Post Views: 7
Ќе се снима првиот документарец за фестивалот „Охридско лето“. Љубителите на уметноста конечно ќе имаат прилика на филмско платно да го погледнат патот на успехот на најпрестижниот фестивал кој започнал во далечната 1961 година кога првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ заедно со својот сопруг и неколку пријатели разгледувајќи ја црквата Света Софија и согледувајќи ја нејзината акустичност запеала во овој единствен простор. Документарецот ќе биде промовиран за 55 роденден на фестивалот. Во тек се подготовките за реализација на овој проект а се обезбедуваат...
Post Views: 5
Модерното автопатско решение Охрид – Кичево, со изградба ќе започне март годинава. Охридските советници Александар Николоски и Харалампие Шокароски успеаа потребата од реализација на овој капитален проект да ја наметнат како прв приоритет на Владата на Р. Македонија за 2014 година. Шест ленти, по три од секоја страна, тунел од 2 км, 14 помали мостови, 7 големи мостови 4 поголеми вијадукти се дел од содржините на ова автопатско решение, но како новина Николоски го обелодена начинот на изградбата на автопатот Охрид – Кичево.
„Во исто време ќе се стартува од три места што...
Post Views: 2
Децата од сите објекти на градинките „Јасна Ристеска“ ја прославија Василица. Во дворот на градинката во централниот објект беше запален оган, се печеа колбавчиња, се делеа подроци, а маскираните деца весело пееја василичарски песни. На овој начин нивните воспитувачи од мали нозе им ја пренесуваат традицијата на славење Василица или Православна Нова година по јулијанскиот календар. Во семејството некои традиционалани вредности како да се подазборавени од кои прични не знаеме , но сакаме верата и моралните христијански вредности да ги доближиме до децата, напоменува...
Post Views: 11
Година на голем број активности, реализација на национални и меѓународни проекти и постигнати значајни резултати за ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид. Една од активностите кои ја одбележаа работата на овој институт во 2013 та година е имплементацијата на регионалниот проект за заштита и одржливо искористување на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро, имплементација спорведена во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ). Проф.Д-р.Сузана...
Post Views: 0
Од денес бесплатно на лизгалиштето на градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов. Бесплатното лизгање е закажано за период од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите.
Денес бесплатно први ќе лизгаат учениците од ОУ “Братство и единство“, утре учениците од “Св. Климент Охридски“, а задутре од “Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари ќе лизгаат учениците од “Христо Узунов“, во вторник од “Ванчо Николески“, во среда од “Живко Чинго“, во четврток од “Св. Наум Охридски“ а во петок од “Григор Прличев“.
Ваквата акција на...
Post Views: 1
Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важно место во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди“, на што се одговара „Вистина се роди“. Во градов во повеќето цркви се пееја светите евангелија, а верниците му се молеа на Спасителот за мир, здравје, среќа и берикет....
Post Views: 3
И ова лето ќе имаме импровизаторски режим на сообраќај. Сообраќајната студија која се најавува години наназад, никако да се изготви. И оваа локална власт навреме не се зафати со овој сложен проект па не ќе може сообраќајот низ градов да се регулира врз основа на некои посериозни истражувања направени од стручи тимови.
Мора да се направи една сондажа колку возила има во градов во летниот а колку во зимскиот период. Тоа е една сложена постапка. Треба сериозно да му се пристапи овој проблем бидејќи минатите лета имаше сообраќаен хаос во градов. Студијата е неопходна, вели...
Post Views: 2
Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки. Потврда за тоа е и последниот случај на несреќата која само на еден ден пред доаѓањето на новата година се случи на планината Галичица и во која за жал животот го загуби 40годишен албански државјанин. Од екипата за интервенции на планина која функционира во рамките на охридскиот Црвен крст велат дека и овој пат изостанала добрата организација и синхронизација помеѓу институциите кои требаше да му помогнат на младото момче кое доживеа несреќен пад на врвот Магаро.
Во една нормална држава со хелихоптер би се извела една...
Post Views: 0
Чајнка со основците од училиштето „Христо Узунов“. Културниот центар „Култура 365“ организираше литературно читање со учениците од седмо и осмо одделение кои се преставија со свои дела во проза и поезија. Идеата за едно вакво дружење била заедничка бидејќи зимата е период кога повеќе се твори и чита, а се што e напишано добро е да се сподели со публиката и тоа пиејќи топол чај.
Целта на овој настан е да го развиеме и поттикнеме овој потенцијал кој несомнено постои кај младите во овој град и конкретно кај основците. Со оваа чајанка ќе придонесиме за да се почувствува...
Post Views: 2
Вистинска празнична донаторска еуфорија го зафати нашиот град. И денес продолжија хуманите активности, а тоа искрено го почувствуваа најмалите охриѓанчиња. Охридскиот бизнисмен, Љупчо Настоски, уште еднаш ја покажа својата хуманост.
Овој пат донираше во детското одделение при Општата болница во Охрид.
„Донираме за детското одделение, тоа што им е потребно. Не ми е прва донација, детсково одделение имаше потреба од пижами и од постелнини. Хуманоста е доблест за секој човек, а оваа идеја се роди баш на христијанскиот празник Свети Никола каде бев со дел од вработените...
Post Views: 0
Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето. Синоќа тоа беше свечено отворено со неколкучасовен музичко сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски. Градоначалникот Никола Бакрачески се обрати пред бројната публика искажувајќи задоволство од реализацијата на овој проект. Тој најави интересни содржини и за наредните денови до дочекот на Новата година и вети дека организацијата на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници секоја наредна година ќе биде се подобра.
Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат...
Post Views: 4
Основното училиште „Кочо Рацин“ го прослави својот патронат. Денес во училиштето имаа отворен ден и се одбележаа бројни активности на учениците поврзани со нивниот патронен празник 22 декември, кога го празнуваат денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин. Посетителите имаа можност од блиску да се запознаат со креативноста на учениците под менторство на нивните наставници. Покажаа со различни презентации по сите предмети дека вредно учат и работат. Меѓу секциите како што се по историја, физика, хемија и биологија се претставија и јазичарите од...