,00 средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Continue reading

Beer fest

Крвав „Бир Фест“ во Белград

Post Views: 0 Непознат човек со нож ранил десет лица на белградскиот фестивал Бир фест. Во други инциденти на собирот повредени се уште најмалку осум лица. Повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи, српските медиуми јавуваат дека три лица се потешко повредени а седум завршиле со полесни повреди. Причините за нападот се уште не се познати. Од итна помош известиле дека на фестивалот се повредени најмалку 18 лица, бидејќи освен повредените со нож, имало и луѓе кои се здобиле со повреди при пад на заштитната ограда и во тепачка што избила околу 5 часот наутро....

Continue reading

Македонија поставува двојна ограда на границата со Грција

Post Views: 8 Новата ограда треба да биде долга 37 километри. Подготовките за поставување уште една жичена ограда во близина на веќе постоечката почнаа во саботата, а работите стартуваа во текот на вчерашниот ден. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера биле регистрирани повеќе од 2800 бегалци и мигранти кои се на пат за север, во насока на Австрија и Германија. Во моментов се поставуваат столбовите и оградениот простор изнесува до 5 метри, за да помина патролно возило, а според одлуката на надлежните институции ќе се знае колку оградата ќе биде висока. Овие...

Continue reading

bankina

Ограден паркингот на „Пупе Компани“

Post Views: 12 Затворен паркингот на „Пупе Компани“. Дел од автобусите и комбињата останаа внатре. Сопственикот на превозната компанија Јован Мирчески револтиран поради поставувањето на еластичната ограда од страна на ЈП „Македонија Пат“. Мирчески рече дека неможе без никакво известување ниту усмено, ниту писмено од страна на надлежните на ЈП „Македонија пат“, да се оградува паркингот без притоа да се води сметка од каде ќе излезат возилата кои се на паркирани. Тој за надминување на проблемот даде рок до 5 ти јуни. „Јас лично мислам дека ова е политички атак. Неможе никој да ми каже...

Continue reading

Да се врати заштитната ограда на тротоарите kaj ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 22 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата. Дополнителен проблем преставува и отстранувањето на заштитната ограда на тротоарите која беше тргната при градежните зафати на улицата „Питу Гули“. Родителите бараат...

Continue reading

dame gruev

Запуштена ограда опасна за сообраќајот на влезот во населбата Христо Узунов

Post Views: 1 Влезот во населбата Христо Узунов нема прегледност и сообраќајот станува ризичен. Причина е запуштена ограда која ја попречува прегледноста на улицата Даме Груев и нејзиниот крак кој води во населбата. Во многу случаи во последен момент се избегнуваат сообраќајни несреќи, се жалат жителите кои имале непријатности и стресни ситуации на овој  пресек. Ванчо Бочвароски, претседател на урбаната заедница  Даме Груев за ТВМ потврди дека овој потег за жителите од УЗ  е сериозен сообраќаен проблем. Бочвароски напоменува дека уште во септември минатата година од фондот за комунални...

Continue reading

Константин Георгиески свечено ќе му го предаде фрагментот од ограда на српското собрание на Ивица Дачиќ

Post Views: 3 Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година. Како што е наведено на веб-страницата на Собранието на Србија, примопредавањето ќе се изврши на платото пред Домот на Националното собрание денеска, во 07:30 часот, а оградата свечено ќе му ја предаде на Дачиќ, градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиевски, пренесува порталот Локално.мк. Споменатиот дел од оградата бил пред Собранието во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид, каде ја украсувал вилата...

Continue reading

sv SOfija

Камена ограда ќе се подига околу Св. Софија

Post Views: 4 Започнуваат подготовките за реконструкција на некогашната ограда околу црквата Св. Софија. Каменорезците веќе на големо работат на делкање камени блокови од кои ќе се гради ѕидот. Камената ограда  ќе биде во должина од 130 метри,  висока 50 цм, а ќе биде надоградена со ковано железо. Каменот се носи од Горна Белица. Нема податоци кога е подигната првичната ограда, но била срушена некаде кон крајот на 70  години од минатиот век. Проектот е на Завод и Музеј  и локалната самоуправа, а финасиите ги обезбедува  Македонската православна црква, ги појаснува проектните зафати...

Continue reading

Slavija

Просторот пред хотел Славија е повторно слободен

Post Views: 9 Одстранета оградата од узурпираниот простор пред хотел Славија. Портпролот на Локалната самоуправа Томе Џамтоски,  информира дека тоа се должи на преземeните мерки од страна на инспекторите од главниот општински инспекторат. Градежните инспектори при увидот утврдиле дека узурпираниот простор пред Славија на површина од околу 1000 метри квадратни е земјиште на Република Македонија. Џамтоски напоменува дека просторот бил заграден од страна  на компанијата Сахара груп.„ Во самата постапка прво пристапуваме кон известување. Бидејќи самата ограда не е цврста градба која подразбира ...

Continue reading

bager

Стружани со страв ја минуваат чаршијата

Post Views: 0 Граѓаните на Струга, минувачи по чаршијата, изложени на опасност. Веќе неколку дена интензивно се работи на рушење на објект лоциран во центарот на градот, без претходно истиот да биде соодветно заштитен, за да бидат граѓаните побезбедни.  Поради опасноста, стружани поминувајќи по чаршија треба да бидат крајно внимателни. „Вчера по чаршијата не се минуваше, прашина имаше премногу, луѓето кружеа по сокаци за да поминат. Во 21 век вака да се работи, ова никаде го нема“-вели Крсте Чакар. Од Секторот за Урбанизам при општина Струга, велат дека им е позната состојбата со...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top